На 01.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2024 во 22.25 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(21) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2024 во 13.20 часот во струшкото село Франгово, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Б.И.(50) од истото село и Р.Л.(40) од Република Албанија. Тие се сомничат дека во близина на село Франгово предизвикале пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во државна сопственост. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26), кој претходно во водите на Охридското езеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.
Во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири санкции за управување под дејство на алкохол...
На 01.04.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на место „Бадар“, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 01.04.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, В.В.(44) пријавил дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, тој и неговата мајка Р.В.(74), двајцата од Скопје, биле каснати од куче скитник.
На 01.04.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Н.(77) од Скопје пријавила дека во паркот на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 01.04.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 02.04.2024 во 03.00 часот во Кратово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(39) од Кратово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на затворска казна од пет месеци за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Д.М. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.
На 02.04.2024 во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на ул.„Елпида Караманди“ во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(43) од с.Делогожда, струшко. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 14.03.2024 во угостителски објект во Дебар се заканувал на двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.П.(57) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на службено лице вработено во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Јабланица“ - Струга“, на управител на едно трговско друштво му го дал на располагање службениот чекан со кој бил лично задолжен. На тој начин му овозможил нелегално да става жиг на дрва, да ги транспортира без соодветна документација, да ги легализира и да ги пушти во промет, а со тоа и да се стекне со противправна имотна корист.
На 01.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(70) од с.Црнилиште, општина Долнени. Според пријавеното, додека го поправал тракторот во дворот од семејната куќа, тракторот се придвижил и Б.И. се здобил со тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.04.2024 во 19.40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод. Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (02.04.2024) во 01.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.К.(36) од една страна и А.Е.(49), Е.Е.(44) и А.М.(26) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (02.04.2024) во 10.45 часот во СВР Скопје, С.М.И.(33) од Скопје пријавила дека на 01.04.2024 околу 18.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.04.2024 во 21.13 часот во СВР Скопје, Р.М.(37) од Скопје пријавил дека околу 20.10 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Д.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.04.2024 во 20.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.04.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, Е.Д.(35) од Скопје пријавила дека малолетник од Скопје извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Велес, В.П.(50) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 02.04.2024 во 06.25 часот во Полициската станица Велес, С.М.(30) од Кавадарци пријавил дека на бензинска пумпа на ул.„Вардарска“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 02.04.2024 во 01:15 часот во Полициското одделение Чегране, И.Д.(28) од гостиварско Чегране пријавил дека на локален пат од гостиварско Корито до Чегране бил каснат од куче скитник.
На 01.04.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, С.П.(25) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била касната од куче скитник.
На 01.04.2024 во 19.00 часот во СВР Куманово, С.Т.(26) од Куманово пријавил дека на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.К.(20) и С.И.(41), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени 14 кривични дела „тешка кражба“. Пријавените, во периодот од јануари до февруари 2024 на подрачјето на општина Гостивар, со употреба на сила и погоден предмет, од простории на граѓани и два правни субјекти одзеле повеќе предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 310.500 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А.(34), Е.Ш.(30) и Л.А.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.06.2023 на подрачје на Чаир во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило во кое биле пријавените, при што тие од возилото фрлиле марихуана, која била пронајдена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.И.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и странски валути.
ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 31.03.2024 во Прилеп, пријавениот се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.В.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавениот набавил фалсификувана возачка дозвола и ја употребил во Италија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(34) од Пакистан поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“. На 25.11.2023 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, пријавениот приложил фалсификувана кипарска дозвола за престој.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.П.(32) од Република Украина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“. На 29.03.2024 на Граничен премин Табановце, пријавениот на увид приложил фалсификувана украинска возачка дозвола.