Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 28.03.2024

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.03.2024 во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети. Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 20.15 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.А.(21) и Д.А.(19), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и на патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А.(21), а Д.А.(19) бил сопатник, биле пронајдени повеќе апчиња „бупренорфин“ и капсули „трамадол“ без соодветна документација. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 23.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(35) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 14.30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.И.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.03.2024 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани. При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење...

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2024) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање... Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

На 27.03.2024 во 15.40 часот во ОВР Кавадарци, Г.Г.(49) од село Дреново, кавадаречко, пријавил дека во село Фариш, кавадаречко, бил каснат од куче скитник.
На 28.03.2024 во 00.45 часот во СВР Битола, Е.Ц.(53) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола била касната од куче скитник.

На 27.03.2024 во 21.40 часот во СВР Тетово, 47 - годишниот тетовец С.С. пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, неговата ќерка била касната од куче скитник.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ, затоа што А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување судска одлука“ и „самовластие“. Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, ставил под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 352.000 денари.

 

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 17 прекршоци од кои, 8 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 47 други видови на прекршоци.

 

На 27.03.2024 од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, откриени и санкционирани се 8 (ТЕ) технички неисправни возила, од кои 7 имале неисправни сопирачки, а 1 неисправни други уреди. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-4).

 

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила. Притоа, контролирани се вкупно 101 возило (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.

 

На 27.03.2024 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д. (27) од Куманово затоа што на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.Л.(19) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фирма на подрачјето на с.Петровец, скопско. За настанот бил известен трудов инспектор.

 

На 27.03.2024 во 18.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (28.03.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, М.М.(49) од Скопје пријавил дека околу 01.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.03.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје, В.И.(29) од с.Булачани, скопско, пријавил дека околу 17.30 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.03.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, 34 - годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (28.03.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71 – годишна жена од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повреди на 27.03.2024 околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.03.2024 во 14.05 часот во ОВР Крива Паланка, С.М.(36) од Крива Паланка пријавил дека пред јавно претпријатие во Крива Паланка, вработен во јавното претпријатие агресивно се однесувал кон него и се обидел физички да го нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.03.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Идризово, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на Б.С.(27) од селото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

 

На 27.03.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Виа Игнатија“ настанал пожар во стан сопственост на С.С.(38) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

 

На 27.03.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.03.2024 во 17.35 часот, Р.Ф.(28) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „Партизански одреди“ во Кичево, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (28.03.2024) во 09.30 часот во СВР Скопје, Р.Г.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Павел Шатев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“. На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот. На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода.

 

СВР Куманово - Отсек за економски криминал поднесе кривична пријава против M.K. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, нотар именуван на подрачје на Кратово, заверила договор за купопродажба на воздушна пушка на лице кое не поседува дозвола за поседување на тој тип на оружје и на тој начин постапила спротивно од член 35 од Законот за оружје, според кој е утврдено дека оружје може да се продаде на лице кое поседува одобрение за набавување на оружје, како и од став 2 на овој член дека заверка ја заверува нотар со кое покрај други податоци треба да се внесат и податоците на одобрението, односно дозвола издадена од МВР.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Ш.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 20.03.2024 во семејниот дом во струшко село, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата 52-годишна сопруга.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(39) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(26) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2024 во атар на с.Луковица, општина Македонска Каменица, пријавениот на друго лице му продал кокаин и марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно.

 

СВР Битола поднесе кривични пријави против В.Ј.(41), П.Т.(41), Р.С.(72), С.В.(61) и Ц.Д.(67), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.12.2023 на повеќе локации во Битола, пријавените биле затекнати како вршат такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца.