На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
На 16.04.2024 во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село. Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.04.2024 во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено - поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари. Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (17.04.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(36) и 20 – годишната А.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (17.04.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.04.2024 во 15.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Г.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово, Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење...
Во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.
На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, А.Л.(61) од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с.Другово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.
На 16.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(30) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково, скопско, бил каснат од куче скитник.
На 16.04.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 16.04.2024 во 20.50 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Б.Т.(29) и М.П.Б.(29), двајцата од Струга. При извршен преглед во патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, во кој се наоѓале двајцата, кај М.П.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (17.04.2024) во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот. Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата" по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ предизвикал сообраќајна незгода.
На 16.04.2024 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 31 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-22). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот кај товарните возила. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 54 мерки. При контролата откриени се и 21 други видови прекршоци.
На 16.04.2024 во 12.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил опожарен дел од фасадата на угостителски објект, сопственост на Т.Ц.(21) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.
На 16.04.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Абас Емин“ во Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Тетироријалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 16.04.2024 околу 22.45 часот на подрачјето на центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле А.А.(27) од Република Турција затоа што го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал кон случајните минувачи, а по приведувањето продолжил со агресивното однесување и во Полициската станица Центар. Лицето било спроведено во здравствена установа и се работи на расчистување на случајот.
На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(32) од Скопје пријавил дека на 15.04.2024 околу 15.00 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка била нападната од нејзина соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2024 во 01.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Л.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неколку лица физички го нападнале и му одзеле пари и накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит. Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.04.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Велес, П.А.(65) од село Кумарино, велешко, пријавил дека во селото бил каснат од куче ситник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 07.04.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувале затворски казни, пријавените физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н. (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, кокаин, таблети метамфетамин, хероин и таблета МДМА.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 27.11.2023 на регионалниот пат за с.Дамјан, радовишко, полициски службеници извршиле преглед на запрено патничко возило, со кое управувало друго лице, а меѓу сопатниците бил и пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли и 61 куршум.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист.