Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.04.2024 во 18.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 23.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 19.10 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.Т.(23) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 09.39 часот во СВР Битола било пријавено дека при ископ на јаловина во кругот на РЕК Битола, Рудник „Суводол - Јагленов Систем“, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Увид извршила екипа од СВР Битола, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.
На 19.04.2024 во 19.40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле Г.Ф.(21) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Таа била предадена полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол...
На 19.04.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 19.04.2024 во Полициската станица Кисела Вода, Д.Ј.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.04.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Ј.М.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.04.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.П.(23) од Скопје пријавил дека во нас.Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 19.04.2024 во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од Кавадарди во безсознание бил пронајден Б.О.(40) од Кавадарци, кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.04.2024 во 20.50 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Х.И.(22) и Е.С.(25), двајцата од Куманово. При преглед во возило кое го управувал Х.И., а сопатник бил Е.С., била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04 2024 во 13.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(21) од с.Големо Коњари и А.С.(22) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 21.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ј.И.(51) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. Против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 19.04.2024 во 18.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки граничен надзор Белановце при Регионалнито центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.И.(50) од с.Слупчане, општина Липково. Тој бил затекнат при обид илегално да ја премине државната граница од Косово во Република Северна Македонија, а при преглед во возилото „фолксваген шаран“ со кумановски регистерски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени предмети за кои не поседувал никаква документација. Против лицето е поднесен прекршочен платен налог по Законот за гранична контрола, а по насока од јавен обвинител лицето и предметите биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка.
На 19.04.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово, 48 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 800 евра. Според пријавеното, на 22.02.2024 тие се договориле лицето да му изврши транспорт на возило од странска земја, по што тој преку брз трансфер на пари му ги уплатил парите. Како што е пријавено, лицето не го донело возилото до 10.03.2024 како што било договорено, а до пријавувањето имале комуникација по телефон, при што лицето му упатувало закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле С.К.(29) од Република Србија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 19.30 часот во СВР Куманово, Ф.С.(45) од Куманово пријавил дека околу 13.45 часот пред средно училиште во Куманово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и уште три лица, кои употребиле и остар предмет и му нанеле повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 13.58 часот во СВР Скопје, С.Ј.(36) од Скопје пријавила дека во основното училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од вработената И.Н.. СЕ преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 12.11 часот во СВР Скопје, 27-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 18.04.2024 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот вујко Д.Ј. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека на 15.04.2024 на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг С.С.(41) од Скопје, со кого е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.04.2024 во 16.34 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.15 часот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет Н.З. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 20.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Г.(53) и П.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.В.В.(36) од Скопје пријавила дека во периодот од 17.30 до 19.00 часот во двор на основно училиште во с.Јурумлери, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 21.52 часот во Полициската канцеларија Старо Нагоричане, М.М.(51) од с.Добрача, општина Старо Нагоричане, пријавил дека на 18.04.2024 во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, бил физички нападнат од Б.Д. од Скопје, со престој во истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, У.И.(38) од Скопје пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје на предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки бил оставен неиспукан куршум од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.Д. од Скопје пријавил дека околу 11.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје три лица физички го нападнале неговиот син Д.Д.(19) и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (20.04.2024) во СВР Скопје, А.Ј.(49) и Г.М.(50), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 22.55 часот во Градски парк во Скопје, неколку лица со закана од нивните малолетни синови одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 11.30 часот во СВР Штип, К.М.(60) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во Штип бил физички нападнат од три лица, кои му одзеле пари и лични предмети, а кои како такси возач ги возел од Струмица до Штип. Според пријавеното, лицата употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2024 во 16.45 часот, Ј.М.(39) од Струга во полициска станица пријавил дека на регионалниот пат Струга - Дебар бил каснат од куче скитник.
На 19.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Неготино, од Итна медицинска помош Неготино било пријавено дека кај нив за укажување помош дошол М.Д.(26) од село Пепелиште, неготинско, кој во селото бил каснат од куче.
На 19.04.2024 во Полициската станица Кисела Вода, Н.П.Р.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.04 2024 во 09.25 часот во Полициската станица Прилеп, П.П.(77) од Прилеп пријавил дека на ул.„Илија Дреноски“ во Прилеп бил каснат од куче скитник.