На 13.04.2024 во 23.15 часот на патот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Л.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(22) од Крива Паланка, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во 23.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј.(60) од Скопје, поради тоа што при претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, пиштол „браунинг“ со рамка и 61 куршум. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 20.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 21.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.В.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот на место викано „Рушени воденици“ полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север, го лишиле од слобода Г.Л.(42) од Р.Косово. При извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 1592 штеки со цигари и други производи за кои немал никакви документи. За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Тетово, а по негово документирање против Г.Л. ќе биде поднесена пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, oсум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 19 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли...
На 13.04.2024 во 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес, на место викано „Стар мост“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „апен“, без регистарски таблички, управуван од Ќ.С.(64) од Велес и патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(19) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болница во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.
На 13.04.2024 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“,во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 13.04.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, В.Т.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 13.04.2024 во 18.30 часот во Полициска станица Велес, Н.М.(46) од Велес пријавила дека на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес била касната од куче.
На 13.04.2024 во 15.00 часот во Полициска станица Аеродром, Р.Н.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„12. Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирања во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(19), А.М.(19), Б.М.(18) од една страна и А.П.(33) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (14.04.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 13.04.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг А.Т., кој се заканувал и со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 13.04.2024 во 18.14 часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево била донесена повредена Љ.Т.(34) од Делчево. Според пријавеното, таа со повредите се здобила при извршување на работни задачи во продажен објект. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Делчево, а известен бил и трудов инспектор.
На 13.04.2024 во 19.35 час во СВР Скопје, В.М.(71) од Скопје пријавил дека на подрачјето на скопската населба Кучевишка Бара, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од М.М.(21) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.04.2024 околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2024 во 12.50 часот полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го пронашле Н.С.(86) од Скопје, кој претходно бил пријавен од негов пријател дека не стигнал на договорена средба во Велес. По преземени мерки и активности, по насоки на јавен обвинител, тој бил пронајден во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром, а поради нарушена здравствена состојба бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Денеска (14.04.2024) во 00.05 часот во СВР Штип, Ф.Г.(18) од Штип пријавил дека на 13.04.2024 околу 23.30 часот во близина на хотел во Штип бил физички нападнат од И.Г. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Миладиновци, скопско, С.М.(48) бил физички нападнат од неговите соседи Ф.М., И.М., А.М., Ф.А. и Н.М., при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Р.(66). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека во с.Владимирово, беровско, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(55) од с.Подареш, радовишко, со престој во с.Владимирово, и З.М.(54) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (14.04.2024) во 04.40 часот полициски службеници од СВР Скопје – Одделение потраги го лишиле од слобода А.Б.(48) од Шуто Оризари, Скопје, поради сомнение за напад и попречување на полициски службеници при вршење на службени дејства. Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, каде пред главниот влез набрзо се собрале повеќе лица. Од страна на полициски службеници било излезено на местото и лицата се разотишле.
Денеска (14.04.2024) во 09.31 часот во СВР Штип било пријавено дека на 10.04.2024 во с.Облешево, О.Р. од истото село физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.