Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 14.02.2024

 На 13.02.2024 во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

Вчеравечер (13 февруари) околу 21.30 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 36-годишниот С.А. од гостиварско Дебреше. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

 

Денеска (14.02.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода И.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.02.2024 во 23.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

  

На 13.02.2024 во 20.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(26) од село Гошинце, општина Липково и Н.Е.(25) од село Арачиново, скопско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 13.02.2024 во 15.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Г.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.02.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(23) од с.Драчевица, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер (13 февруари) околу 23.00 часот во Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Х.Л.(20) и Н.Б.(23) затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

 

Во текот на вчерашниот ден (13.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас...

 

На 13.02.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистраски ознаки, управувано од М.Р.(71) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(24) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

На 13.02.2024 во 18.50 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Чулев“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 13.02.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Драчево, А.М.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван ХаџиНиколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

 

На 13.02.2024 во 19.30 часот во СВР Битола, А.К.(35) од с.Долно Оризари, битолско пријавила дека во с.Долно Оризари нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднесе кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик. Првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023 од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие. Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето. На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.          

 

На 13.02.2024 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Т.В.(66) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец“ во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.02.2024 во 00.10 часот на улица „11 Октомври“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.Г.(38) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ц.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин.

 

На 13.02.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 14 прекршоци од кои, 4 надвор од населено место и 10 во населено место.

Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци.

 

На 13.2.2024 во 15.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Џ.(20) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.  

 

На 13.02.2024 во 07.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К.(25) и Р.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Претходно, на подрачјето на Карпош, по недоразбирање во сообраќајот, тие со уште едно лице физички го нападнале А.К.(34) од Скопје. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.02.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од с.Марино, општина Илинден, пријавил дека на бензинска пумпа во с.Кадино, општина Илинден, поради нерасчистени должничко -  доверителски односи, бил физички нападнат од Д.М. од с.Инџиково, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 13.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, М.С.(25) од скопско пријавила дека била физички нападната од З.Н., братучед на нејзиниот сопруг, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

  

На 13.02.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје, С.Д.(57) од Скопје пријавил дека околу 11.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно нарушени меѓусоседски односи, бил физички нападнат од Д.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.02.2024 во 11.40 во СВР Скопје, М.Г.(42) од Скопје пријавил дека во ходник на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.02.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, Р.Р.(43) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Чаир во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.02.2024 во 16.35 часот во СВР Скопје, В.М.(71) од Скопје пријавил дека на 12.02.2024 околу 19.00 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од негова снаа и внука. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 13.02.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Велес, Б.К.(80) од Велес пријавил дека на улица „Борис Трајковски“ во Велес бил каснат од куче скитник.

 

На 13.02.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Велес, В.Д.(57) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

 

На 13.02.2024 во 10.30 часот, В.Ј.(38) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.Т.(59) пријавил дека во атар на кичевското село Бигор Доленци бил каснат од куче скитник.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.М.(66) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 04.02.2024 во с.Бигла, пријавениот физички го нападнал Н.А. и му одзел мобилен телефон.

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против М.С.(29) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 10.02.2024, полициски службеници извршиле контрола во возило, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени осум мигранти од Сирија.