Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 17.09.2023

На 16.09.2023 во 16.10 часот во Скопје на подрачје на Чаир од полициски службеници е лишен од слобода Х.Ш.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за управување под дејство на алкохол, шест мерки за користење мобилен телефон при управување...

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска (16/17 септември) од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 25 возачи (ТЕ-14 и ГВ-11). Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) утврдени се над 2 промили алкохол. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци.При контролата, исто така, биле санкционирани и 19 други видови на сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-11).

На 16.09.2023 во 15.55 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од Тетово и електричен тротинет управуван од малолетник од с.Гургурница, тетовско. По несреќата, малолетникот бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На 16.09.2023 во 20.00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром“-Скопје од полициски службеници е лишен од слобода А.Ј.(22) од Пакистан затоа што по извршената пасошка контрола и проверка во службената евиденција од полициските службеници било констатирано дека тој за влез во државата приложил кипарски привремен престој од друго лице. А.Ј. е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции –Скопје за понатамошна постапка.

На 16.09.2023 во 10.10 часот во Полициска станица Аеродром Б.Г.(27) од Скопје пријавил дека на ул. „Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник.

На 16.09.2023 во 22.30 часот во Полициска станица Чаир Н.К.(45) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул. „Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

На 16.09.2023 во 15.20 часот е пријавено дека на регионалниот пат Р1-206 во с.Врапчиште, гостиварско, малолетник од с.Врапчиште управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата малолетникот е пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

На 17.09.2023 во 02.45 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода Л.Н.(34), С.З.(28), Б.А.(38), Х.И.(38) сите од Тетово и Е.К.(30) од Р.Албанија затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2023 во 05.48 часот во Полициската станица Кочани, било пријавено дека на локалниот пат с.Облешево-с.Бања, патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево, излетало од коловозот. По несреќата возачот бил пренесен во болницата во Кочани, каде од здобиените повреди починал. Увидот на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кочани. По насоки на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

На 16.09.2023 во 17.15 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на турските гробишта во с.Здуње, гостиварско во близина на коритото на река Вардар при извршување на градежни работи на местото за автопатот Коридор-8 била пронајдена мина 82 мм од Втората светска војна. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а експлозивната направа е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

На 17.09.2023 во 04.50 часот во Полициска станица Бит Пазар Д.Х.(50) од Скопје пријавил дека во 04.40 часот во казино на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од А.Ќ.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници. На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 16.09.2023 околу 20.00 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека во с.Морани, скопско по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која бил употребен тврд предмет, помеѓу Н.М.(32) и Ф.И.(48) двајцата од с.Морани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.09.2023 во 01.50 часот во ОВР-Прилеп М.И.(23) од Битола пријавила дека околу 00.10 часот во Прилеп во близина на маркет била физички нападната од нејзиниот познаник Х.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.09.2023 во 09.00 часот во с. Мала Речица, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Н.Р.(55) од с.Мала Речица, затоа што, според пријавеното, околу 07.45 часот во с. Мала Речица по претходна расправија физички го нападнал со тврд предмет неговиот брат Б.Р.(53) од с. Мала Речица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2023 во 05.50 часот во с.Долна Лешница, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.Д.(20) од с.Фалише, тетовско затоа што по извршен преглед кај него и во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена ловечка пушка „црвена застава М75“ и четири куршуми. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2023 во 04.35 часот во Тетово од полициска службеници од СВР Тетово е лишен од слобода С.Д.(23) од Тетово затоа што претходно го нарушил јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.09.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 21.00 часот во Медицински центар Струмица е донесен повреден М.М.(59) од с.Вељуса, струмичко кој, според пријавеното, околу 13.00 часот додека извршувал градежни работи на објект во Струмица врз него паднал тврд предмет. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, а за настанот е известен и трудов инспектор.

На 16.09.2023 во 18.30 часот во СВР Велес Т.А.(27) од Велес пријавил дека на 15.09.2023 во 21.53 часот во Велес бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.09.2023 во 23 часот во с.Ореше, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37) од с.Десово, прилепско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше. При преглед кај него, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С. е осомничен и за други кражби на подрачје на с.Богомила и с.Ореше. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.09.2023 во Полициска станица Центар Д.М.(47) од Скопје пријавил дека во 18.20 часот на раскрсницата на подрачје на Центар по претходно недоразбирање во сообраќајот две лица му упатувале закани и се обиделе физички да го нападнат него и неговиот син, при што му го оштетиле неговото патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.09.2023 во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17.00 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2023 околу 01.50 часот во СВР Велес е пријавено дека во угостителски објект во Неготино по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К. и А.П. од една страна и Ф.М. и Д.Д. од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.09.2023 во СВР Штип е пријавено дека околу 03,00 часот пред казино во Кочани Б.М.(24) од Кочани бил физички нападнат од О.Ц., К.Д. и уште едно лице, сите од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.09.2023 во СВР Штип е пријавено дека околу 16,40 часот во Кочани по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(35), С.А.(31) и Љ.А.(36) од една страна и С.Н.(70) и Д.Н.(68) од друга страна , сите од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 16/17.08.2023 од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Струга-03, Кичево-05). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.