Извадок на дел од дневни настани 20.03.2023

На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.03.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.С.(18) и Н.М.(19) двајцата од село Слупчане, липковско. Тие се сомничат дека на 28.02.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети. А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 20.03.2023 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од с.Заполжани, општина Долнени. Тој се сомничи дека на ул.„Орде Тутески“ извршил кражба, при што одзел мопед. Малолетникот бил предаден на родител, а мопедот бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.03.2023 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.С.(41) од Куманово. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

 

На 19.03.2023 околу 20.00 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје и Н.Ќ.(47) од с.Страхојадица, скопско. Во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Претходно, на ул.„Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи. Од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за користење мобилен телефон за време на возење...

 

Вчера (19.03.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 19.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 109 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 53 во населено место. Од нив, 28 на подрачјето на Штип, 22 Делчево, 18 Кочани, 16 Виница, 10 Пробиштип, 10 Свети Николе и 5 Берово. На 18/19.03. во периодот од 22.00 до 03.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои, 11 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 4 за возач почетник и 5 за некористење сигурносен појас.

 

Вчера (19.03.2023), во периодот од 12.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-22 и ГВ-35) надвор од населено место. Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), 24 пречекорувања до 70 километри на час (ТЕ-12 и ГВ-12). Покрај ова, санкционирани се и 52 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-27), како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-8).

 

На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 

На 19.03.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Аеродром, Р.А.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

 

На 19.03.2023 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мите Богоевски“ во Скопје, С.П.(32) од Скопје, управувајќи мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 19.03.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Ц.М.(83) од Скопје пријавил дека во населба Ќерамидница бил каснат од куче скитник.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.03.2023 на крстосницата кај с.Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти (шест од Сирија и четири од Конго). Имено, околу 08.00 на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати било запрено, а лицето приведено. Р.М. бил задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (20.03.2023) околу 13.10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје. Тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник. Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.03.2023 во 15.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебарца. При преглед на патничко возило „алфа ромео“, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден, околу 22.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле и А.Д.(24) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 237 возачи, од кои 188 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 20 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.

На 19.03.2023 во 20.10 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци–Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, но возилото продолжило да се движи кон Неготино. Околу 20.30 часот, во близина на клучка за с.Водоврати, возилото излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото. Полициски службеници извршиле преглед при што пронашле седум лица мигранти од Сирија, кои биле задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2023 во 10.45 часот во СВР Скопје, М.З.(56) од Скопје пријавил дека на 15.03.2023 околу 00.30 часот, во близина на Кале, бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, М.А.(18) од Скопје пријавила дека на 18.03.2023 околу 21.45 часот на подрачјето на Пинтија била физички нападната од Н.К.(26) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2023 во 15.30 часот во ОВР Кичево, М.Н.(28) од Македонски Брод пријавил дека на булевар „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(23) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.03.2023 во Виница, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, гранки од растението канабис и метамфетамин.

На 19.03.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.03.2023 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, две лица со закана кон вработените, пребарувале по касите, но, според вработените, не одзеле ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2023 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ настанал пожар во патничко возило „ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од вработените на бензинската пумпа. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.О.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 08.08.2021 на ул.„Киро Ристевски Дрнц”, пријавениот извршил доградба на кат на веќе постоечка куќа без да поседува документација од надлежен орган на Општина Тетово.