На 21.03.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.03.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.03.2023 околу 22.15 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот П.С. од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.О.(27) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.П.(40) од Прилеп .затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.03.2023 во 09.30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(49) од Република Србија затоа што при извршена проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листа и се барал по телеграма од СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 102 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.
На 21.03.2023 во 16.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат „Битола-Кичево“, кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(33) од с.Белче, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката Ј.Г.(25) од с.Белче, демирхисарско, додека малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола., а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција.
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 32 прекршоци, од кои 20 поради неисправен уред за запирање... Упатени на вонреден технички преглед се 179 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.
На 21.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 9 прекршоци, од кои 7 надвор од населено место и 2 во населено место. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 8 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохоли и 1 за некористење сигурносен појас.
На 21.03.2023 во периодот од 07.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле 4 технички неисправни возила ( ТЕ-2 и ГВ-2). Две од нив (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) било со неизвршен технички преглед и 1 (ТЕ) не ја поседувало потребната опрема. Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци. Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-2).
На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.
На 21.03.2022 во СВР Битола, Ј.И.(70) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговиот малолетен внук бил каснат од куче скитник.
На 21.03.2023 во Полициската станица Велес, Г.Н.(74) од Велес пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.
На 22.03.2023 во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела. Додека, при претрес во домот на А.С., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“, што го управувал пријавениот, извршена на пат во близина на истото село, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук“, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Во изминатите нешто повеќе од два и пол месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје вкупно се изречени 1192 мерки за непрописно паркирање, а на гостиварското 145 мерки. Претежно станува збор за возила паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на тротоари и на други недозволени места. На сите возачи прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и зависно од тоа каде ги паркирале возилата, тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.
На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – градоначалник на општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(37) и А.Д.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавените, вработени во Царинска управа на РСМ во царинска испостава Табановце, извршувајќи ги службените работни задачи постапиле спротивно на Упатството за спроведување на царински постапки во патничкиот промет и Упатството за привремен увоз на стока, односно овозможиле влез на стока која не може да биде внесена на територијата на Република Северна Македонија без царинска постапка. Имено, тие на возачот Д.Ј. противправно овозможиле да внесе 14 употребени пневматици од различни марки, а за што возачот не поседувал дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На 21.03.2023 во 18.45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.03.2023 во 06.30 часот во СВР Скопје, С.З.(41) од с.Јеловјане, тетовско, пријавил дека околу 05.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.03.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје, Р.Ќ.(29) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Е.П.Т.(37) од Скопје и Т.М.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 21.03.2023 во 20.45 часот во СВР Скопје, С.М.(41) од Скопје пријавил дека околу 20.05 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Г.С.(40) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 21.03.2023 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот во аптека на подрачјето на Гази Баба едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.03.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(65) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Т.С.(51). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(52) од село Србиново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.09.2022 на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“. На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и против С.А.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Второпријавениот, во својство на одговорно лице во правното лице, во текот на септември 2022 година на катастарска парцела во Тетово изградил бетонска подлога на која е поставена монтажна градба која се користи како авто перална без да поседува документација издадена од надлежен орган, односно од општина Тетово.
Денеска (22.03.2023) во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Г.(56), Ј.Т.(51), двајцата од село Требош, С.Л.(47) од село Шипковица, Е.Х. (66) од Тетово и И.М.(50) село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 19.02.2023, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Мурат Бафтијари“, при што ги затекнале лицата при играње комар и од нив биле одземени пари во различни апоени и други предмети.