Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 03.04.2024

На 02.04.2024 во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.04.2024 во 18.20 часот полициски службеници од СВР Битола во градскиот парк кај спортската сала „Боро Чурлевски“ ги лишиле од слобода К.У.(22) , С.Ч.(25) и А.М.(28) сите од Битола. При преглед, кај нив е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 02.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.А.(45) од Скопје поради тоа што околу 20.30 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје извршил „разбојничка кражба“ при што одзел кацига од мотоцикл и физички нападнал 56- годишен скопјанец кој се обидел да го спречи да го изврши кривичното дело. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас...

На 02.04.2024 околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово-прилепско Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп.

На 02.04.2024 во 16.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, на крстосница од ул.„Партизанска“ со ул.„Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(48) од село Горно Оризари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 02.04.2024 во 15.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле Б.Л.Л.(23) од Данска поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека во неговата патна биле искинати страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.


На 02.04.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош К.В.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Козле“ била касната од куче скитник.

На 03.04.2023 во 00.55 часот во Полициска станица Велес Г.С.(25) од Чашка пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во близина на гимназијата бил каснат од куче скитник.

На 03.04.2024 во 07.00 часот во Полициска станица Велес М.К.(26) од Велес пријавила дека во близина на спортската сала во Велес била касната од куче скитник.

На 02.04.2024 во 19.30 часот во Полициска станица Велес Д.И.(71) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

 

 Во текот на вчерашниот ден (02.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Во периодот од 01.03.2024 до 31.03.2024 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 194 учесници во сообраќајот, од кои 193 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 02.04.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 17 прекршоци од кои, 9 надвор од населено место и 8 во населено место.
Санкционирани биле и 49 други видови на прекршоци, од кои 35 за непрописно паркирање..

На 02.04.2024 во 18.00 часот полициски службеници од ОВР Кочани на ул.,,Стамен Манов“ во Кочани, во контејнер кај фабриката за вода пронашле 4 кутии со 54 патрони за ловечка пушка. Се работи на расчистување на случајот.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(48) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на регионален пат Кичево Македонски Брод, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа Марихуана.

На 02.04.2024 година од 12 до 16 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид, полициските службеници, затекнале и санкционирале 15 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (10-надвор и 05-во населено место).

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.В.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 28.11.2023 пријавениот на социјална мрежа на објава од портал напишал коментар со кој предизвикал ширење на расистички и ксенофобичен материјал, поттикнувајќи омраза.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.М.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градeње“. Пријавениот, во својство на инвеститор во текот на 2014 изградил објект без поседување на соодветна документација во катастарски парцели на општина Пирок кои се во државна сопственост, а право за користење од 26.10.1999 има правно лице од тетовско во траење од 30 години, пријавениот изградил објект без поседување на соодветна документација.

Денеска (03.04.2024) во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода биле опожарени патничко возило „фолксфаген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, и патничко возило „форд фокус“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.С. од Р.Србија. Од пожарот зафатен бил и дел од фасадата од приземјето на зграда, а оштетени биле и прозорци. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во с.Пожаране настанал пожар каде целосно изгорела викендица сопственост на В.К.(74) од Тетово, a од огнот била зафатена и соседната викендица, сопственост на А.К.(74) од Тетово. Повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.

На 02.04.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(21) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2024 во 17.21 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (03.04.2024) во 00.50 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Македонски Брод пријавила дека на 02.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.А.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(36) и К.К.(44), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.04.2024 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Б.Ѓ.(19) од Скопје по претходна пријава дека околу 20.15 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир, физички ја нападнал својата 18- годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.04.2024 во 17.18 часот во СВР Скопје, М.Ј.(18) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, откако се качила во приватен автобус заедно со нејзината мајка, била истуркана од автобусот од страна на возачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.