Извадок на дел од дневни настани 18.11.2023

 На 17.11.2023 во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР, во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје. Имено, по преземени мерки и активности, околу 16.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници извршиле преглед над К.К. во близина на неговиот дом, при што биле пронајдени 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Вчера, исто така, по добиена судска наредба, бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 17.11.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(33) од село Чучер Сандево, скопско. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу еден килограм амфетамин распределен во пакувања подготвени за улична продажба, околу половина килограм марихуана, масло од канабис и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 17.11.2023 во 08.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.П.(47) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.11.2023 во 18.15 часот на регионалниот пат од с.Јажинце – Тетово, кај с.Одри, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Ј.(31) од село мала Речица, тетовско. При преглед во возилото „бмв х5“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 7.123 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

Денеска (18.11.2023) во 03.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 18.11.2023 во 00.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.11.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Битола, Г.В.(56) од Битола пријавил дека на ул.„Прилепска“ бил каснат од куче скитник.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 10 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

 

На 17.11.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.Н.(49) од Скопје пријавил дека на крстосница од ул.„Андреа Петковиќ“ со ул.„Ниџе Планина“ бил каснат од куче скитник.

 

На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 

На 17.11.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Ј.(41) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.

 

На 17.11.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило удрило во С.П.(21) од Скопје и го напуштило местото.  Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 17.11.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.О.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Перо Наков“ била касната од куче скитник.

 Денеска (18.11.2023) во 13.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Б. (48) од Скопје. Тој се барал по распишана централна потерница, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што издржувал казна затвор во времетраење од 7 години за сторени кривични дела по член 131 и член 237 од Кривичниот законик. А.Б. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што има за доиздржување уште 2 години, 6 месеци и 14 дена затвор.
 

Денеска (18.11.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(53) од село Лојане, липковско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација. Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.11.2023, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Берово го лишиле од слобода Ј.Г. од Пехчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена едноцевна пушка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.11.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, со судска наредба, извршиле претрес во домот на С.А.(71) од Велес. При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка марка калибар 5.5 мм, 16 патрони со различен калибар и еден оптички дурбин. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.11.2023 во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.В.(49) од Кочани, поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје“ по член 396-а од Кривичниот законик. Полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 мм без фабрички број, односно им биле избришани ознаките. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на возила, меѓу кои и на патничко возило „фиат“, патничко возило „мерцедес“ и патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 17.11.2023, по претходно добиени сознанија за нелегална сеча на дрва, полициски службеници од ОВР Свети Николе, во содејство со Шумска полиција и Шумско стопанство, на повеќе локации во с.Ерџелија, светиниколско, извршиле контрола кај И.Р.(64), С.А.(57), И.К.(56) и М.В.(50), кај кои пронашле бесправно исечени дрва. Дрвата се одземени и ќе бидат предадени на Шумско стопанство за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Денеска (18.11.2023), полициски службеници од СВР Штип - ОВР Берово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Ф.(61) од Берово. При претресот биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ИЖ 56“ калибар 16 мм и 39 куршуми со различен калибар. Запознаен е јавен обвинител и по негови насоки, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.11.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 19 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 7 во населено место.

 

На 17.11.2023 во 21.50 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Карпош, возило со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот С.П.(21) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид е извршен и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

 

На 17.11.2023 во 15.15 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар – Полициско одделение Галате го лишиле од слобода Д.А.(18) од с.Неготино, затоа што упатил закани кон Л.М.(26) од с.Неготино и се обидел да го нападне со дрвен предмет. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.11.2023 во 11.45 часот во ОВР Прилеп, М.Р.(71) од Прилеп пријавил дека на ул.„Леце Котески“ бил каснат од куче скитник.

 

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(33) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 09/10.10.2023, при претрес во неговото патничко возило „голф“, биле пронајдени 2.048,2 грама амфетамин, кокаин и четири таблети MDMА. Од извршен претрес во домот на пријавениот, пак, бил пронајден пиштол.

 

На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде во 16.50 часот починал. Увид бил извршен.  

 

На 17.11.2023 во 11.00 часот во СВР Битола, М.Н.(51) од с.Кукуречани пријавила дека кај Градскиот часовник во Битола била касната од куче скитник.

 

На 18.11.2023 во 02.10 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(26) и Т.Ж.(26), двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од Оризари, кочанско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 23.09.2023 година, при отпочнување на градежни работи во дворно место во Виница, пријавениот физички го нападнал Т.К. од с. Мородвис - Зрновци, по што со тврд предмет замавнал кон него, но бил спречен од друго лице.

 

На 18.11.2023 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, во координација со Државниот инспекторат за шумарство и ловство, по претходна добиена судска наредба, извршиле претрес кај А.Д. од Куманово. При претресот биле пронајдени кафези со заштитен вид на птици. Против А.Д. ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.10.2023 во 13.30 часот во СВР Скопје, В.Х.(39) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот, додека бил на работно место во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бил физички нападнат од В.К., кој бил незадоволен од решението по поднесено барање за финансиска поддршка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 17.11.2023 во 20.20 часот во СВР Велес, М.С.(28) од Велес пријавил дека на ул.„А.Шурков“ бил каснат од куче скитник.

 

На 17.11.2023 во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар – Полициско одделение Галате го лишиле од слобода А.А.(26) од гостиварско село, затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 10.03.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид, поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид. Пријавениот како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот, што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште.

 

На 18.11.2023 во 02.40 часот во ОВР Гостивар, Д.Т.(23) од Гостивар пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.11.2023 во 18.35 часот во СВР Битола, С.М.(67) од Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

 

На 18.11.2023 во 00.12 часот во СВР Скопје, Т.М. од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки било искршено стакло и биле одземени два актовки и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.11.2023 во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 17.11.2023 во 20.45 часот во ОВР Кичево, В.С.(52) од кичевското село Пополжани пријавил дека на улицата „4 Јули“ бил каснат од куче скитник.