Денеска (12.08.2023) во 07.40 часот на бул.„Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“. Тој управувал патничко возило „опел сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати 8 лица илегални мигранти од Сирија. К.В. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија.
На 11.08.2023 во 20.35 часот на кеј на река Вардар, на подрачјето на Влае, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 21.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р.(26) од с.Градец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 22.35 часот на подрачјето на Хром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 22.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.З.(29) од Р.Словенија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 02.40 часот во Полициската станица Струга биле приведени К.С.(19), Х.Ц.(22) и М.З.(22), сите од Р.Албанија, поради непријавен престој во Р.С.Македонија, а од страна на Основен суд Струга им била изречена парична глоба.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Денеска (12.08.2023) во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с.Проевце, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 11.08.2023 во 10.50 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ш.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Паровиќ“ била касната од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против П.К.(18) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.10.2022 во Ресен, полициски службеници го затекнале пријавениот како продава марихуана на друго лице.
На 11.08.2023 во 09.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(73) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
На 11.08.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на место викано „Ергеле“ бил каснат од куче скитник.
На 11.08.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. Од извршената вонредна контрола и претресот беа констатирани голем број на неправилности, односно дека во правното лице не се исполнети барањата за обезбедување и надзор, а оградата и бриновиот елемент биле оштетени. Покрај ова, објектот е без електрична енергија, а од проверките во Агенцијата за вработување евидентирани се само две вработени лица, кои не биле затекнати на местото, наспроти двете затекнати лица, албански државјани, кои не биле вработени во правното лице, од кои едното има забрана за влез во државата и при доаѓање во објектот тоа се дава во бегство, но набргу било пронајдено и приведено. Во магацинот за готов производ, т.н. СЕФ-соба биле пронајдени 327,3 килограми сув цвет спакуван во алуминиумски вреќи, што е спротивно на член 29-Ѓ од Закон за контрола на опојна дрога и психотропни супстанции, а според официјалното Известување доставено до Министерство за здравство, дополнително бил констатиран вишок од 23,3 килограми сув цвет од канабис. Исто така, затекнати биле 2.746 растенија од канабис кои се одгледуваат во надворешниот простор на правното лице, спротивно на предвидените услови. Сите пронајдени стебла од канабис и сув цвет од канабис по насоки на Јавен обвинител при ОЈО Гостивар, во текот на денешниот ден (12.08.2023) се одземени, а по комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар против правното лице и против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно Законот за контрола на опојни дроги, a од страна на Комисијата ќе биде поднесен предлог за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели.
На 11.08.2023 околу 19.00 часот во ОВР Дебар приведени се С.Т.(21) од селото Папрадник и С.М.(24) од селото Бајрамовци, општина Центар Жупа. При преглед извршен на локален пат во близина на Дебарското Езеро, полициските службеници кај нив пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.08.2023 во 17.30 часот, во полициската станица во Струга приведен е Е.П.(23) од струшкото село Биџево. При преглед извршен на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа метален пендрек. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (12.08.2023) во 04.30 часот во СВР Скопје Ѓ.С.(24) од Скопје пријавил дека околу 01.10 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од четири лица кои се обиделе да му одземат лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 18.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Полициската станица Карпош ја лишиле од слобода В.П.(40) од Скопје, поради тоа што околу 15.40 часот во казино агресивно се однесувала и физички нападнала лице вработено како обезбедување кое вршело службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 15.40 часот во струмичко полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.С.(59), поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(64), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.05.2023 на регионален пат Тетово – Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Денеска (12.08.2023) во 05.20 часот во СВР Тетово, Н.М.(19) од с.Доброште пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект во Тетово, каде работел, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.Н. и неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Љ.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„69“ бил каснат од куче скитник.
На 11.08.2023 во 22.00 часот во неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42), поради тоа што во домот со тврд предмет физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.08.2023 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Тетово, во близина на угостителски објект, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Т.(53) од с.Бродец и С.Н.(45) од с.Селце. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(26), поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.06.2023 на регионалниот пат Тетово-Пирок, во село Горно Палчиште, полициски службеници кај него пронашле и одзеле амфетамин и марихуана, а и претходно бил приведуван поради сторено исто кривично дело.
На 11.08.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во Свети Николе, Ј.К.(70), кој имал здравствени проблеми, паднал од неоградена тераса од куќата. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Во координација со Јавен обвинител увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
Денеска (12.08.2023) во 05.50 часот во СВР Тетово, М.А.(65) од с.Копачин Дол пријавил дека во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од А.К. и С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 16.00 часот во СВР Куманово, 71-годишник пријавил дека на 09.08.2023 во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од неговиот внук С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 09.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Ј.(48) од Скопје пријавил дека во с.Раштак бил каснат од куче скитник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Т.(32) од село Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.11.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Денеска (12.08.2023) во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 11.08.2023 околу 22.30 часот на подрачјето на Карпош двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати со тврд и со остар предмет од Н.Т. и уште две лица, кои се обиделе на едниот да му ја одземат веспата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Виница, С.А.(20) од Виница пријавила дека околу 11.30 часот во Виница била физички нападната од К.К.(69). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.08.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Ѓ.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ била касната од куче скитник.