Денеска (09.02.2024) во 00.35 часот на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Н.(25) од Неготино поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 19.10 часот во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 11.45 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(25) и А.Д.(25) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 16.30 часот во с.Петровец-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Е.(22) и Г.К.(25) двајцата од скопско поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 17.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.П.(35) од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.02.2024) во 00.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од
државата при извршена пасошка контрола и проверка констатирано било дека П.Р.Б.(26) од Република Турција го пречекорил дозволениот престој во државата. Toj бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера (8 февруари) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
На 08.02.2024 во 20.40 часот во с.Волково-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(64) од скопско поради тоа што за него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за затворска казна за сторено кривично дело по чл.297 ст.1 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
На 08.02.2024 во 15.00 часот, во Полициската станица Центар М.Ј. пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.02.2024 во 19.35 часот во Полициската станица Аеродром Б.Т.(38) од Скопје, пријавил дека во училишен двор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 февруари) околу 18 часот и 30 минути во Блок 82 во Тетово, го лишиле од слобода Л.Ц.(20) од Тетово затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. По расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (8 февруари) во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица. Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива, кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина. Нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.02.2024 во 21.00 часот на патарината кај Свети Николе, на автопатот Штип-Миладиновци, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Д.А.(27) и А.Н.(28), двајцата од Свети Николе, затоа што кај Д.А. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.02.2024 во СВР Штип е пријавено дека околу 09.00 часот на земјен пат во с.Криви Дол, штипско Д.З.(72) при управување на трактор изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а Д.З. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.
Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село вчера (8 февруари) во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со А.Н. од Скопје, кој му ветил дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа, а тој за таа услуга однапред му платил 1800 евра. А.Н. подоцна му обезбедил сертификат, но документот бил фалсификуван. Се расчистува и документира случајот.
На 08.02.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Велес В.П.(44) од Скопје пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Денеска (09.02.2024) околу 05 часот во близина на наплатна станица „Романовце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не застанал. На исклучокот за Крива Паланка, возилото излетало надвор од коловозот. Возачот се дал во бегство, а во возилото биле затекнати 10 лица-мигранти од Сирија кои биле без документи за идентификација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. При контрола на патнички автомобил што тој го управувал, извршена во близина на кичевското село Колари, како и при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашаш.
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“. Тој, на 23.01.2024, во близина на охридското село Вапила, бил затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост.
Денеска (09.02.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Р.(47) и В.С.(46) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.02.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје Д.Л.(76) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од негов сосед Ж.И.(35) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.02.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје Х.Е.(47) од с.Кондово-скопско пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Љ.Л. од с.Кондово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.02.2024) во СВР Скопје, А.Д.(40) од Скопје пријавила дека на 08.02.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходно недоразбирање околу мобилен телефон, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од двајца негови соученици и уште едно лице кое го удрило со тврд предмет и му упатувале закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.02.2024 во 18.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на подрачјето на Чаир во Скопје, во училишниот двор на средно училиште, четворица малолетни ученици биле физички нападнати од неколку лица, помеѓу кои и еден соученик од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.М.(24) и Н.И.(30) двајцата од Кавадарци и Р.С.(20) од Неготино,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„разбојништво“. На 24.10.2023 во н.Глишиќ, пријавените извршиле разбојништво над едно лице, при што му го одзеле мобилниот телефон и патничкото возило.
СВР Тетово, поднесe кривична пријава против Г.И.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ На 20.12.2023, А.Р. пријавила дека од страна на пријавениот, со закана и биле земени 5.000 евра како обештетување за навредите кои биле упатени кон него од страна на нејзиниот синпреку социјална мрежа.
СВР Велес, поднесе кривична пријава против Љ.Т. (44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.09.2023 кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против Д.И.(25) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.03.2023 во Делчево, пријавениот, на С.М.(25), му продал марихуана, по што на 14.04.2023 полициски службеници извршиле претрес кај С.М. при што била пронајдена и одземена марихуаната, а истиот ден бил извршен претрес и во домот на пријавениот, кај кого биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
ОВР Валандово, поднесе кривична пријава против А.Г. (40) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.07.2023 при извршен претрес во домот и помошни простории на пријавениот, пронајдени биле марихуана и стебла од канабис.
СВР Тетово, поднесе кривична пријава противА.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“. На 28.11.2023 пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видео снимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката.
СВР Тетово, поднесекривична пријавапротив Р.Р.(68) од с.Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 22.07.2023 при извршена контрола на регионалниот пат Тетово-Јажинце, запрено било патничко возило, управувано од Р.Р. при што констатирано било дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.
СВР Тетово, поднесекривична пријава противС.Р.(63) од г.Палчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.01.2024 на ул. „Видео Смилевски Бато“, запрено било патничко возило , управувано од страна на пријавениот, при што констатирано било дека врши јавен превоз, без да поседува лиценца.
СВР Битола поднесе кривични пријави противМ.П. (54), И.Н. (49), С.Д. (55), М.П. (39), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.12.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, пријавените биле затекнати како вршат јавен такси превоз, без да поседуваат соодветна лиценца и извод од лиценца за вршење на превоз во внатрешниот јавен транспорт.