На 01.04.2024 во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници. Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци. При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг. Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 31.03.2024 во 15.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Г.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03 2024 во населба Варош во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.О.(37) и Н.Ќ.(28), двајцата од Ресен и Г.Ц.(38) од Прилеп затоа што при преглед кај нив, кај Н.Ќ. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.А.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени сигнален пиштол и празна рамка за пиштолот. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
Нa 31.03.2024 во 12.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица привеле четири лица од Непал поради незаконски престој во државата. Тие биле предадени на судија во Основен суд Гевгелија за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон...
Вчера (31 март) од 08.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што возат побрзо од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина регистрирани се надвор од населено место (ТЕ-65 и ГВ-67), од кои 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5) пречекориле за над 70 километри на час, 27 возачи (ТЕ-14 и ГВ-13) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-48 и ГВ-8), од кои 2 возачи (ТЕ) пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол...
На 31.03.2024 околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На 31.03.2024 околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На 31.01.2024 во 19.00 часот во ОВР Прилеп, Г.К.(42) од Прилеп пријавил дека на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ бил каснат од куче скитник.
На 31.03.2024 во 12.50 часот во СВР Куманово, Д.К.(34) од Куманово пријавил дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово бил каснат од куче скитник.
На 31.03.2024 околу 13.00 часот во атарот на с.Шашаварлија, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција ги лишиле од слобода С.Н.(30) и двајца малолетници, тројцата од Штип. Тие биле забележани како со патничко возило лада без регистарски таблички превезувале дрва без документација, при што едно од лицата фрлило тврд предмет и го оштетило службеното полициско возило. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 31.03.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.04.2024 во 01.40 часот на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип. При контрола во возилото кое го управувал, била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи. Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.
На 31.03.2024 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 25 на подрачје на Радовиш, 22 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Гевгелија и 11 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 31.03.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 75 прекршоци од кои, 50 надвор од населено место и 25 во населено место. (15 – Штип, 12- Кочани, 4 – Пробиштип, 6 – Виница, 15 – Делчево, 7 – Берово и 16 – Свети Николе. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци.
На 31.03.2024 од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници санкционирале 61 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-03, Струга-40, Кичево-16, Дебар-02).
На 31.03.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека семејниот дом во селото, по претходна расправија и нарушени семејни односи, била физички нападната од нејзиниот брат С.Т.(29). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.03.2024 околу 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.М.(44) и Р.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.03.2024 околу 17.50 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.А.(51) од Крушево затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево. А.А. е задржан во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (01.04.2024) во 00.20 часот на подрачје на населба Радишани, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги привеле А.Б.(50) од Скопје и С.Б.(46) од Република Србија затоа што на 31.03.2024 околу 17.30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 околу 12.45 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(35) од Прилеп затоа што се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Од него било одземено запрежно возило натоварено со огревно дрво без документација и било предадено на шумска полиција. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (01.04.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Ш.(41) од с.Арачиново, скопско, пријавила дека на 31.03.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно нерасчистени меѓусебни односи, таа, нејзината мајка Ф.М.(71) и нејзиниот малолетен син, сите од с.Арачиново биле физички нападнати од С.Ф.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.03.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 30.03.2024 околу 20.45 часот на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.03.2024 околу 22.35 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во парк на подрачјето на Драчево неколку лица физички го нападнале Л.А.(19) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда на раката. На местото бил пронајден остриот предмет, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 31.03.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, 58-годишен маж од Скопје пријавил дека на 30.03.2024 околу 17.00 часот неговите малолетни синови физички биле нападнати од нивната мајка Н.А.(44), со која тој е во бракоразводна парница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.03.2024 во 15.00 во СВР Скопје, М.М.(49) од с.Бујковци, скопско, пријавил дека во 14.15 часот на фудбалски терен во с.Миладиновци, општина Петровец, бил нападнат со тврд предмет од Ф.М. од с.Миладиновци. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.03.2024 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.03.2024 во 20.57 часот во СВР Скопје, Џ.А.(27) од Скопје, згрижувач на малолетничка Н.А.(15), пријавила дека, по претходна расправија, од нејзиниот дом се оддалечила малолетничката Н.А., која со себе го земала и своето бебе. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (01.04.2024) во Полициската станица Аеродром, А.С.(63) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.