На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Двете лица се приведени и против нив ќе следува соодветна пријава.
На 12.04.2024 во 15.45 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.(30) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во СВР Битола Г.Ш. од Демир Хисар пријавил дека покрај локалниот пат Демир Хисар - с. Вардино, на место викано Липинци, атар на Демир Хисар, забележал неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.
На 12.04.2024 вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со ул.„Киро Крстевски“ и со ул.„Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициска станица Шуто Оризари, Б.А.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 12.04.2024 во 07.40 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 12.04.2024 во 13.00 часот во Полициска станица Аеродром, К.П.(29) од Скопје пријавил дека на бул.„Tрета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство - Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 12.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 12.04.2024 во 18.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија К.М.(24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициските службеници, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронајдоа и одзедоа ќеси со зелена растителна материја и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе би поднесена соодветна пријава.
На 12.04.2024 во 21.00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Б.Н.(39) од Штип и М.И.(28) од штипско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во 18.35 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е А.П.(24) од охридското село Куратица кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.А.(38) од Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2024 во 02.25 часот, при извршена контрола во казино на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициските службеници затекнале две малолетни лица од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против правното и одговорното лице ќе поднесе соодветна пријава.
На 12.04.2024 во 22.30 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле С.М.(43) од с.Цера, Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и А.С.(50) од с.Цера, во која бил употребен и тврд предмет. Исто така, С.М. агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 околу 23.30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, кои претходно, околу 21.00 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта. Сите тројца биле во добра здравствена состојба.
На 12.04.2024 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од Х.Х.(32) и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Б.С.(29), двајцата од с.Челопек. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 12.04.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ф.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 12.04.2024 во 11.30 часот во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди. Според пријавеното, откако В.Н. била преземена од Итната медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и како последица од задушување од настанатиот пожар починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.
На 12.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Ј.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 12.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него. Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.04.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Х.Ј.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Павел Шатев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 12.04.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско село било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Т.П.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.04.2024 во 20.05 часот, во Полициската станица Карпош, М.Б.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Тесла“ во Скопје била касната од куче скитник.