На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари.
На 27.03.2023 во 01.45 часот во Скопје на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 21.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 22.10 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (26.03.2023), Министерството за внатрешaни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...
На поширокото тетовско-гостиварско подрачје вчера (26.03.2023) од 08.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле изречени 148 мерки (ТЕ-99 и ГВ-49). При контролата биле откриени и санкционирани 74 возачи (ТЕ-40 и ГВ-34) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 4 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 20 возачи (ТЕ-9 и ГВ-11) до 70 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 74 возачи (ТЕ-59 и ГВ-15) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а санкционирани биле 21 друг вид сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-11).
Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 26.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 87 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 31 во населено место. Од нив 24 на подрачјето на Штип, 25 во Свети Николе, 14 во Пробиштип, 9 во Берово, 8 во Виница, 4 во Кочани и 3 во Делчево. Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 6 за возач почетник, 3 за претовар, 4 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.
На 26.03.2023 вo 17.40 часот во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и мопед „јамаха“, управуван од К.Џ.(19) од Скопје. Во несреќата К.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 26.03.2023г во 21.45 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со прилепски ознаки, управувано од Б.Г.(53) од Прилеп и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(30) од с.Сенокос. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 26.03.2023 во 20.20 часот во Полициска станица Аеродром, Б.Д.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2023 околу 09.40 часот на крстосницата од ул.„Вардарска“ со регионалниот пат Р1102 кој води од Велес до езеро „Младост“, А.Ѓ.(28) од Скопје, додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес. По овластување од Јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 26.03.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Карпош, А.А.(24) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“ била касната од куче скитник.
На 26.03.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.А.(41) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 224 возачи, од кои 193 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 13 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирано возило. Кај едeн возaч кој возел под дејство на алкохол биле измерени 2.57 промили.
На 26.03.2023 година од 14.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 78 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-13, Струга-46, Кичево-16, Дебар-03).
Полициски службеници на СВР Тетово на 26.03.2023 околу 18.25 часот го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З. од тетовска Голема Речица, кој час и половина пред тоа бил пријавен од неговиот соселанец Н.С.(51) дека околу 15.00 часот во Мала Речица физички го нападнал, при што употребил и остар предмет со кој го повредил Н.С.. По целосно документирање на случајот против Џ.З. ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола извршена во ноќен клуб на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба.
На 26.03.2023 во 15.20 часот во Полициска станица за граничен надзор Маркова нога, било пријавено дека во близина на автокамп Крани, ресенско, настанал пожар, при што била опожарена трска и барака, сопственост на фирма од Ресен. Противпожарна бригада го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ш.П.(50) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шуми“. Тој во место Амати, атар на селото Житинани, во шумски појас сопственост на М.А и А.А. од с.Папрадник, неовластено исекол 68 стебла огревно дабово дрво, во вкупна вредност од 52.500 денари.
На 26.03.2023 во 14.30 часот во атарот на с.Моин, гевгелиско, од полициски служебници од Полициска станица Богородица било затекнато патничко возило „лада рива“ со велешки регистерски ознаки и во негова близина се пронајдени огревни дрва, за кои по извршените проверки е констатирано дека Г.Ј.(26) од с.Моин ги исекол и складирал без да поседува соодветен документ за сеча од ЈП Национални шуми. За настанот е известена Шумската полиција – Гевгелија, а дрвата се одземени и предадени за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Г.(35) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, во текот на јануари 2023 година, во повеќе наврати бил агресивен кон П.Г. од Струга и му упатувал закани.
На 26.03.2023 околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Т.(31) од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука. Се расчистува и документира случајот и на А.Т. ќе му биде изготвен поднесок.
На 26.03.2023 во 17.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош е оштетена табла со натпис на странска резиденција. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.03.2023 во 14.40 часот во Полициска станица Гази Баба, А.Т.(19) од с.Катланово, скопско, пријавил дека во парк во населба Нова Колонија бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (42) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 24.08.2021 до август 2022 година, пријавената на жителка од с.Јажинце лажно ѝ се претставила како лице што наводно може да ѝ помогне во ослободување од затворска казна на нејзиниот татко, за што ѝ земала пари.
На 26.03.2023 во 16.10 часот во Полициска станица Аеродром М.К.(42) од Скопје пријавил дека околу 15.50 часот во неговиот двор на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, тој и неговите две ќерки биле физички нападнати со тврди предмети од неговата роднина, 72-годишната Д.Ј. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.03.2023 во 19.50 часот во Полициска станица Гази Баба, М.М.(36) од Скопје пријавил дека на ул. „Ташко Караџа“ бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (30) од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 06.05.2022 пријавениот за сума од 1.800 евра договорил да изработи и достави кујна на 29-годишен гостиварец, за што го наплатил целиот износ, но потоа не се јавувал на телефон и не ја испорачал нарачката.
На 26.03.2023 во 21.00 часот во Полициска станица Чаир Р.Р.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во с. Љуботен, скопско, тој и неговиот роднина Х.Р.(20) од Скопје биле физички нападнати од две лица кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С.(36) и Д.М.(41), двајцата од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.03.2023 во Струмица на бул. „Ленинова“, пријавените физички нападнале едно лице, употребувајќи тврди предмети.
На 26.03.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека на подрачјето на Аеродром, Д.Б.(30) и Г.М.(42), двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (19) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. На 13.12.2022 во 16.05 часот полициски службеници по преземени мерки констатирале дека пријавениот, на регионален пат од с.Слупчане кон с.Оризаре, управувал патничко возило „опел астра”, на кое биле вметнати кумановски регистарски таблички кои се издадени за друго возило, односно истите ги употребил како вистинити.
На 26.03.2023 во 19.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ц.(26) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. На 30.11.2022 во 10.41 часот на интернет страната на еден медиум, објавил коментари со кои промовирал омраза.
На 27.03.2023 во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус“ и патничко возило „мазда“, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, таа фрлила неизгасната пепел и предизвикала пожар, кој поради ветрот се проширил во околината на имотите и дворовите на соседите со што била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите.