Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 07.04.2024

Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(37) од с.Студеничани, скопско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 06.04.2024 околу 23.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил фатен при обид за извршување „тешка кражба“ на ул.„Бонде Скерлевски“ во Битола. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (07.04.2024) во 01.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.04.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(32) од с.Долно Лисиче, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен шприц исполнет со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(24) од с.Туин, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ј.(32) и П.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати. За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал. Увид бил извршен.

На 06.04.2024 во 09.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Т.А.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

На 06.04.2024 во 13.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле А.Е (25) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа биле вршени корекции. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол...

Во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 06.04.2024 во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.. Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

На 06.04.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Тополница, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(24) од Радовиш, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Р.Ц.(23) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

На 06.04.2024 во 16.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Маршал Тито“ и „11 Октомври“ во Демир Капија, 54 – годишната Е.З. од Демир Капија, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.З. констатирани во болницата во Неготино. Увид извршиле увидна екипа од ОВР Неготино.

На 07.04.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Л.К.(20) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 07.04.2023 во 02.50 часот во Полициската станица Велес, Б.Т.(23) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник.

На 06.04.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Куманово, М.С.(37) од с.Табановце, кумановско, пријавила дека на ул.„Прохор Пчински“ во Куманово била касната од куче скитник.
На 06.04.2024 во 22.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар. Се сомничат дека 05.04.2024 околу 22.00 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 06.04.2024 околу 20.00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(23) од кичевското село Трапчин Дол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед, извршен на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

На 06.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.М.(65) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени мачета и електрошок. Против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Денеска (07.04.2024) во 00.25 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Н.(24) од Тетово затоа што во објектот физички го нападнал М.П.(55) од с.Стенче, општина Брвеница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.04.2024) во 04.50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Д.К.(21) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 01.30 часот пред угостителски објект во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.Ц.(50) и К.К.(30), двајцата од Штип, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеник кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 10.40 часот во близина на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници привеле две лица од Мароко затоа што не поседувале документи за идентификација, освен одбиено барање за азил издадено од Република Грција. Лицата биле предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

На 06/07.04.2024 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Кичево-04, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Денеска (07.04.2024) во 06.10 часот на подрачје на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром ги привеле Д.Ј.(48) од Скопје и О.Т.(41) од Крива Паланка затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.04.2024) во Полициската станица Берово било пријавено дека В.К.(27) од беровско село во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.04.2024 во 20.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази Баба било опожарено товарно возило „даф“ со цол регистарски ознаки, сопственост на С.О.(48) од с.Сингилиќ, скопско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.04. 2024 во 18.45 часот во СВР Тетово, И.А.(45) од Тетово пријавил дека на ул.„167“ во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од А.„Н.“ од с.Чегране. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.04.2024 во 22.15 часот во СВР Штип, З.Д.(50) од с.Калуѓерица, радовишко, пријавил дека околу 19.00 часот на паркинг простор пред трговски центар во Штип бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.04.2024 во 02.00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.Т.(24) од нас.Илинден, Скопје. Со него бил извршен службен разговор, при што изјавил дека не се сеќава каде и на кој начин се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.04.2024 во 01.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Х.С.(21) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.04.2024 во 10.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(37) од една страна и Ј.Г.(73) и С.Г.(41) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 14.35 часот во Полициската станица Тетово, М.Н.(30) од с.Брвеница, тетовско, пријавил дека околу 14.10 часот пред спортска обложувалница во с.Брвеница бил физички нападнат од Д.Н.(52) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување и по завршување на првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на ГРК „Тиквеш 2014“ од Кавадарци и ГРК „Охрид“ од Охрид, повеќе лица од навивачките групи на двете екипи запалиле пиротехнички средства и ги фрлале на трибините кон останатата публика и кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија. Притоа, по завршување на натпреварот, едно лице од навивачката група од Охрид фрлило пиротехничко средство кон полициски службеник и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 06.04.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје, К.П.Ѓ.(56) од Скопје пријавил дека околу 20.45 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска (07.04.2024) во 04.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го привеле лицето Р.Б.(36) од Скопје затоа што околу 03.50 часот во казино на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, физички го нападнал Х.М.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Лазар Личеновски" на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева. Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје. Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.04.2024 во 22.30 часот пред угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ѓ.С.(36) од Тетово затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, Б.С.(24) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот на подрачјето на Гази Баба , по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.О. од нас.Синѓелиќ, општина Гази Баба, кој употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.04.2024 во 18.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража од трговски центар на подрачје на Гази Баба настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(62) од с.Кондово, скопско. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 06.04.2024 во 06.59 часот во ОВР Крива Паланка, А.С. од с.Луке, кривопаланечко, пријавил дека била опожарена неговата плевна. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема.

На 06.04.2024 во 23.56 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во с.Волково настанал пожар во куќа, сопственост на Б.С.(69). Според пријавеното, тој во дворот запалил оган кој се проширил и ја зафатил куќата, како и дел од напуштен објект на Железници на Северна Македонија. При гасењето на пожарот, еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита Скопје вдишал чад и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.04.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.04.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.А.(36) од с.Горно Оризари, скопско, пријавил дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.04.2024 во 23.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Н.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека во. с.Волково , неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 06.04.2024 во 21.15 часот во Полициското одделение Новаци, С.Р.(47) од Битола пријавил дека во с.Добрушево бил каснат од куче скитник.