По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела „тешка кражба“ извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при Клиничката болница Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, додека три на почетокот на март годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.М.(34) и СС.(26) двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (20.03.2023) околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново. Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок.
Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.
На 20.03.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Х.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.03.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.03.2023 на ул„Николче Ѓеорѓиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода Џ.А.(31) и М.К.(28), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 20.03.2023 во 12.15 часот во хотел на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Романија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (20.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 130 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно престројување, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, три санкции за користење мобилен телефон за време на возење...
Во текот на вчерашниот ден (20.03.2023), во периодот од 08.00 до 14.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 35 возачи. Од нив, 21 санкциja за возење без возачка дозвола, четири мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило), пет санкции за возач почетник... Во однос на возилата, кај 17 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, три поради измината важност на сообраќајната дозвола... Упатени на вонреден технички преглед биле 32 возила. За време на контролата санкционирани се и 99 други видови на прекршоци.
На 20.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 20 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 38 други видови на прекршоци, од кои, 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило возило, 2 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство, 2 за користење мобилен телефон и 24 за непрописно паркирање.
На 20.03.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(60) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Љ.(59) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Ф.М.Љ.(33) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.03.2023 во 14.55 часот во Полициската станица Центар, В.Д.(42) од Скопје пријавила дека на трим-патека на Водно бил каснат од куче скитник.
На 20.03.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.У.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска“ бил каснат од куче скитник.
На 20.03.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.А.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.
Денеска (21.03.2023) во 08.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.03.2023 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.03.2023 одзел велосипед од Д.К.(58) од Скопје, при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ.(20) од Скопје, а посредувал М.Л.(18) од Скопје, кои знаеле дека е украден. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 20.03.2023 во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје. Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција. Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
На 20.03.2023 во 12.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека при изведување работни активности на брегот на Охридското Езеро, кај населбата Пештани, била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната калибар 100 мм. Гранатата била безбедно подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. Увид бил извршен.
Во периодот од 13.03.2023 до 19.03.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 84 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Е.(18) од кичевското село Лисичани и С.М.(25) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес, извршен со судска наредба во домот на С.М. во Кичево, во кој бил затекнат и Е.Е., полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
На 20.03.2023 во 20.20 часот на место викано „Илинец“ во атар на с.Белушино, крушевско, при извршување службени задачи, полициски службеници од Полициската станица Крушево и шумочувари од Подрачното шумско стопанство „Липа“- Крушево сопреле два трактора кои ги управувале Х.И.(55) и И.А.(57), двајцата од с.Борино, крушевско. Притоа, било констатирано дека влечат стебла од буково дрво без да поседуваат дозволи за сечење и превоз, по што И.А. не ги послушал наредбите на полициските службеници и со тракторот го напуштил местото, при што едно од дрвата што ги влечел отскокнало и повредило полициски службеник. Од Х.И., пак, стеблата и тракторот биле одземени за понатамошна постапка. Увид бил извршен и по комплетно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 20.03.2023, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион. При контролата биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-4), од кои 3 (ГВ) имале неисправни сопирачки, 1 (ТЕ) неисправни пневматици, а 1 (ТЕ) и 1 (ГВ) неисправни други системи и опрема. На возачите на технички неисправните возила изготвени им се поднесоци и веднаш се исклучени од сообраќај. Покрај ова, со законски предвидените поднесоци биле заокружени и 4 возачи (ТЕ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 3 возачи (ТЕ) со важечка забрана за управување и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-4).
На 21.03.2023 во 02.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле К.П.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.03.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје, М.Х.(22) од Скопје пријавила дека на 19.03.2023 околу 16.00 часот на подрачјето на Сарај, скопско, била физички нападната од Б.Ј.(27) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.03.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) - дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка. Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.03.2023 во 18.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 18.00 часот во притворското одделение, 23-годишен осуденик од Република Турција во затворската соба запалил два душеци од кревет и две ќебиња. Вработени во затворот го изгаснале пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 20.03.2023 во ОВР Кавадарци, С.Д.(39) од Кавадарци пријавил дека на 17.03.2023 по пошта му стигнал извештај од банка во кој забележал дека во повеќе наврати била вршена електронска наплата со неговата кредитна картичка, со што бил оштетен за сума од 10.104 денари. Се работи на расчистување на случајот.
На 20.03.2023 во 14.40 часот во СВР Куманово, Ј.П.(43) од Куманово пријавила дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(40) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје“. На 04.03.2023 на наплатна станица Желино, на автопатот Тетово-Скопје, по претходна расправија, пријавениот од пиштол пукал кон А.К.(34) и А.К.(32), двајцата од Скопје и им нанел повреди.
На 20.03.2023 во СВР Битола, Д.В.(19) од Битола пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 20.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.50 часот во аптека на бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(51) и Б.Т.(47), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 09.02.2023 на место викано ,,Маркова нива“, пријавените започнале физичка пресметка со П.Т., по што Н.С. со неговото возило му ја прегазил ногата на П.Т., нанесувајќи му тешка телесна повреда.
На 20.03.2023 во 18.40 часот, М.Д.(48) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Мирка Настеска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.В. од село Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 09.02.2023 на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило - комбе „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на ученици без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
На 20.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 часот во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.03.2023 во 21.20 часот во Полициската станица Драчево, М.Т.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.