На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва з акои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (24.03.2024) во 00.10 часот на локален пат од Средно Водно кон Горно Нерези, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено - поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот В.У.(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Т.(19) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.04.2023, полициски службеници извршиле преглед на две лица од Прилеп, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавиле од пријавенот.
На 23.03.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Ќ.(29) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 24.07.2023 бил извршен преглед на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин и таблети МДМА.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас...
На 23.03.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(57) од Гостивар, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 23.03.2024 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Кичево - Демир Хисар, во Близина на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „ауди" со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(36) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 23.03.2024 во 18.40 часот во Поилициската станица Чаир, З.Д.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и против малолетник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 20.03.2024, полициски службеници извршиле преглед на пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 23.03.2024 во 15.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски сужбеници го лишиле од слобода Н.Е.(42) од с.Орланци, скопско, затоа што кај него биле пронајдени две фалсификувани странски банкноти. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 15.40 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле до слобода И.Н.(43) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а користел викенд отсуство. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот физички го нападнал Б.З.(34) од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет. Кај него бил пронајден остриот предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 18.45 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.Х.(19) од Кичево затоа што на 22.03.2024 околу 15.00 часот во семејниот дом физички го нападнал својот 52-годишен татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 14.30 часот во Тетово, полициски службеници од полициската станица Тетово ги лишиле од слобода М.А.(53) од с.Церово, тетовско и А.С.(37) од Република Албанија, со живеалиште во Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Беличица“ во Тетово, М.А. со остар предмет му се заканил на А.С., по што А.С. го удрил М.А. со патничко возило. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 23.03.2024, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.К.(46) и А.К.(23), двајцата од Скопје затоа што околу 21.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (24.03.2024) во 01.00 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Љ.(21) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2024 во 13.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите мајка и сестра, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде пдонесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 12.05 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.К.(50) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.15 часот на ул.„Братство Единство“ во Виница физички и со метален предмет го нападнал Т.А.(44) од с.Ранковце, општина Ранковце. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (24.03.2024) во 01.20 часот во Македонска Каменица, полициски службенивци од Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода И.С.(30) и Д.П.(36), двајцата од Македонска Каменица, затоа што околу 01.10 часот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Д.(42) од кумановско село затоа што физички ја нападнал својата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С.(18) од Скопје и А.С.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.03.2023, полициски службеници извршиле преглед на пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 23.03.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Гостивар, М.Б.(33) од Гостивар пријавила дека околу 21.00 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2024 во 18.10 часот во СВР Тетово, А.Т.(41) од Тетово пријавила дека околу 16.00 часот во двор на основно училиште во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2024 во 22.15 часот во Полициското одделение Велешта, Х.И.(73) од с.Велешта, струшко, пријавил дека околу 22.10 часот во с.Велешта, неговиот малолетен внук физички бил нападнат Р.Ж.(женско лице) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Гостивар, Џ.З.(25) од с.Горна Бањица, гостиварско, пријавил дека околу 17.50 часот бил физички нападнат од Г.К. од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.03.2024 околу 03.00 часот во ОВР Берово било пријавено дека во Пехчево настанал пожар во куќата сопственост на А.А. од Пехчево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица. Увид бил извршен.
На 23.03.2024 во 15.59 часот во СВР Скопје, А.А.(25) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2024 во 15.25 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2024 во 18.52 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од с.Брест, скопско. Според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон с.Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (24.03.2024) во 00.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 23.03.2024 околу 23.00 часот во автобус на ЈСП на подрачје на Центар се самозадоволувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 22.40 часот во СВР Охрид, М.А.(31) од Охрид пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.А.(13), која и претходно се оддалечувала и била пронаоѓана и враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.