На 18.11.2023 околу 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.М.(51) од Струмица. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.11.2023 во 22.15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ч.К.(41) и М.И.(38), двајцата од Кавадарци. При преглед на возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.И., биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја, таблета екстази, дигитална вага и други предмети. Додека, при преглед кај лицата, кај М.И. била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител, лицата се приведени во полициска станица и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (18.11.2023) полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесоа кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ член 383 од Кривичниот законик, по што лицата се изведени пред судија на претходна постапка. Имено, на 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир, Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства. По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Денеска (19.11.2023) во 00.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Н.(21) од с.Стајковци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2023 во 14.45 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2023 во 23.00 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле М.П.(43) од Охрид. Тој бил затекнат во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки со уште две лица, а при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2023 во 23.00 час во с.Теарце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(20) од с.Слатино, тетовско. При преглед во возилото „алфа ромео“, кое го управувал, биле пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло...
Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи. Од нив, 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.
Полициски службеници на СВР Тетово, на 18/19.11.2023 во периодот од 23.00 до 05.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, во која биле откриени вкупно 16 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8). Кај најголемиот број од возачите прекршители (13) биле утврдени до еден и пол промили алкохол во крвта (ТЕ-6 и ГВ-7), кај 1 (ГВ) до два промили алкохол, а двајца (ТЕ) одбиле да се алкотестираат. На сите им се изготвени соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противредност и со заштитна мерка - времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 27 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-16 и ГБ-11).
На 18.11.2023 во 10.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, А.Ј.(24) од Швајцарија, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
На 18.11.2023 во 08.20 часот во Полициската станица Центар, П.И.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.
На 18.11.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Кичево, Е.С.(49) од Кичево пријавила дека на булевар „Илинден“ во Кичево нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Денеска (19.11.2023) во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.А. од Тетово. Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 18.11.2023 околу 17.00 часот во с.Тополница, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле контрола на патничко возило „мазда“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Е.А.(26) од с.Тополница. При контролата било констатирано дека на возилото биле поставени регистарски таблички од друго возило. Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 11 возачи. На 18.11.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 10 во населено место.
На 19.11.2023 во 03.30 часот во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Ц.(21) од с.Стајковци, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.11.2023 во 01.40 часот во с.Вевчани, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го привеле Н.Д.(18) од Скопје, со живеалиште во с.Вевчани, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.11.2023 во 09.15 часот во СВР Охрид, Е.А.(60) од Охрид пријавил дека по претходна расправија бил физички нападнат од С.Д.(71) од Охрид. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.11.2023 околу 21.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Мирка Настеска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.К.(39) од Македонски Брод врз Б.М.(35) од Кичево. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.11.2023 во 22.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(43) од Струмица, затоа што агресивно се однесувал во семејниот дом и се заканувал на неговите родители. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.11.2023 во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, К.Н.(24), С.Н.(48), Д.Н.(44) и Н.С.(19), сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.11.2023 во 14.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „11 Октомври“ во Кичево, по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(23), А.Б.(30), Е.Б.(46), С.Б.(31) и Џ.Б.(29), сите од Кичево. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(19) од Куманово, за сторено кривично „криумчарење мигранти“. На 13.11.2023 на автопатот „Пријателство”, кај клучка за Крива Паланка во правец кон Куманово, пријавениот управувал товарно возило „фолксваген транспортер“, во кое при извршен преглед во товарниот дел биле пронајдени 12 мигранти од Непал.
На 19.11.2023 во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ленинова“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М.(18) од с.Пчиња, кумановско, Б.А.(21) од с.Агино Село, кумановско, Д.В.(22) од с.Режановце, кумановско, Д.П.(32) од с.Пчиња и Ф.С.(25) од с.Агино Село. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 18.11.2023 во 13.00 часот во ОВР Прилеп, Л.Т.(57) од Прилеп пријавила дека околу 13.00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ била физички нападната од В.А. – женско лице од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.11.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје, Л.М.(37) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.И. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 19.11.2023 во 08.00 чaсот во СВР Битола, Д.Л.(32) од Словенија, со живеалиште во с.Ивањевци, пријавил дека околу 04.00 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од И.„Н“. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.11.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Раштак, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(62) од с.Раштак и Р.С.(50) од с.Трубарево, скопско. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.11.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(47) и Е.К.(36), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против турскиот државјанин И.М.Т.(19), со привремен престој во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 11.11.2023 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 19.11.2023 во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, И.Ц.(42) од с.Орман, скопско, бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел имале пиштоли, а дел метални предмети, а кои се обиделе да му одземат пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.А.(27) од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.11.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 19.11.2023 во 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во дворно место на ул.„Бајрам Шабани“ било опожарено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х. од Куманово. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
На 18.11.2023 околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во с.Батинци, скопско, бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Батинци. Полициски службеници од Полициската станица Драчево излегле на местото, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 19.11.2023 во 05.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Чаир, две лица со закана кон вработените одзеле пари од прометот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Скопје, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против П.Ј.(51) и Р.М.(47), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „криумчарење на мигранти“. На 12.11.2023 првопријавениот со патничко возило „рено меган“ земено под закуп од правно лице од Куманово, во близина на населба „Караорман“ во Гевгелија прифатил шест мигранти од Сирија, по што на наплатна станица Гевгелија на автопатот „Пријателство” во правец кон Скопје, со возилото удрил во рампата на наплатната станица и избегал. Второ и трето пријавените извршиле помагање на делото така што третопријавениот со патничко возило „опела астра” ги однел прво и второпријавените до седиштето на правното лице и ги дал своите лични документи за да биде впишан како корисник во Договорот за закуп на возило, при што второпријавениот склучил договор за закуп на возилото и му го ставил на располагање на првопријавениот.
Денеска ( 19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето. Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект. Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.