Извадок на дел од дневни настани 15.09.2023

На 14.09.2023 околу 20.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода М.Џ.(24) од с.Батинци. Тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Д.Б.(22) од Виница и Р.Д.(28) од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 13.09.2023 до 06.00 часот на 14.09.2023 со употреба на сила и погоден алат влегле во објект на поранешна млекарница во с.Сопот и одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во 01.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(53) од село Иловица, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.Р.(21) од Радовиш и Т.Ј.(18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени во септември од лица од струмичко. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 14.09.2023 во 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2023 во 15.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.09.2023 во 03.55 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.К.(50) од струшкото село Велешта, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во 14.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода В.Т.(48) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода П.Н.(43) од Штип. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.И.(36) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 376 возачи. Од нив 277 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 49 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола, 11 за нерегистрирано возило и 10 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е еден возач поради неприлагодена брзина на движење од 104 км/ч во населено место, а исто така, и еден возач на товарно моторно возило поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 1.61 промили.

Во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 91 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 12 мерки за користење мобилен телефон при управување...

Вчера (14.09.2023) од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават мотоциклистите. При контролата биле констатирани вкупно 15 прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-12). Најголемиот број од откриените прекршоци (ГВ-9) се однесувале на некористење на заштитни шлемови, односно кациги, 2 мотоциклисти (ГВ) управувале без положен возачки испит и валидна возачка дозвола и др. На прекршителите изготвени им се поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

На 14.09.2023 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Агино Село, кумановско, патничко возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.М.(63) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Г.Ј.(58) од Куманово, З.В.(60) од с.Проевце, кумановско и Л.Ј.(63) од с.Доброшане, кумановско, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 15.09.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(31) од струшкото село Франгово и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(34) од селото Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., констатирани во болницата „Сав.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.О. и неговиот сопатник А.В.(23) од Велешта, констатирани во Општа болница Струга. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

На 14.09.2023 во 08.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(49) од Струмица и патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(39) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 14.09.2023 во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната гостиварка Ѓ.Р., удрило во велосипед што го управувал 56-годишниот гостиварец Е.М.. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 14.09.2023 во СВР Битола, В.Л.(43) од Битола пријавил дека на паркинг кај Нов пазар во Битола бил каснат од куче скитник .

На 14.09.2023 во 10.50 часот во Полициската станица Центар, Б.К.(31) од Скопје, пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 14.09.2023 во СВР Битола, Ц.К.(43) од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола била касната од куче скитник.

 

На 14.09.2023 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија. Денеска (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога. По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал. Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување“ и „неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, вработена во ЈП „Комунално“ во Струга, на 16.08.2023 и 18.08.2023, неовластено одзела платежни картички од две лица кои при наплата ги заборавиле на пултот, по што ги користела за свои потреби.

 

На 14.09.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(39) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.09.2023 во 20.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(47) и О.П.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од с.Мустафино, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,затајување“. Пријавениот, вработен како економ во ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, во јуни, јули и август 2023 година, во 18 наврати на бензинска пумпа во Свети Николе полнел гориво во туби, а на вработените на бензинската пумпа им укажувал да изготвуваат испратници за фактура и им ги давал картичките со податоци за службените возила на Здравствениот дом кои му биле доверени, со што противправно присвоил гориво во вредност од 79.891 денари на штета на ЈЗУ Здравствен дом.

 

На 14.09.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од училиште во с.Грушино, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(64) и С.А.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.09.2023 во 01.15 часот во ОВР Кавадарци, чувар во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци пријавил дека неколку лица фрлале со метални и други тврди предмети и ја оштетиле влезната врата. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.09.2023 во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ биле донесени двајца малолетници од Скопје, при што кај едниот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другиот телесни повреди. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите од физички напад од две лица во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (15.09.2023) во 00.40 часот во СВР Скопје, В.В.(31) од Струмица пријавил дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.С.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(27) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, во август 2022 година, кога бил на викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, набавил хероин кој го внел во установата, а на 01.09.2022, при извршен претрес во собата на пријавениот, дрогата била пронајдена и одземена.

 

На 14.09.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 31-годишна жена од скопско пријавила дека пред неколку месеци во училишен двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и малтретирана од две нејзини врснички. Од настанот бил направен видео запис и откако таа го видела, пријавила во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (15.09.2023) во 00.05 часот во СВР Скопје, С.Б.(59) од Скопје пријавил дека на 14.09.2023 околу 23.00 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.09.2023 во 09.04 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во текот на претходната ноќ бил опожарен влез на спортска обложувалница на подрачје на општина Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.А.(44) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 01.06.2023 на социјалната мрежа „Фејсбук“, на објава на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал говор на омраза и дискриминација.

 

На 14.09.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје, К.М.М.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.09.2023 во 09.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2022 во ОВР Струга, од граѓанин била пријавена пронајдена женска чанта со пари, лични документи дробилка и марихуана, која и припаѓала на пријавената.

 

На 14.09.2023 околу 16.40 часот на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност забележале патничко возило „бмв“ со француски национални ознаки, кое превезува лица мигранти. Возилото не застанало на даден знак за запирање од полициските службеници, но набргу, по преземени мерки, било пронајдено на бензинска пумпа пред патарина „Романовце“. Притоа, во возилото биле затекнати седум лица мигранти (едно од Сирија, едно од Авганистан и пет од Ирак), од кои тројца малолетници. По насоки на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.а