На 05.04.2024 околу 23.00 часот кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничeн надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Б.И.(22) од с.Батинци, скопско. По извршени проверки било констатирано дека регистарските таблички на патничкото возило „ауди“, кое го управувал, не припаѓале на неговото возило, односно биле издадени за друго патничко возило. Лицето било задржано во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(62) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Денеска (06.04.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.04.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.04.2024) во 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Џ.(30) од с.Кривогаштани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.04.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2024 во 17.00 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење...
На 05.04.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Тетово-Скопје со локален пат за с.Требош се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(63) од с.Сараќино, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, С.К.(20) од с.Порој, тетовско, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна едипа од СВР Тетово.
На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот М.Р, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.
На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, велосипед управуван од А.В.(71) удрил во пешакот В.У.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.У., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (06.04.2024) во 00.20 часот во Полициската станица Карпош, В.Ц.(53) од Ксопје пријавил дека на ул. „Манапо“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.04.2024 во 18.35 часот во Полициската станица Аеродром, Р.И.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.04.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Т.(50) од Скопје пријавил дека во с. Трубарево, скопско бил каснат од куче скитник.
На 05.04.2024 во 15.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(36) од с.Рашче, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени еден пиштол со рамка и неколку куршуми за него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.04.2024 во 05.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е приведен Н.Х.(43) од Република Албанија. Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта. Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2024 во 20.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19.00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2024 во 09.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08.45 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Гази Баба, Б.М.(44) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 05.04.2024 околу 15.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, на наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило ,,форд фиеста“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Пробиштип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 05.04.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Гази Баба, Ц.В. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор. Увид бил извршен.
На 05.04.2024 околу 18.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопат Скопје – Штип, пред наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(20) од Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 05.04.2024 во 15.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.30 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, Д.В.(53) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид бил извршен.
На 05.04.2024 во 20.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Т.(51) од Штип затоа што околу 20.00 часот пред вратата на неговиот сосед М.Г.(48) од Штип агресивно се однесувал и му се заканил со остар предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, Ѓ.И.(40) од с.Горна Матка, општина Сарај, пријавила дека околу 19.30 часот пред нивниот дом, по претходно нарушени односи, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соседот С.С., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.30 часот во објект во Чичино Село, општина Сарај, Џ.Р.(54) со престој во Чичино село, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од М.Х.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот во Градски трговски центар, неколку малолетници физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје. Според пријавеното, еден од напаѓачите имал и остар предмет, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.04.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.А.(48) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Сарај, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. од с.Кондово, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје, О.Ѓ.(41) од Скопје пријавила дека на 30.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Н.П.(36) од Ресен, со престој во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.04.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавила дека околу 22.40 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.04.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, В.Т.(21) од Прилеп пријавила дека во Градски парк Скопје била касната од куче скитник.
На 05.04.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ настанал пожар на плац од автомеханичарска работилница, сопственост на Т.З.(58) од Гостивар. Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 05.04.2024 година во 14.20 часот во СВР Тетово било приајвено дека на ул.„146“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на М.Ј.(56) од Тетово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот, повредени лица нема
На 05.03.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Е.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Парашќеви Ќириази“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.04.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци настанал пожар во куќа сопственост на Џ.С.(57). Од пожарот делумно била зафатена соседната куќа, сопственост на Е.М.(34). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.
На 05.04.2024 во 10.30 часот во Полицкото одделение Петровец, Т.Ј.(50) од с.Марино пријавил дека во нас.Јака во с.Марино, општина Илинден, неговата ќерка била касната од куче скитник.
На 05.04.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Петровец, Е.Д.(36) од с.Мралино, скопско пријавил дека на ул.„1“ во с.Мралино, општина Илинден, бил каснат од куче скитник.