На 10.02.2024 во 21.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Х.(23) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 08.00 часот на Граничниот премин Меѓународен aеродром-Скопје, бил приведен Д.Д.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 10.02.2024 во 01.00 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“ при излез од државата при извршена контрола на патничко моторно „бмв“ управувано од К.М.(62) од Р.Грција констатирано било дека истакнати биле регистарски таблички со грчки национални ознаки, кои се издадени за друго патничко возило „бмв“, а на увид дал и сообраќајна дозвола што не одговара со карактеристиките на возилото кое го управува. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 ст.3 по што е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Денеска (11.02.2024) во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.02.2024 во 23.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес–Градско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.А.(25) од с.Црквино-велешко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Г.С.(25) од с.Богомила и Б.П.(18) од Велес, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 87 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол...
На 10.02.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром И.И.(22) од Скопје, пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, била касната од куче скитник.
Денеска (11.02.2024) во 07.30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода А.М. од Скопје. При сообраќајна контрола и утврден прекршок, А.М. се обидел да даде поткуп на полициските службеници за да не му биде изречена санкција. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.02.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19.00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш. На 11.02.2024 во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Т.Д., за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.02.2024 во 02.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Крсте Петков Мисирков" во Прилеп при преглед на А.П.(39) од Прилеп пронашле и одзеле шишиња метадон, шприцеви со игли, ампули дијазепам... Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 10/11.02.2024 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Струга-03, Кичево- 04, Дебар-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
На 10.02.2024 во 07.55 часот во Полициската станица Центар А.С.(33) од Скопје, кој претходно бил приведен поради нарушен јавен ред и мир во угостителски објект, физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.02,2024 во 15.00 часот во СВР Скопје И.С.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од З.К.(47) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.02.2024) околу 03.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(20) и З.С.(50) двајцата од Скопје поради тоа што околу 00.50 часот на подрачјето на Чаир му упатувале закани на Д.П.(22) од Скопје, а З.С и го нападнал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, во кругот на авто сервис, било опожарено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Б.(62) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.02.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, М.Ш.(46) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, неколку малолетни лица со закана со остар предмет од неговиот син одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(50) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат неговиот малолетен син од страна на неколку малолетни лица, при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (11.02.2024) во 05.10 часот во СВР Скопје, М.Ј.(38) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, во казино, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.02.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Батинци-скопско С.Е. од с. Црн Врв-скопско, бил физички нападнат од М.Ф.(25) , Г.Ф.(21) и А.Ф.(56) сите од с.Елово-скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 21.00 часот, во СВР Скопје, А.Р.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица и му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.02.2024 во 20.20 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле Д.М.(35) од Штип поради тоа што бил баран со потерница по наредба од КПУ Затвор Струмица. Тој бил предаден на надлежната казнено поправна установа.
На 10.02.2024 во 20.40 часот на ул.„107“ во Тетово во близина на угостителски објект полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(37) и А.Х.(20), двајцата од Тетово, кои претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.02.2024) во 00.50 часот Г.С.(37) од Тетово пријавил дека на 10.02.2024 околу 20.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат од А.Х.(20) од Тетово, кој, според пријавеното, користел и дрвен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 22.30 часот В.Л.(20) од Тетово пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, каде физички се пресметувале Г.С.(37) и А.Х.(20) двајцата од Тетово, Г.С. со остар предмет го нападнал пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.02.2024) во 00.30 часот пред угостителски објект во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.Ј.(19) од Скопје поради тоа што претходно во објектот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Тетово Ж.О.(44) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Л.А.Т.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.