На 09.02.2024 во 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 во 22.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.Т.(39) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Н.(33) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 во 20.45 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ на влез во државата бил лишен од слобода Т.А.(48) од Р.Албанија поради тоа што по извршени гранични проверки констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
На 09.02.2024 во 20.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај место викано „Северова падина“ патничко моторно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од В.Д.(24) од с.Сирково-Росоман излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 09.02.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.А.(73) од Скопје пријавила дека на ул. „Разлошка“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 09.02.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров И.Љ.(76) од Дебар пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за непрописно престројување на возила...
На 09.02.2024 во 19.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(21) и В.А.(22), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Д.(55) од с.Доброшане-кумановско, кој, според пријавеното, додека изведувал градежни работи во објект во изградба на подрачјето на Центар паднал од висина, по што се здобил со тешки телесни повреди. Известен е трудов инспектор за расчистување на случајот. На 09.02.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје Б.И.(26) од с.Крушопек-скопско пријавил дека на обиколницата помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново во Скопје, тој и неговиот другар Б.А.(18) од с.Крушопек, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички биле нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје Е.Р.(38) од Скопје пријавила дека во маркет во с.Сарај-скопско била физички нападната од И.А.(58). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.02.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(25) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (10.02.2024) во 02.45 часот во СВР Скопје М.М.(32) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, во угостителски објект, бил физички нападнат од две лица, од кои, според пријавеното, едното лице работело како обезбедување на објектот. Се работи на расчистување на објектот.
Денеска (10.02.2024) во 05.30 часот во СВР Скопје, Т.С.(34) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, во угостителски објект, бил физички нападнат од А.С.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (10.02.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, Е.Љ.(18) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар-скопско, била физички нападната од Д.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (10.02.2024) во 03.09 часот во СВР Скопје, П.Ѓ.(25) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, бил физички нападнат од возач на такси возило со кое се превезувал, по што напаѓачот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Ц.Ц.(31) од Скопје, пријавил дека околу 18.30 часот во с.Грчец-скопско, додека со возило ја враќал неговата девојка, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (10.02.2024) во СВР Скопје, С.И.(22) од Скопје, пријавил дека на 09.02.2024 околу 22.30 часот, на подрачјето на Сарај-скопско, во угостителски објект, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од Р.С. од с.Љубин-скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје Е.М.(26) од с.Семениште-скопско пријавил дека во нивата која му била под наем, бил опожарен неговиот пластеник и систем за наводнување. Извршен бил увид и се работи на расчистување на настанот.
Денеска (10.02.2024) во 00.30 часот С.С.(66) од с.Љубин-скопско пријавил дека пред неговата куќа неколку лица кои дошле со патничко возило пукале со огнено оружје. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници и биле пронајдени чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Ј.(54) од Скопје кому, според пријавеното, додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Петровец, му се слошило и паднал, по што се здобил со тешки телесни повреди. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор за расчистување на случајот. Денеска (10.02.2024) во 00.40 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле Д.П.(20) од Штип поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.02.2024) во 00.35 часот на ул.„101“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З.(24) од Гостивар и Х.М.(24) од с.Форино-гостиварско поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.02.2024) во 00.10 часот во Тетово Х.З.(24) од Тетово пријавил дека И.Ч.(27) и И.С., двајцата од Тетово, по претходна расправија, физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 23.00 часот С.Б.(21) од Тетово пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Илинденска“ во близина на угостителски објект во Тетово физички бил нападнат од М.Н. , кој со остар предмет му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 19.00 часот А.Н.(53) од с.Селце-тетовско пријавил дека на 08.02.2024 во 00.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово две лица, од кои едното го познавал, физички го нападнале, а бил употребен и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 16.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(32) од с.Ново Село-тетовско поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела тешка кражба и обид за тешка кражба во угостителски објекти во Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 во 17.00 часот на ул.„18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.С.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на моторцикл на подрачјето на Чегране-гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина. Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала. Тој, е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 18.30 часот во Кичево, лишен од слобода е 17-годишник од кичевското село Лисичани. Кај него, пронајден и одземен е еден гасен пиштол марка „Екол“, калибар 9 милиметри од кој, по претходна вербална расправија со П.П. и Л.Г. од Кичево, во воздух испукал еден куршум. При извршениот увид, полициските службеници, на местото пронајдоа една чаура од гасен пиштол. По целосно документирање на настанот за кој е известен и јавен обвинител, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.