Утрово (11.01.2024) околу 06.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 јануари) околу 20.30 часот, во с.Пирок-тетовско, го лишиле од слобода Ј.С.(35) од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
На 10.01.2024 во 22.35 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(22) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2024 во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.01.2024 околу 14.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ и бул.„Видое Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(33) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговиот сопатник Х.Ф.(28) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за непочитување на првенство на минување...
Денеска (11.01.2024) во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 10.01.2024 во 11.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo, патничко моторно возило удрило во Т.А.(64) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.
Денеска (11.01.2024) во 01.30 часот во Полициската станица Драчево Р.Б.(41) од с.Батинци пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 10.01.2024 во 14.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, за излез од државата се пријавил В.А.(41) од Молдавија кој бил без соодветени документи за патување. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 10.01.2024 во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
По претходно добиени оперативни сознанија, на 10.01.2024 во 13.45 часот на автопатот "Пријателство" во близина на с. Марвинци од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГН Михајлово било запрено патничко возило "ауди" со скопски регистерски таблички, управувано од Т. П. (38), а во возилото се пронајдени четири лица- мигранти од Кина. Исто така, сопрено е возило "голф" управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото "ауди". Т.О. и Т.П. се лишени од слобода. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Т.(21) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.05.2023 на ул.„Нико Нестор“ во Струга од страна на полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.И.(30) од село во општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.12.2022 во Македонска Каменица, од страна на полициски службеници извршена е контрола на патничко возило „бмв“, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(52) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 21.12.2023 на ул.”Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово од страна на полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени се 550 парчиња пиротехнички средства.
На 10.01.2024 во 15.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П. (28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 09.01.2024 во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово влегол со употреба на сила и одзел пари. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 10.01.2024 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И. (31) од Куманово. Тој се сомничи дека од куќа во местото викано „Бавчи“ во Куманово одзел предмети. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 10.01.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, ги приведоа Е.М.(34), А.М.(39) и М.М.(45), сите од дебарското село Долно Косоврасти. Тие, претходно се затекнати покрај брегот на реката Радика при нелегален ископ на песок, кој потоа го товареле на трактор со дебарски регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ф.(65) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во близина на селото, покрај магистралниот пат Струга- Ќафасан, без одобрение издадено од надлежен државен орган, неовластено изградил деловен објект, што било констатирано од извршен инспекциски надзор.
На 10.01.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко, затоа што, според пријавеното, во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал. М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.01.2024 околу 22 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа патничкото моторно возило марка „Фиат добло“, за кое истиот ден во 17.20 часот сопственикот Д.И. (60) пријавил дека му било одземено. Возилото му е вратено на сопственикот.
На 10.01.2024 година во 12.47 часот во СВР Куманово Д.С. од Куманово пријавил декa во село Шупли Камен, кумановско бил физички нападнат од Н.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.01.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје 68- годишен маж пријавил дека на 09.01.2024 околу 09.30 часот во домот на подрачјето на општина Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од својот син Д.Ч. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.