Извадок на дел од дневни настани 18.03.2023

На 17.03.2023 од 14.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода Н.Ќ.(27) од Ресен. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 17.03.2023 во 13.30 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, по извршена контрола на А.А.(51) од Р.Турција, со живеалиште во Скопје, кој управувал патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека турската возачка дозвола што ја поседувал и ја дал на увид е фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик тој бил лишен од слобода, за случајот бил известен Јавен обвинител и против лицето ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 01.10 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола. За време на контролата, во објект лоциран на ул.„Климент Охридски“ биле затекнати тројца малолетници. Тие се предадени на родителите, а по документирање на случајот против угостителот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.03.2023 околу 01.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ја привеле 33-годишната Р.О. од Република Србија. Таа била затекната во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, а е приведена поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој и непријавено работење. Р.О. е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 17.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, С.Т.(39) од Прилеп пријавила дека на бул.„Никола Карев“ била касната од куче скитник.

На 14.03.2023 година во 08.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на брегот на Охридското Езеро, кај населбата Пештани, пронајдена е неексплодирана рачна граната, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

На 17.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.П.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари“ била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава А.И.(38) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.03.2022 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 17.03.2023 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ бил каснат од куче скитник.

На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(23) и Р.Р.(23), двајцата од Прилеп. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р. биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм. По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 17.03.2023 околу 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец Л.Л., кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 24-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 21.07 часот Е.Ѓ.(27) од Скопје пријавила дека околу 20.45 часот на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од С.С.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 18.30 часот, од полициски службеници од СВР Охрид лишен е од слобода Н.Џ.(27) од Охрид. Тој претходно, во семејниот дом, бил агресивен кон неговата мајка, а потоа и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 17.03.2023 во 20.25 часот В.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од М.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 17.03.2023 во 20.00 часот Р.Б.(31) од Охрид пријавила дека околу 18.30 часот во с.Трубарево, скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Д.Т.(56) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 година во 23.05 часот во ОВР Кичево, Н.Д.(53) од кичевското село Зајас пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник.


На 17.03.2023 во 19.00 часот било пријавено дека во с.Митрашинци, беровско, настанал пожар во куќа сопственост на В.Д.(75). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

 

На 17.03.2023 во 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар бил приведен Б.Ш.(31) од Косово, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон Е.Б.(35) од Струга, со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 16.50 часот М.Ѓ.(20) од Скопје пријавил дека на 16.03.2023 околу 20.20 часот пред казино на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Д.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Денеска (18.03.2023) е пријавено дека околу 10.20 часот, на новиот автопат кај с.Лавчани, кичевско, С.К.(33) од Демир Хисар, додека работел на изведување на градежни работи, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од ОВР Кичево излегле на местото и се врши увид.


СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Т.(19) и Д.С.(19), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.03.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, во кое биле пријавените, при што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.


На 17.03.2023 во 14.30 часот В.А.(30) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Хиподром, по претходно случена сообраќајна незгода, тој и неговиот татко Б.А.(54) биле физички нападнати од А.Д.(31) и А.Д.(26), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 17.30 часот Р.С.(60) од с.Јегуновце пријавил дека околу 13.00 часот во кругот на средно училиште во Тетово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 17.03.2023 околу 15.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Славеј Планина“, настанал пожар во куќа на Х.С.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 17.03.2023 во 15.00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.С.(35), а малку подоцна и М.Д.(40), двајцата од Струмица, поради тоа што околу 13.00 часот физички го нападнале В.К.(37) од Струмица, при што употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Денеска (18.03.2023) во 06.00 часот И.С.(59) од Кавадарци пријавил дека околу 05.20 часот на патот Моклиште – Кавадарци, пред с.Ваташа, додека со такси возило превезувал патници, по претходно недоразбирање, еден од патниците физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.06.2019 на паркинг на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште едно лице, а при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.


На 17.03.2023 во 10.00 часот Д.П.(60) од с.Иванковци, велешко, пријавил дека на 13.03.2023 околу 16.20 часот во истото село, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Г.П.(53), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 20.45 часот Ц.А.П.(38) од Тетово пријавила дека на 15.03.2023 околу 19.30 часот во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 18.03.2023 во 03.40 часот А.Т.(22) од Струмица пријавил дека околу 02.30 часот пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од И.Ј. А.Т. и В.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(27) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 10.03.2023 при претрес во домот на пријавениот се пронајдени марихуана, две дигитални ваги, дробилка со остатоци од марихуана и др.


На 17.03.2023 во 11.10 часот во Неготино од полициски службеници од Полициската станица Неготино бил приведен Ѓ.М.(56) од неготинско, затоа што околу 10.00 часот физички го нападнал Ѓ.О.(73) од Неготино, а потоа се однесувал агресивно и кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 19.55 часот во СВР Струмица, Н.Б.(36) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Б.(16). Според пријавеното, таа се сомнева дека е заедно со Д.Ѓ. од Струмица, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


На 17.03.2023 во 14.50 часот С.В.(33) од с.Четирце пријавила дека околу 09.20 часот во основно училиште во с.Табановце, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.С.(43) од с.Горно Којнаре. Истиот ден, во 15.10 часот С.С.(41) од с.Горно Којнаре пријавил дека во училиштето неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.С.. Додека, околу 16.10 часот И.С. пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од ученици од деветто одделение. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 17.03.2023 во 21.38 часот Л.В.М.(41) од Шпанија, пријавила дека околу 20.00 часот на подрачјето на Аеродром од едно лице со закана ѝ биле одземени пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(52) од с.Блаце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 24.01.2023 на регионалниот пат с.Блаце – Тетово, пред влезот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без лиценца.