Извадок на дел од дневни настани 25.05.2023

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (24.05.2023) околу 10.20 часот го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.И. од тетовско Слатино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка. Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.05.2023 година во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.
Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица - Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2023 во 23.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.(31) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и 5 дробилки, а при преглед на неговото возило биле пронајдени и одземени 50 парчиња држачи за муниција, куршум калибар 7.62 мм и два ножа. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера (24.05.2023) околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец Б.И.. Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а набргу бил спроведен во установата. Нешто подоцна, околу 16.20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 35-годишниот гостиварец А.С. за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово. И А.С. бил спроведен во оваа установа за издржување на затворската казна.

На 24.05.2023 во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато" од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И.Г.(29) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Вчера (24.05.2023) околу 20.30 часот, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Д.Ј., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 14.10 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Л.В.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека во 10.55 часот на крстосница од булеварите „Партизански одреди“ и „Св.Климент Охридски“, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, по што го напуштил местото. Во незгодата со повреди се полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 11.50 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата по извршена пасошка контрола било констатирано дека А.М.(32) од Р.Србија се наоѓа во оперативната евиденција со распишана меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 24.05.2023 во 13.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата бил приведен К.Ф.(46) од Р.Грција, кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на сообраќајна дозвола. Тој заедно со возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возач почетник, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Вчера (24 Мај) од 11.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

На 24.05.2023 во 07.15 часот било пријавено дека на патот за с.Долно Оризари во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „мерцедес“, управувано од Г.Н.(34) од с.Долно Оризари и патничко возило „шкода“, управувано од М.Т.(66) од истото село, двете со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 24.05.2023 во 18.50 часот било пријавено дека на локалниот пат Штип – Плачковица, во близина на археолошки локалитет Баргала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.Д.(24) од с.Аргулица – општина Карбинци и патничко возило „форд фиеста“, управувано од М.С.(52) од Штип, двете со штипски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фиеста“, З.М.(27) од Штип, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Вчера (24.05.2023) во 15.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Сретковски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со скопски регистарски ознаки: „хундаи“ управувано од 56-годишниот Ш.С. од тетовско Рогле и „фолксфаген голф“ што го управувал 55-годишниот Љ.С. од Скопје. Во несреќата, возачот Ш.С. се здобил со тешки, а возачот Љ.С. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 24.05.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

И.С.(49) од гостиварско Врапчиште вчера (24.05.2023) во 22.30 часот во СВР Тетово пријавил дека на локален пат во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (25.05.2023) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик. Тој, во својство на службено лице – вработен во Затворска полиција во КПУ-КПД Идризово Скопје, го ослободил осуденото лице Д.К. од Куманово, овозможувајќи му да избега од установата. Имено, Ј.Ј. на 20.05.2023, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2. Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот. Истиот ден, околу 09.16 часот во казино на ул„Благоја Стефковски“, осуденикот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. За кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка ЦЗ 85“.

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 573 возачи. Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 287 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 286 надвор од населено место.

На 24.05.2023 околу 11.35 часот во СВР Велес е пријавено дека во Итна медицинска помош биле донесени повредени З.Ж.(63) и Ѓ.М.(62), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие околу 11.00 часот, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37) од Велес, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

На 24.05.2023 во 11.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.И.(50) и нејзината мајка Ѓ.Б.(69), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2022 од 11.00 до 17.00 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на Струга и Дебар, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 возачи, кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Струга-19, Кичево-23).

На 24.05.2023 во 23.00 часот Ќ.Р.(32) од с.Идризово, скопско, пријавил дека околу 22.45 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од В.Х.(18). Исто така, денеска (25.05.2023) во 01.40 часот, В.Х. пријавил дека околу 00.30 часот бил физички нападнат од Ќ.Р. со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2023 во 17.26 часот во Полициска станица Гази Баба, С.Ш.(43) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека додека управувал патничко возило „фолксваген голф 5“ со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Гази Баба, поради недоразбирање во сообраќајот, Љ.И.(19) од истото село, кој управувал мопед, испукал од пиштол кон пријавителот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.П.(21) од Битола, поради постоење основано сомнение за кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“. На 08.09.2022 во Прилеп, кај Домот на културата „Марко Цепенков“ бил затекнат пријавениот заедно со уште три лица, во чија близина била пронајдена марихуана.
На 24.05.2023 околу 16.15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека околу 15.00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, маж на возраст од околу 60 години недолично се однесувал кон три малолетнички од Скопје, ги допирал и им нудел алкохол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2023 во 22.10 часот, В.С.(57) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Денеска (25.05.2023) во 14.30 часот на ул.„Крсте Асенов“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.М.(58) од Скопје. За него била распишана централна потерница со која се барал по наредба од Основен кривичен суд - Скопје како осудено лице на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено - поправна установа.

Денеска (25.05.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт со моторно возило за време на активна забрана за возење, при што исклучени од сообраќај се 14 возачи .За време на контролата откриени се и 14 останати прекршоци.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.