Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 31.03.2024

На 30.03.2024 во 22.20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ч.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.03.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024 во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Б.И.(39) и малолетничка од Струмица. При извршен преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена марихуана. Во Полициската станица Струмица бил извршен разговор со малолетничката во присуство на нејзините родители. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.03.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Братство- единство“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(41) од Куманово и патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(40) од с.Романовце-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 30.03.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„1632“ товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Скопје, удрило во пешакот В.З.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 14.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од Скопје и патничко возило „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 12.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2 во правец на Граничниот премин Ќафасан мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Д.(46) од Струга излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 30.03.2024 во 10.15 часот во Полициската станица Карпош Т.А.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.03.2024 во 20.45 часот во Полициска станица Аеродром В.Б.(22) од с.Агино, кумановско пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

 На 29/30.03.2024 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле извршени претреси со судска наредба во два стана на подрачјето на Центар и Карпош, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги, а од слобода била лишена Л.Ј.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.03.2024 во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

На 31.03.2024 во 03.45 часот полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода српскиот државјанин М.С.(26), кој околу 01.30 часот на бензинска пумпа во село Јосифово со остар предмет го нападнал А.С.(31) од село Пирава, валандовско, нанесувајќи му повреди, констатирани од лекар во Итна медицинска помош Гевгелија. Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки во текот на денот против М.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 30.03.2024 во 10.30 часот во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.03.2024 во 23.20 часот во СВР Велес В.Ж.(47) од Велес пријавила дека на улица „8-ми Септември“ во Велес нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 29.04.2024 во 21.45 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошол Н.Д.(31) од Велес, кој имал повреди нанесени со остар предмет. Полициски службеници извршиле разговор со Н.Д., кој кажал дека на улица „Јане Сандански“ во Велес по претходна расправија бил физички нападнат со остар предмет од машко лице. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2024 година во 21.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.


Денеска (31.03.2024) во 02.00 часот во СВР Скопје 40 годишен маж пријавил дека на 30.03.2024 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга Љ.Ј.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.А.(50) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 13.55 часот во СВР Скопје Ѓ.Д.(57) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари нејзината малолетна ќерка била физички нападната од М.А.(19) од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.50 часот на место викано „Преслап“ кон с.Цветово-скопско службени лица од Шумска полиција застанале едно возило натоварено со дрва, по што возачот се дал во бегство. По кратко време пристигнало уште едно возило од кое излегле четири лица при што ги оштетиле службеното возило како и возилото натоварено со дрва, по што го одзеле возилото со дрвата и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (31.03.2024) во 00.57 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.А.(23) од Скопје со повреди нанесени од остар предмет. Според пријавеното, настанот се случил на 30.03.2024 околу 23.15 на подрачјето на Бит Пазар каде Х.М. од Скопје поради нерасчистени должничко–доверителски односи го нападнал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (31.03.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на влез во населбата Кучевишка Бара во Скопје настанал пожар во комбе „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(26) од с.Бразда, скопско. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 30.03.2024 во 21.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Карпош двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од Н.П.(36) од Ресен, со престојувалиште во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.03.2024 во 15.30 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(78) и З.Ш.(70), по претходна пријава од нивниот сосед М.Р.(51) дека З.Ш. физички го нападнала со тврд предмет, а А.Ш. го нападнал со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (31.03.2024) во 09.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.С.(31) и М.Л.(24), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.