Извадок на дел од дневни настани 19.03.2023

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации. Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок. На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик. За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, за кои се издадени соодветни платни налози.

На 17/18.03.2023 од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Р.Турција, двајца од Р.Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија, поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Р.Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. На 18.03.2023 при контрола на патничко возило „хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45), кој управувал патничко возило „даимлер крајслер“ и Е.Д.(49), кој управувал патничко возило „тојота“, двете со грчки национални ознаки, доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи. Четирите лица се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.

На 18.03.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 18.03.2023 во 15.20 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Е.(31) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.03.2023 во 02.20 часот во Велес, на Штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата ги лишиле од слобода Љ.В.(36) и А.М.(34), двајцата од Велес, кои биле со патничко возило, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(41) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.07.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас...

На 18.03.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.С.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.

На 18.03.2023 во периодот од 10.00 часот до 14.00 часот од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на РСМ. При контролата на две правни лица во Куманово, чии управители се М.К. и Д.М., од Куманово, утврдено е дека не поседуваат Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а кај нив се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути. Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата и М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во поголем износ, а на Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење, при што и кај него се пронајдени поголем износ на пари во различни валути. За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.


Во текот на изминатата вечер (18/19.03.2023), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 15 возачи. Од нив 10 на територија на Битола, 4 во Прилеп и 1 во Ресен. За време на контролата биле санкционирани и 10 други видови прекршоци.


На 17.03.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Х.(30) од Скопје со тешка телесна повреда, со која се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и известен бил трудов инспектор.


На 18.03.2023 во 19.35 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници бил лишен од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што околу 15.20 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал Б.А.(22) од Скопје По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 18.03.2023 во 14.15 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило во движење, „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(57) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.


На 18.03.2023 во 17.00 часот во Прилеп од полициски службеници бил лишен од слобода Д.А.(20) од Прилеп, поради тоа што агресивно се однесувал кон нив и ги спречувал во вршење на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против П.Т.(35) од Валандово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 19.11.2022 во Валандово, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени семки од растението канабис сатива и марихуана.


На 18.03.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен Х.З.(47) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредата се здобил додека извршувал градежни работи на објект во Влае. Од полициски службеници било излезено и известен бил трудов инспектор.


Вчеравечер (18/19.03.2023) од 22.00 до 03.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола за управување на возила под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) кај кои било утврдено присуство на алкохол, од кои кај 3 (ТЕ-2 и ГВ-1) и до еден и пол промили. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и времено им се одземени нивните возачки дозволи. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.


На 19.03.2023 во 03.57 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, сопственост на Град Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје.


На 18.03.2023 во 17.35 часот К.Ч.(40) од Прилеп пријавил дека околу 13.25 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 09.12.2022 на место викано „Суитлак“, полициски службеници при преглед на патничко возило во кое биле пријавениот Н.А., заедно со возачот и уште едно лице, пронашле и одзеле марихуана.


На 18.03.2023 во 13.46 часот било пријавено дека на ул.„Панче Неделковски“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Р.(43) од Скопје, при што опожарена била една соба. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а едно женско лице и двајца малолетници поради вдишување на чад биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 18.03.2023 во 13.30 часот С.Н.Ш.(35) од Радовиш, пријави дека околу 13.00 часот во Радовиш таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од Ф.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 18.03.2023 во 20.15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(34) од тетовско, поради тоа што физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 18.03.2023 во 22.50 часот M.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 22.10 часот во с.Волково, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.П.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 18.03.2023 во 20.20 часот С.Ј.(51) од Битола пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 19.03.2023 во 00.06 часот било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ настанал пожар во стан сопственост на Х.Ц.(49) од Скопје, кој предизвикал надворешно оштетување на уште еден стан. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје.


На 18.03.2023 во 23.00 часот И.С.(49) од Скопје пријавила дека околу 20.40 часот на подрачјето на Центар, во маркет каде што работела, била физички нападната од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 18.03.2023 во 12.20 часот, М.П.(53) пријавила дека во Куманово била физички нападната од С.С.(59), и двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против С.Г. (57) од Куманово и Р.В.(20) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 11.03.2023 и 14.03.2023 година, на Граничниот премин „Табановце“, пријавените со патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки биле затекнати како вршат јавен превоз на патници во патниот сообраќај без лиценца, односно без поседување на Дозвола за меѓународен линиски превоз.


На 18.03.2023 во 17.50 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско Село било пријавено дека од домот се оддалечила нивната штитеничка Р.И.(17). Таа и досега во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Денеска (19.03.2023) во 02.55 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„Милан Лисица“, настанал пожар во куќа сопственост на А.Д.. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Куманово.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против С.К.(24) од с.Порој, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници на СВР Тетово на 14.03.2023 околу 19.40 часот, на локалниот пат Тетово - Ѓермо, ги лишиле од слобода пријавените А.Ј. и С.К., двајцата од тетовско, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.


На 18.03.2023 во 22.10 часот 37-годишна скопјанка пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот на подрачјето на Шуто Оризари заедно со нејзината другарка. Според пријавеното, родителите подоцна добиле порака дека ќерка им ќе остане да живее со малолетниот брат на другарката, во нивниот дом. Откако била пронајдена, малолетничката кажала дека била во љубовна врска со малолетникот и имала сексуален однос со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 17.03.2023 во 17.50 часот Н.Д. од Куманово пријавила дека во угостителски објект во Куманово нејзиниот син М.Б.(20) бил физички нападнат од Г.Н.(34), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.