Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 23.05.2023

На 22.05.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. На пазарот во Велес тие се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција. Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари. Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.05.2023 околу 20.30 часот на улица „Железничка“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 46-годишната С.Ѓ. од Гостивар. Таа се сомничи дека извршила кражба во трговски објект во Гостивар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против С.Ѓ. ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2023 во 17.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода К.К.(36) и А.Н.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.05.2023 на ул.„5“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност ги лишиле од слобода Т.Ж.(30) и Г.Ј.(31), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово, на 22.05.2023, околу 15.10 часот на улица „176“ во Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот тетовец Г.З., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (22.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.

На 22.05.2023 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 22.05.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Д.(34) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 22.05.2023 во 12.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К.. Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 22.05.2023 во 10.50 часот во Полициска станица Гази Баба, В.Н.(45) од с.Булачани, скопско, пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ била касната од куче скитник.

На 21.05.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа“, управуванo од И.В.(49) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од А.А.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

  
Денеска околу 07 часот на регионален пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и шест од Сирија. Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ј.(64) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција. На 01.03.2023, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата.

Денеска 23.05.2023, во периодот од 08.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола во која вкупно биле откриени, санкционирани и исклучени од сообраќај 6 технички неисправни возила (ТЕ-4 и ГВ-2). Три од нив имале неисправни сопирачки (ТЕ-2 и ГВ-1), 1 (ГВ) возило неисправни светлосни уреди и 2 (ТЕ) други технички недостатоци. На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки. При контролата, исто така, биле санкционирани и 2 (ТЕ) лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, како и 10 (ТЕ) возачи кај кои биле утврдени други недостатоци.

На 23.05.2023 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Г.И.(40) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 03.20 часот на улица „Гоце Делчев“ со остар предмет го нападнала М.С. (43) од Куманово и му нанела повреда, констатирана во Општа болница Куманово. Г.И. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Дебар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 29.04.2023 во семејниот дом во Дебар агресивно се однесувал кон неговата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.

На 22.05.2023 во Полициската станица Кочани, две жени на возраст од 47 и 52 години и 75-годишник, сите од Кочани, пријавиле засебни случаи на измама од страна на Х.Д. од Кочани, извршени во текот на 2022 година. Според пријавеното, таа во различни периоди дошла во нивните домови и им барала пари на заем под разни изговори, при што од нив земала соодветно 500, 400 и 300 евра, но до моментот на пријавување не им ги вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Во текот на 2022 и февруари 2023 година, пријавената остварила средба со две лица од Гостивар и гостиварско и од нив земала по 1.000 евра под изговор дека може да им посредува за добивање работна виза во Германија. Таа не им обезбедила визи и не им ги вратила парите, а откако била пријавена, полициски службеници ја лишиле од слобода и ѝ е поднесена пријавата.

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него, му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во СВР Битола, Б.Д.(76) од Битола пријавил дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 22.05.2023 во 17.30 часот во СВР Штип, 59-годишен штипјанец пријавил дека неговиот син бил измамен од лице од Скопје за сума од 9.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и се договориле со неговиот син да му изврши транспортни услуги од Скопје до Република Србија, но пред да тргне во Скопје на лице од Штип да му ги даде парите кои наводно му ги должел, по што тој ќе му ги врати кога ќе се сретнат. Како што е пријавено, неговиот син ги дал парите и кога пристигнал во Скопје неколку пати го барал лицето, но тоа било недостапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во 20.10 часот во Полициската станица Центар, Х.М.(18) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 19.15 часот на подрачјето на Центар, тој и М.С. биле физички нападнати од две лица, од кои едното му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете. Според пријавеното, малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.01.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана. Претходно, на 30.01.2023 полициски службеници извршиле преглед кај друго лице од Гевгелија и кај него пронашле и одзеле амфетамин, кој го купил од пријавениот.

На 22.05.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Радовиш, Б.Ф.(47) од Радовиш пријавила дека на улицата „Св.Спасо Радовишки“ во Радовиш била касната од куче скитник.

На 22.05.2023 во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при хируршка интервенција бил изваден проектил од огнено оружје од пациентот Д.П.(21) од с.Бразда, скопско. Имено, на 18.05.2023 тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при што изјавил дека паднал во дворот, и, како што рекол, се повредил од метален предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(53) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“. На 11.04.2023, кај с.Плетвар, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се превезувала пријавената, при што кај неа биле пронајдени одземени 4.000 капсули трамадол.