Извадок на дел од дневни настани 28.03.2023

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 4 кривични дела „тешка кражба“, од кои една „тешка кражба“ извршена на 13/14.03.2023 од обложувалница во Штип, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип. Останатите три кривични дела „тешка кражба“ биле извршени на 20.03.2023, при што од три куќи во с.Калапетровци, штипско, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д.А.(30), А.С.(40) и Џ.И.(33) од Штип биле фатени на лице место, додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 27.03.2023 година во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (56) од Куманово. Тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово одзел повеќе предмети. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 27.03.2023 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се А.А.Г.(20) и В.Г.(40), двајцата од Скопје, затоа што при извршена проверка кај А.А.Г. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.03.2023 околу 17.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот гостиварец Е.П., поради сомнение дека извршил неколку тешки кражби на подрачјето. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

На 27.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци, од кои 5 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 30 други видови на прекршоци, од кои 2 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас и 21 за непрописно паркирање.

На 27.03.2023 година во 14.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв" со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците В.Л.(41) и Г.Р.(35), и двајцата од с.Воиславци, радовишко, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 27.03.2023 во 14.20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Ј.А.(49) од Скопје пријавил дека кај игралиште на насип на река Вардар, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.03.2023 во 15.30 часот на автопатот Скопје-Тетово во близина на бензинска пумпа, кај с.Буковиќ, Б.М.(26) од Тетово управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата, возачот Б.М. и сопатникот Б.С.(31) се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатниците С.Б., М.М.(19) и А.Р., се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

На 27.03.2023 во 12.45 часот во Полициска станица Аеродром, С.С.(58) од Скопје пријавила дека на ул. „Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.

На 27.03.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.

На 27.03.2023 во 20,20 часот во Полициска станица Гази Баба, Д.С.(51) од Скопје пријавил дека на ул. „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник.

На 27.03.2023 околу 21.50 часот во населба Хром во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен И.Е.(37) од Скопје, бидејќи по извршен преглед кај него е пронајден пиштол „екол“. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружје.

 

Денеска (28.03.2023) на ул. „Караорман" во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Кичево. Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

 

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело. Во координација со Јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен поднесок по член 235 од Кривичниот законик.

 

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 298 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички преглед...

 

На 27.03.2023 во 15.30 часот во Полициска станица Центар В.К.(50) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 09.00 часот, додека бил на своето работно место во објект на ул. „11 Октомври“, на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Н.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.03.2023 во 11.30 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Л.Ј.(70) од Скопје пријавила дека на ул. „Лука Геров“ била касната од куче скитник.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. С.Р., како сопственик и управител на правното лице, во периодот од јуни до септември 2022 година, на плажа на охридското крајбрежје, на површина од околу 80 метри квадратни, неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадори за сонце. Тоа го направиле без да поседуваат одобрение за тоа, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид и без да платат соодветен надомест за користење на државен имот, а со намера да остварат незаконски профит.

 

На 27.03.2023 во 21.25 часот во Полициска станица Кисела Вода, К.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од А.П.(34) од с.Ваташа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.03.2023 во 24.10 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П.(24) од Скопје пријавила дека на ул. „Македонски војски“ била касната од куче скитник.

 

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(18) од Охрид. Тој, на 05.03.2023 година, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, пронашол паричник во кој имало платежни картички и други документи, при што противправно во неколку наврати, неовластено ја искористил платежната картичка во неколку продавници и бензински пумпи.

 

На 26.03.2023 во 15,00 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.Т.(38) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, на игралиште во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање со друг малолетник, бил физички нападнат од 58-годишната Р.И. од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.03.2023 во СВР Битола, И.С.(27) од Битола пријавил дека на ул. „Павел Шатев“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 27.03.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.А.(36), кој моментално е на издржување казна затвор, И.З.(47) и А.М.(51), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела ,,измама”. Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со лажно прикажување и прикривање на факти, довеле во заблуда лица од Делчево, од с.Град, делчевско и од Македонска Каменица, кои биле оштетени за одредена сума на пари.

 

На 27.03.2023 во СВР Битола, И.Б.(24) од Битола пријавила дека на ул. „Мирка Гинова“ во Битола била касната од куче скитник.

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Л.(30) од с.Блаце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’. На 04.03.2023 кај место викано „Радушки мост“, атар на с.Радуша, пријавениот со патничко возило комбе „мерцедес“ преку државната граница пренесувал поголема количина производи без соодветна документација.

На 27.03.2023 во 20.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (28.03.2023) во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 27.03.2023 во СВР Битола, Ѓ.И.(36) од Битола пријавил дека во с.Доленци, битолско, нејзиното дете било каснато од куче скитник.