На 25.03.2023 во 23.30 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(25) од Косово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03.2023 во 23.30 часот на патот за с.Чифлик, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ј.(27) и С.Б.(19) двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 00.00 часот на патот за с.Чифлик, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.Г.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 00.50 часот на патот за с.Чифлик, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.В.(22) од Штип затоа што кај неа биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 26.03.2023 во 02.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода С.П.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03.2023 во 12.30 часот на Граничниот премин Табановце за влез во РСМ по извршена пасошка контрола бил приведен М.Ц.(25) од Р.Албанија поради сторен прекршок “послуга со туѓа патна исправа“, односно на увид дал патна исправа на име на Ц.А.(30) од Р.Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 25.03.2023 во 15.10 часот на Граничниот премин Табановце за влез во РСМ по извршена пасошка контрола бил приведен А.С.(37) од Р.Албанија поради сторен прекршок “послуга со туѓа патна исправа“, односно на увид дал патна исправа на име на С.А.(34) од Р.Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 25.03.2023 во 13.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Отокар Кершовани“ патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(76) од Скопје удрило во А.С.(59) од с.Сарај-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник...
На 25.03.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Исен Акиоски“ патничко моторно возило “опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(49) од Кичево, удрило во паркирано патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од А.А.(51) од Кичево, а потоа и во пешакот А.Ф.(59) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 65 возачи.Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп ,по 2во Ресен и Крушево,3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови прекршоци.
На 25.03.2023 во 06.00 часот било пријавено дека на автопатот Миладиновци- Штип товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 25.03.2023 во 17.10 часот било пријавено дека во с.Долна Бањица-гостиварско Б.Д.(46) од Гостивар управувајќи мопед без регистарски таблици, паднал на коловозот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот Центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
На 25.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош М.К.(41) од Скопје, пријавила дека на Средно Водно нејзиниот малолетен син била каснат од куче скитник.
На 25.03.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба З.М.(69) од Скопје, пријавил дека на ул.“Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2023 во 00.40 часот во СВР Охрид приведен е А.Р.(34) од Охрид. При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници, кај него пронашле марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.03.2023 година, Ј.Ш.(42) и Ф.Ѓ.(34), двајцата од Кичево, во полициска станица пријавиле дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, биле каснати од куче скитник. Истиот ден, В.М.(62) од Кичево, пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 25/26.03.2023 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 07 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.01.2022, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило „опел“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин и амфетамин.
На 25.03.2023 во 12.00 часот било пријавено дека во село Сачево–струмичко, на место викано Аџимерки, В.Т.(58) од истото село, додека извршувал земјоделски
работи со трактор на сопствената нива, во која имало редови со метални цевки за фолии, се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.12.2022, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило „пежо“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, таблети (MДMA) и амфетамин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.08.2022 во угостителски објект на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2020 година, пријавениот во својство на инвеститор, на влез за село Гајре, без да поседува одобрение за градба од надлежен орган од општина Тетово, изградил бетонска плоча наменета за станбена зграда, со што узурпирал државно земјиште со површина од 1050 метри квадратни.
На 25.03.2023 во 17.00 часот Џ.М. (45) од Скопје пријавила дека на 24.03.2023 околу 11.00 часот на пазар на подрачјето на Гази Баба, каде нејзиниот внук продавал на пазарот, тој бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 20.00 часот А.Р.(28) од Велес, пријавил дека околу 14.00 часот во с.Горно Оризари-велешко бил физички нападнат од С.К. и Х.К., кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 22.15 часот С.С.(35) пријавила дека околу 21.30 часот во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници од с.Башино село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 17.15 часот во Кавадарци, од полициски службеници од Полициската станица Кавадарци бил лишен од слобода Д.Д.(45) од Кавадарци поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а во 19.30 часот биле лишени од слобода Б.Д.(68), М.Д.(65) и Г.Д.(42) сите од Кавадарци поради спречување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03 од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп - Битола бил лишен од слобода А.М.(38)од Битола, кој управувал патничко возило"опел" со битолски регистарски ознаки, под сомнение за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде одземени се ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола. Пронајдените предмети се вратени на сопственикот,а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 25.03.2023 околу 21.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Отовица-с.Сојаклари во фирма, во погон за производство, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од страна на вработен. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди. Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и моторцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот. По превземени мерки бил пронајден моторциклистот и утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Христијан Тодоровски Карпош“ на автобуска постојка, Н.М.(20) се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје, управуван од З.Н.(62) од Скопје, и откако автобусот се придвижил, паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.03.2023 во 16.30 часот Х.З.(23) од Тетово пријавил дека околу 16.00 часот во Тетово бил физички нападнат од В.Л.(19) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03.2023 во 16.50 часот И.М.(25) од Дебар пријавил дека во Гостивар во угостителски објект каде работел бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 15.20 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле лишени од слобода Е.С.(22), Е.С.(18) и Е.С.(49) сите од Куманово поради тоа што по случена сообраќајна незгода физички го нападнале Д.Ј.(21) од с.Пчиња-кумановско. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03.2023 во 09.15 часот во с.Ранковце, од полициски службеници бил лишен од слобода Н.А.(39) затоа што, според пријавеното, на 24.03.2023 околу 21.00 часот во домот агресивно се однесувал и упатувал закани кон неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.03.2023 во 21.20 часот било пријавено дека во аптека на подрачјето на Карпош едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 18.53 часот во Прифатниот центар за странци, М.Ц.(25) од Р.Албанија се однесувал агресивно, оштетил инвентар и нападнал полициски службеник со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.03.2023 во 21.20 часот било пријавено дека околу 20.00 часот во угостителски објект во Кочани малолетник од Виница бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2023 во 10.20 часот било пријавено дека с.Габрово-делчевско додека се вршело ископ на земја за водоводна мрежа со работна машина биле пронајдени две гранати кои по ископот останале на површината на земјата. Од полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека се работи за две гранати кои потекнуваат од Втората светска војна. Пронајдените гранати се подигнати од страна на ДЗС за понатамошна постапка.
На 25.03.2023 во 11:40 часот С.И.(53) од с.Василево пријавила дека околу 10.00 часот во с.Василево била физички нападната од Н.Н. од истото село. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа (25/26.03.2023) во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, во контролите беа санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол.