Извадок на дел од дневните настани 02.04.2023

Ноќва (02.04.2023), во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик. За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

На 02.04.2023 во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(25) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 22.25 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.О.(42) и Ј.Ј.(33), двајцата од с.Добри Дол, гостиварско, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.04.2023 во 02.25 часот во угостителски објект во Градскиот парк Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во с.Волково, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т.(20) од с.Волково, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.04.2023 во 02.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(23) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 околу 23.15 часот на автопатот Штип-Миладиновци, кај наплатна станица Кадрифаково, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(28) од с.Ињево, радовишко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 23.40 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(20) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 22.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за неносење сигурносен појас и една санкција за возач почетник...

Во текот на изминатата вечер (01/02.04.2023), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 53 возачи. Од нив, 16 на територија на Битола, 31 во Прилеп, 4 во Ресен и 2 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 97 други видови прекршоци.

На 02.04.2023 во 05.40 часот во Кочани, на магистралниот пат А-3 Делчево-Штип, кај место викано „Чифлички бунари“, Т.А.(20) од с.Уларци, кочанско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата, возачот Т.А. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Б.Н.(18) од истото село со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кочани. Увид извршила екипа од Полициска станица Кочани.

На 01.04.2023 во 21.00 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.К.(68) од Скопје пријавил дека на ул. „Михаил Чаков“ бил каснат од куче скитник.

На 01.04.2023 околу 07.00 часот на крстосница од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Б.Ѓ.(24) од с.Доброшане, кумановско и патничко возило „форд фокус“, управувано од Д.Д.(66) од с.Биљановце, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата возачот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Во координација со Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Куманово.

На 01.04.2023 во 17.30 часот во Полициска станица Аеродром, В.П.(40) од Скопје пријавил дека на бул. „АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 02.04.2023 во 05.00 часот во СВР Велес е пријавено дека во куќа на ул. „Васа Кошулчева“ во Велес настанал пожар, при што во една од просториите е пронајден починат Д.Н.(67) од Велес, кој живеел во куќата. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт како последица од пожарот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По насоки на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 01.04.2023 во 21.00 часот во Полициска станица Карпош, Ѓ.К.(39) од Скопје пријавил дека пред средно училиште на подрачјето на Карпош бил каснат од куче скитник.

На 01.04.2023 во 11.00 часот Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е лишен од слобода С.Р.(50) од Гостивар, затоа што по претходна расправија, околу 09.30 часот, во семејната куќа во Гостивар му упатувал закани на неговиот 77-годишен татко и се обидел физички да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.04.2023 околу 23.46 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Л.Н. пријавила дека на ул. „Лука Геров“ во Скопје настанал пожар во контејнер. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На 02.04.2023 во 01.50 часот пред угостителски објект во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(20) од Богданци, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник. За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01/02.04.2023 од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид се преземени засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-04, Кичево-05). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на 01/02.04.2023 спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани биле вкупно 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај двајца (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до еден и пол промили алкохол. Сите алкохолизирани возачи - прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци. Покрај ова, биле констатирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-11), кои биле соодветно санкционирани.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(21) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При сообраќајна контрола извршена на 27.02.2023 во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како врши такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува важечка лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 01.04.2023 во 19.00 часот во Полициска станица Драчево, Н.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Ф.Т., кого го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2023 околу 00.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на објекти на дипломатско претставништво и на државна институција на подрачјето на Центар биле оштетени таблите со натписи. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(41) од с.Црвци, кичевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 25.08.2022 на магистрален пат Струга-Дебар, при преглед на патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, била пронајдена марихуана.

На 01.04.2023 во 21.30 часот во Полициска станица Гази Баба И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 21.15 часот во објект на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во кој биле опожарени кабли. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На 02.04.2023 во 01.30 часот во Полициска станица Драчево, П.Б.(31) од Скопје пријавил дека на околу 01.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.04.2023 во 17.32 час во СВР Куманово Ф.Г.(31) од Куманово пријавил дека во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Ф.(33) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Р.(51) од с.Банско, струмичко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 05.03.2022 на ул. ,,Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при извршен преглед кај едно лице од с.Бориево, била пронајдена марихуана која ја набавил од пријавениот.

На 01.04.2023 околу 09.35 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп, по претходна расправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.В.(48) и З.А.(57), двајцата од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.04.2023 во 11.26 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек, во близина на хотел во Штип, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Г.М.(39) од Злетово бил физички нападнат од В.М.(52) од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.04.2023 во 20,10 часот во с.Д.Бањица, гостиварско, од полициски службеници од Полициска станица Гостивар приведена е М.М.(40) од Гостивар, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.03.2023 во 12.00 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека од медицинска установа на подрачјето на с.Бардовци, скопско, се оддалечил У.Д.(46) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(44) од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.03.2023 во 17.00 часот во Гостивар, на ул.„Мара Угринова“, полициски службеници при извршен преглед на пријавениот и во неговиот дом пронашле кокаин.

На 01.04.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„2“ во с.Сарај, скопско, настанал пожар во патничко возило „тојота“, сопственост на Љ.Ѓ.(58) од с.Сарај и патничко возило „фиат пунто“, сопственост на Ј.Ѓ. од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.12.2021 на улица „Слога“ во Кавадарци полициски службеници ја забележале пријавената како фрла опаковки со хероин.

Денеска (02.04.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава од 01.04.2023 примена во 21.00 часот од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, според која тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата. Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 19.10 часот во Полициско одделение Галате, А.Р.(59) од с.Врањовце пријавил дека околу 18.00 часот во работилница во с.Зубовце, гостиварско, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.