На 16.03.2023 во 19.40 часот полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода С.М.(25) од Кичево. При претрес во дом и други помошни простории каде престојувала С.М., извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници биле пронајдени ќеси и тегла со марихуана и метална дробилка. С.М. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (17.03.2023) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишен е од слобода М.Д.(34) од Штип. Имено, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Штип, извршен е претрес во дом и помошни простории кај М.Д., при што е пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.03.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ќ.К.(51) од Прилеп. Тој се барал по централен распис од СВР Битола поради сомнение за извршени тешки кражби на дрзок начин на повеќе локации на подрачјето на Битола, извршени во подолг период. Ќ.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Денеска (17.03.2023) полициски службеници од СВР Штип, по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи, ги лишиле од слобода: Е.М.(34) од Штип, за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци во Затвор Штип, Б.М.(31) од Штип, за доиздржување казна затвор од една година во Затвор Штип и С.И.(30) од Штип, за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица.
Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.
На 16.03.2023 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј. (29) од Велес. При претрес во домот на неговиот брат Т.Ј.(31) од Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени. Нешто пред тоа, во 16.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана. Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.
Полициски службеници на СВР Тетово на 16.03.2023 околу 23.30 часот, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.И.(22), Љ.Ф.(18) од гостиварско Чегране, 16-годишник од гостиварско Чајле и 19-годишниот гостиварец Н.Ј., затоа што им била пронајдена и одземена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 16.03.2023 во 23.30 часот на улица „Васил Главинов" во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица во Кавадарци, со наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го привеле 34-годишниот М.Т. од Свети Николе, за доиздржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.
Во текот на вчерашниот ден (16.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 123 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 19 мерки за непрописно престројување на возила, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...
Во текот на вчерашниот ден (16.03.2023), во периодот од 13.00 до 17.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 26 на територијата на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид... За време на контролата санкционирани се и 152 други видови на прекршоци.
На 16.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 3 во населено место. Истиот ден, во периодот од 13.00 до 17.00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 5 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање.
На 16.03.2023 од 13.00 до 17.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли при што полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на моторни возила кои на непрегледни места каде има поставено соодветен сообраќаен знак за забрана, извршиле непрописно престигнување (Охрид-13, Струга-08, Кичево-02, Дебар-02).
На 16.03.2023 во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксфаген пасат“, управуван од 45-годишниот Н.Р. од Камењане и „сеат кордоба“ што го управувал Б.С.(42) од тетовско Синичане, како и автобус „мерцедес“ со тетовски ознаки, паркиран од Р.Ф.(55) од Камењане. Во несреќата, возачот на возилото „кордоба“ се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршиле екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
На 16.03.2023 во СВР Битола Б.Т.(67) од Битола пријави дека на ул„Даме Груев“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 16.03.2023 во 10.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Бранислав Нушиќ“ патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Скопје удрило во пешакот Л.Ц.(80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.03.2023 во 21.45 часот во Полициската станица во Велес, А.Д. (36) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник.
На 16.03.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.П.(44) од с.Агино Село, кумановско пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.
На 16.03.2023 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека на 07.03.2023 влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Денеска (17.03.2023) во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К.(20) од Битола. Таа се сомничи дека на 16.03.2023 околу 17.00 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“ при што одземала златен и сребрен накит. Дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот. Лицето било приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
На 17.03.2023 година во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В.(18) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.03.2023 по наредба издадена од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес во домот на С.А.(39) од Пехчево, каде живеел заедно со С.А.(27) од Штип. При претресот биле пронајдени и одземени растение канабис и делови од растение, ампула, шприц, дробилка со остатоци од марихуана. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.03.2023 година во 10.45 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на З.К.(43), во Крива Паланка. При претресот биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против З.К. ќе следува соодветна пријава.
На 16.03.2023 во периодот од 13.00 до 17.00 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје беше спроведена акциска контрола на возачи која се однесува на престигнување. При контролата биле санкционирани вкупно 26 возачи (ТЕ-9 и ГВ-17) кои непрописно престигнувале на забранети места. На сите возачи-прекршители им се изготвени законски предвидените поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 11 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
На 16.03.2023 полициски службеници од Полициското одделение Новаци во с.Мусинци, битолско, го лишиле од слобода Д.А.(35) од с.Мусинци, поради сомнение за извршено разбојништво. Полициските службеници постапиле по пријава од Г.Р.(49) од с.Мусинци според која во близина на селото бил физички нападнат од Д.А. од с.Мусинци, со кого се познавале, при што Д.А. му одзел пари. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.И.(50) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај извршена на 18.01.2023 година во соработка со сообраќаен инспектор од општина Струга, сопрено е такси возило „мерцедес“ кое пријавениот го управувал. Притоа, полициските службеници констатирале дека Ф.И. врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган.
На 16.03.2023 околу 21.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека кај место викано „Аџитепе“, полициски службеници од Полициска станица Сопот во патничко возило „голф“, со бугарски национални ознаки, пронашле четири лица мигранти (3 од Сирија и 1 од Пакистан), додека возачот се дал во бегство откако ја забележал полициската патрола. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.03.2023 во 02.00 часот, Љ.Ц.(42) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од Д.Г. Се работи на расчистување на случајот.
На 17.03.2023 во 00.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Газа Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Г.С.(40) и А.Г.(47), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“. Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Северна Македонија, неовластено продавале и купувале готовински странски платежни средства - девизи во противвредност од 3.188.500 денари.
На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2023 во 20.10 часот, А.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 18.15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Б.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2023 во 14.00 часот, С.Б.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2023 околу 08.00 часот на полигонот Стенковец, на подрачјето на Скопје, полициски службеници од Полициска станица Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.А.(69), Ж.Н.Д.(64) и Ј.К.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени солзавец, пушка „shoebill“ кал.40мм, пушка „antiriot“ кал. 37/38мм, 3 парчиња муниција кал.40 мм, 17 парчиња муниција кал. 37/38мм за кои не поседувале никаква документација и немале добиено дозвола за пробно гаѓање од АРМ. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Л.(39) и Б.С.(36) двајцата од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 22.02.2023 во Прилеп, на ул.„Борка Левата“, при извршен претрес во објект сопственост на второпријавениот Б.С., кој го користел првопријавениот И.Л., без склучен договор за користење под наем, биле затекнати девет лица, од кои три играле игри на среќа без издадена дозвола.
На 16.03.2023 во 14.00 часот К.Т.(66) пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Т.(62), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(32) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.12.2022 на стариот пат Куманово - Свети Николе, кај место викано „Искрин мост“, атар на с.Добрашане, кумановско, при извршен преглед кај пријавениот е пронајдена марихуана.
На 16.03.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во својот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат А.З.(41). Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“. На 15.11.2022 во Прилеп, на ул. „Пере Тошев“, во домот на Д.Д. (21), при вршење претрес кај пријавениот Д.Р. била пронајдена марихуана.