Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 04.04.2024

На 03.04.2024 во 17.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, бил пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин. Лицата се задржани во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата. Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.04.2024 во 13.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.С (54) од тетовско Гајре, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 03.04.2024 во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки. Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.04.2024 во 10.40 часот во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19.00 до 19.30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово. Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.03.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 13.55 часот на улица „Вардар“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ш.Ф.(36) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 21.30 часот на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.К.(27) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 29 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...

На 03.04.2024 околу 20.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека кај „Биџевска крстосница“ на локален пат за струшкото село Ливада, патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Д.(59) од струшкото село Шум, излетало од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.

На 03.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Катланово, скопско, малолетник додека управувал велосипед изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.04.2024 во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Карпошово Востание“ и ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Љубанци, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., а со телесни се здобиле С.Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А.М.С.(21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.04.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисната улица од патниот надвозник над бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(28) од Кичево и мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.К.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник.

На 03.04.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар, Л.Б.(58) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник.

На 03.04.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Чаир, А.Л.Д.(45) од Скопје пријавила дека на бул.„Словенија“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
 

По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново. Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.04.2024 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.К.(23) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден гасен пиштол. А.А.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

СВР Велес, до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.С.(41) од село во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик. На 03.04.2024, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат. На 03.04.2024 тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријава.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(55) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од кривичниот законик. При контрола извршена во товарно возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки кое го управувал пријавениот, извршена на 13.12.2023 на улица „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 3058 парчиња различни пиротехнички средства.

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 175 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

На 03.04.2024 околу 12.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Хаџиески“ во Струга, електричен тротинет, управуван од Н.Д.(45) од Струга, удрил во јажето со кое патничко возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(44), влечело патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(47), двајцата од струшкото село Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.

Вчера (03.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 24 пешаци ( ТЕ-11 и ГВ-13). Најголемиот број од пешаците 22 (ТЕ-9 и ГВ-13) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 2 (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 2 (ГВ) други видови на сообраќајни прекршоци.

На 03.04.2024 во 09.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09.30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (04.04.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, 46 - годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (04.04.2024) во 05.40 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.04.2024 околу 23.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот татко Д.Ј.(64) од Куманово, кој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (04.04.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, К.Р.(46) од Скопје пријавил дека на 03.04.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија на социјална мрежа, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.04.2024 околу 21.00 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот брат К.М.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, општина Илинден, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(47) и Б.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, В.Г.(54) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 20.06 часот во СВР Скопје, П.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Б.(37) од една страна и Б.К.(50), Б.К.(18) и Д.С.(19) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал А.Г.Г.(63) од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје. Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 03.04.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.И.(55) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека во с.Јурумлери, скопско, бил каснат од куче скитник.

На 03.04.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Чаир, С.Б.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Јадранска магистрала“ бил каснат од куче скитник.

На 03.04.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Т.(62) од с.Орман, скопско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Џ.Д.(40) од с.Преглово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 16.03.2024 на шумски пат кон с.Преглово, полициски службеници го затекнале пријавениот со натоварени нежигосани огревни дрва за кои не поседувал документација за сеча и транспорт.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј.(20) и Л.Ј.(54), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 29.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на две лица, при што пронашле и одзеле марихуана за која било утврдено дека ја набавиле од пријавените. Подоцна, полициски службеници извршиле претрес на две локации кои ги користат пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и дигитални ваги.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(56) од село во гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен во фирма за брз трансфер на пари, овозможил на лице од Гостивар со туѓа лична карта да подигне пари испратени преку брз трансфер на пари, претставувајќи се како негов роднина.