Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 10.04.2024

Денеска (10.04.2024) во 00.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(33) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот Р.Е.(47) од с.Ласкарци-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 09.04.2024 во 22.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На 09.04.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.


На 09.04.2024 во 15.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско- Прилеп мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(58) од с.Дуње, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница-Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.


На 09.04.2024 во 22.25 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот во с.Лојане на место викано Миратовски пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ го лишиле од слобода А.Е.(31) од Мароко. Претходно, за товарното возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки во Полициската станица Кочани било пријавено дека било одземено од непознато лице. По насоки од јавен обвинител лицето и возилото ќе бидат предадени на полициски службеници од Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.

На 09.04.2024 во 10.30 часот на Граничниот премин Табановце од полициски службеници била приведена С.А.(35) од Скопје поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека се барала со потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од КЗ на РСМ. Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 09.04.2024 во 20.55 часот во Полициската станица Центар С.Ј.(49) од Скопје пријавил дека на Кеј„13-ти Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.04.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.Ј.(71) од Скопје, пријавил дека на ул.„376“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.04.2024 во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба Џ.Л.(21) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково-скопско бил каснат од куче скитник.  

Денеска (10.04.2024) во 00.38 часот во СВР Скопје Д.Т.(34) од Скопје пријавила дека на 09.04.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од С.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 18.20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.Т.(30) од Р.Словенија поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.04.2024 во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“,од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен С.А.(22) од Скопје поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје М.М.(54) од Скопје, пријавила дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од соседот Ф.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје Б.М.(41) од с.Трубарево-скопско пријавил дека околу 20.30 часот во с.Идризово-скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 22.05 часот во СВР Скопје М.Ј.(51) од Скопје пријавил дека околу 21.40 часот во индустриската зона Бунарџик по претходна вербална расправија бил физички нападнат од Д.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје С.С.(58) од с.Јурумлери-скопско пријавила дека на 06.04.2024 околу 08.15 часот во населбата Нова Колонија-скопско, била физички нападната од 65-годишната С.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје С.С.(39) од Скопје, пријавил дека на 08.04.2024 околу 21.52 часот на подрачјето на Гази Баба дошле четири лица и едното од нив извадило пиштол и испукало еднаш во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје 77-годишен маж пријавил дека на 06.04.2024 околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од својот син С.К.(52) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир В.Н.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син И.Н.(48). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.04.2024 во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети. Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во болницата во Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 09.04.2024 во 19.30 часот полициски службеници од СВР Охрид го приведоа М.Ј.(43) од Охрид, кој бил затекнат при вршење кражба во продажен објект во Охрид. Одземеното е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.04.2024 година во 22.50 часот, Н.Ј.(53) од Кичево во полициска станица Кичево пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 09.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во месноста „Зајашки рид“, атар на кичевското село Зајас, четирицикл што го управувала Љ.С., а на кој се превезувал А.С.(30), двајцата од истото село, излетал од патот. Притоа, Љ.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево.


На 09.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Сарај Н.М.(52) од с.Бојане-скопско пријавил дека домот се оддалечила неговата снаа Х.М.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.04.2024 во 22.50 часот било пријавено дека на плоштадот во Берово, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Ф.(31) од Берово и Д.Р.(34) од с.Владимирово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.04.2024 во 20.47 часот било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Умлена-пехчевско Ј.Д.(69) од истото село, откако се симнал од тракторот кој го управувал, тракторот почнал да се движи и го прегазил. Ј.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

На 09.04.2024 во 17.40 часот А.М.(63) од Штип пријавил дека во Штип бил физички нападнат од М.Н., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 12.25 часот С.Ф.(39) од Тетово пријавил дека околу 11.00 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, едно лице му се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 19.19 часот било пријавено дека во Гостивар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(63) и Ф.С., двајцата од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 23.20 часот Н.М.(59) од с.Милетино пријавил дека околу 22.30 часот во с.Брвеница-тетовско бил физички нападнат од Б.Д. од с.Челопек. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје. Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.