Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 31.03.2023

На 30.03.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т. (18) од Куманово. При преглед кај него на улицата „Пиринска“ во Куманово била пронајдена марихуана, додека подоцна при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени уште 10 опаковки марихуана и една дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (31.03.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стрчин“ во Битола лишени од слобода се А.Ј.(33) и И.Ѓ.(37) од Битола. При преглед кај нив е пронајдена ќеса со грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Ноќеска (31.03.2023) околу 03.45 часот, на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот А.К. од тетовски Порој, кој се обидел да изврши кражба во паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, но бил забележан додека го вршел кривичното дело. Се расчистува и документира случајот по што ќе следува поднесок.

На 30.03.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Е.(34) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.03.2023 во 14.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.В.(35) и М.И.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.03.2023 во 15.20 часот во с.Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ј.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (30.03.2023), во периодот од 10.00 до 14.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 243 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

На 30.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 25 прекршоци, од кои 13 во населено место и 12 надвор од населено место. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои, 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за претовар, 1 за непочитување првенство на минување, 7 за некористење сигурносен појас, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени заштитни фолии.

На 30.03.2023 од 10.00 до 16.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово реализирана е контрола на техничката исправност на возилата. При контролата откриени и санкционирани биле 5 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-3), од кои 4 (ТЕ-1 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, а 1 (ТЕ) неисправни други уреди, системи и опрема. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се законски предвидените поднесоци. Покрај тоа, санкционирани биле и 2 возила (ТЕ) поради претовар и други недостатоци. Со соодветни поднесоци, исто така, а поради констатирани недостатоци, биле заокружени и 3 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1) кои се однесувале на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 9 (ТЕ) погрешно паркирани возила и 13 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-3).

На 30.03.2023 вo 23.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец било пронајдено починато машко лице кое било удрено од моторно возило. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.

На 30.03.2023 во 20.50 часот во Полициската Центар, С.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Васил Ѓоргов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Денеска (31.03.2023) во 08.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на бул.„М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Џ.(38) од Прилеп пријавил дека на ул.„16. Македонска бригада“ бил каснат од куче скитник.

На 30.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Ц.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник. 

На 30.03.2023 околу 13.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 32-годишната Б.Ј. од гостиварско село, која во гостиварската Модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар. Се расчистува и документира случајот и ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола вчера (30.03.2023) на ул.„Краварски пат“ во Битола запленија околу четири килограми марихуана и лишија од слобода пет лица: Г.К.(54) и В.И.(38), двајцата од Битола, А.Д.(34) и А.С.(23), двајцата од с.Мало Турчане, гостиварско и А.Џ.(36) од Гостивар. Имено, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во с.Кравари, битолско, забележано е патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, а едно лице кое се превезувало со возилото во близина на влез во фабрика за производство на медицински канабис подигнало ќеси со марихуана. Откако возачот ги забележал полициските службеници, од возилото исфрлил две ќеси со марихуана. Од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата на за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена Наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во правното лице во с.Кравари, при што се констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.К.(76) од кичевското село Црвинци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој во текот на 2022 година во месноста „Бадеми“, во близина на Дебарското езеро, неовластено оградил и узурпирал државно земјиште во вкупна површина од 351 м2, каде без соодветна документација изградил монтажен објект.

На 30.03.2023 околу 21.10 часот кај бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во близина на с.Табановце полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север во неколку наврати дале знак за запирање на патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Б.(45) од Скопје, но тоа не сопрело. Малку подоцна во возилото било запрено и во него биле пронајдени двајца мигранти од Сирија. Лицата мигранти се сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2023 во 01.17 часoт во СВР Скопје е пријавено дека околу 01.00 часот во населба Ќерамидница во Скопје, во барака сопственост на Е.З., настанал пожар од плинска боца, од кој била зафатена и барака сопственост на А.Е.(30). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Повредени лица нема. Увид ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од струшкото село Калишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој во февруари 2022, на катастарска парцела на ул.„Маршал Тито“ во Струга, извршил неовластена градежна доградба на постоен објект, без одобрение и спротивно на Законот за градба. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на доградениот објект.

На 30.03.2023 во 18.14 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во фурна на подрачјето на Чаир починал вработениот Т.И.(48) од Р.Косово. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

На 30.03.2023 во 21.40 часот Ѓ.Т.(55) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(36) од с.Мусинци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 15.03.2023 на регионалниот пат с.Добрушево - с.Мусинци, пријавениот со употреба на сила од Г.Р. одземал пари.

На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 30.03.2023 околу 11.55 часот во Полициска станица Карпош, И.С. од Скопје пријавил дека во стан на подрачје на Карпош, го пронашол неговиот колега А.Т.(60) од Р.Грција, кој престојувал во станот, паднат на подот без знаци на живот. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Во текот на вчерашниот ден (30.03.2023), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење... На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.

На 31.03.2023 во 05.54 часот на регионалниот пат Кадрифаково-Штип, во правец од крстосница со с.Варсаково кон крстосница со с.Три Чешми, во близина на клучка со с.Врсаково – Штип, К.Ф.(66) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип.

Денеска (31.03.2023) во 10.20 часот, вработен во обложувалница на подрачјето на Бутел, пријавил дека две лице со закана со оружје одземале пари. Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот.
Триесет и тригодишниот А.З. од тетовска Стримница ноќеска (31.03.2023), во 00.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово бил каснат од куче скитник.