Извадок на дел од дневни настани 18.09.2023

Ноќва (18.09.2023) во 01.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода И.Н.(24) од скопско Трубарево. За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 17.09.2023 во 17.10 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода А.К.(41) од с.Горно Оризари, велешко. Тој се сомничи дека во периодот 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат. Покрај ова, пред продавница во Велес тој, лажно претставувајќи се како полициски службеник, од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом, а потоа влегол во неговиот дом во Велес и извршил пребарување но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес. По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (18.09.2023) околу 3 часот и 35 минути, на улица „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 28-годишниот Н.С. од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 17.09.2023 во 22.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода И.Д. (23) и Т.С. (19), и двајцата од село Конче, општина Конче, бидејќи при преглед кај нив, кај И.Д. била пронајдена марихуана. И.Д. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.09.2023 во 17.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода И.К.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.09.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 21.40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 21.30 часот се обидела да влезе во куќа во село Тимјаник, неготинско, со цел да изврши кражба. Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.09.2023 во 21.45 часот во Прилеп, од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Прилеп бил приведен С.Ј.(28) од Швајцарија, поради сторен прекршок по чл.218 ст.8 од Закон за странци. Тој бил задржан во полициска станица по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при управување...

На 17.09.2023 во времето од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 106 прекршување на брзината, од кои 53 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 57 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 49 во населено место, од кои 3 возила се движеле со брзина над 50 километри над час повеќе од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 17.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 21 други видови прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 3 за некористење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.
Вчера (17.09.2023) во 13.40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С., и двете со скопски ознаки. Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 18.09.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј. (вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија 7 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“ извршени од викенд куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(30), А.Д.(18), Џ.И.(33), Т.Ј.(18), А.С.(40) сите од Штип, Ј.М.(20) од Струмица, С.Р.(22) од Радовиш и С.Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

Во текот на изминатиот викенд (16/17.09.2023), полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 194 возачи, од кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(36) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Тој, во својот автомобил „форд мондео“, што го паркирал во авто камп во Охрид, му овозможил на М.К. од Струга да користи марихуана.

 

На 17.09.2023 во 15.50 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Беранци, битолско,  настанал пожар во нива, сопственост на фирма на К.К.(34) од Битола, во кој биле опожарени садници, помошен објект и земјоделски алат. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

На 17.09.2023 во 13.25 часот во СВР Скопје, Т.Т.(77) од Скопје пријавил дека во неговата куќа во с.Побожје, скопско, при изведување на градежни работи во подрумска просторија, биле пронајдени две неексплодирани рачни бомби, кои се безбедно подигнати од полициски службеници за понатамошна постапка.

 

Денеска (18.09.2023) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.П.(32), од една страна и Б.К.(43) и И.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во нејзината ташна, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

 

На 17.09.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, З.В.(64) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Т.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.09.2023 во 21.00 часот во СВР Скопје, Л.К.(77) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од Љ.Д.(50). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесекривична пријава против А.А.(27) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.10.2022 во село Гарани, при извршен претрес од полициски службеници, во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 17.09.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(25) и С.Н.(51), од една страна и Љ.Д.(50), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава противТ.М.(21), државјанин на Р.Турција со престој во Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“. На 19.11.2022 во Штип, при извршен преглед на пријавениот и патничко возило, од страна на полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 17.09.2023 во 14.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ф.Д.(26), Д.Д.(28), С.Ѓ.(22), сите од Виница и П.Ѓ.(23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.12.2021 во Виница, при извршен претрес од полициски службеници, во домот на прво и второпријавените е пронајдено и одземено растение канабис, кај трето пријавениот била пронајдена и одземена марихуана, а четврто пријавениот овозможил да користат наркотични средства.

 

На 17.09.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(58) и З.Г.(56), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

На 17.09.2023 во 18.50 часот во СВР Скопје В.Л.(29) од Скопје, пријавил дека околу 16.15 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.