Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 12.02.2024

                         Денеска (12.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ј.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.02.2024 во 19.50 часот на ул.„Индустриска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(28), Е.К.(22) и Л.М.(19), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај С.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2024 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Ѓ.(27) од село Бориево, струмичко, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2024 во 14.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(25) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид дал фалсификувана косовска возачка дозвола. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкциии за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците...

На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

На 11.02.2024 во СВР Битола, А.Т.(33) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” бил каснат од куче скитник. 

На 11.02.2024 во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Н.Б.(22) од с.Луково, струшко, постапувајќи по претходна пријава од И.Б.(71) од истотo село дека Н.Б. од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон кучиња кои биле пред нејзината куќа. Од Н.Б. била одземена ловечката пушка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.02.2024 во 23.40 часот во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.П.(28) од Демир Хисар и Ѓ.С.(23) од Битола затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. При интервенција на полициските службеници и нивно приведување, Е.Б.(25) од Битола ги попречувал полициските службеници, по што и тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 10./11.02.2024 во времето од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани 20 прекршоци. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци.

 

На 09.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од неколку малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.02.2024 во 11.40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во с.Шопковица, радовишко, настанал пожар во две викенд куќи и два помошни објекти. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

 

На 11.02.2024 во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија било пријавено дека околу 10.00 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле 15 лица мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 11.02.2024 во 10.36 часот во СВР Скопје, Б.М.(48) од Скопје пријавил дека на подрачје на Драчево – Скопје неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од залутано зрно. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка. 

 

На 11.02.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 10/11.02.2024 во периодот од 17.00 до 05.00 часот на подрачје на Драчево – Скопје било опожарено патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 11.02.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Карпош едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.07.2022 на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на с.Колари, кичевско, полициски службеници извршиле преглед на неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“, а подоцна и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана и хашиш.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривични пријави против В.Ф.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ и против И.Ј.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „изнуда“. На 28.01.2024 со употреба на физичка сила и закана, од домот на С.С., првопријавениот му ги зел личните документи и платежната картичка, по што мајката на С.С. му дала пари и двајцата го напуштиле местото.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од Охрид и против директорот С.М.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. По преземени мери и извршена контрола било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања за кои здравствената установа немала дозвола од Министерството за здравство.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 03.02.2023, при извршен увид во

с.Порој, тетовско, било утврдено дека пријавениот изградил објект без да поседува соодветна документација.

 

СВР Тетово поднесe кривична пријава против Џ.М.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.01.2024 на регионален пат Тетово - с.Брвеница, тетовско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(57) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Пријавениот, во текот на септември и октомври 2023 со работна машина извршил пустошење на дрва бел габер и предизвикал материјална штета на Национален парк „Шар Планина“.