Извадок на дел од дневни настани 15.03.2023

 Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работа Гостивар вчера (14.03.2023) околу 16.15 часот во гостиварската населба „Млаки“, го лишиле од слобода 25-годишниот З.Б., затоа што кај него била пронајдена марихуана. Воедно, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага, додека М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово на 14.03.2023 околу 19.40 часот, на локалниот пат Тетово - Ѓермо, ги лишиле од слобода 27-годишниот А.Ј. и 23-годишниот С.К., двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Извршен е увид, а А.Ј. и С.К. се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 14.03.2023 во нас.„Точила“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(22) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.03.2023 околу 14.30 часот, во тетовска Вратница, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево го лишиле од слобода 42-годишниот Б.Ш. од скопско Љубин, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 13.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.С.(30) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ц.(46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 15.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 17.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.К.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Ацо Шопов“ била касната од куче скитник.

На 15.03.2023 во 04.55 часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И.Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки. Имено, околу 04.45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен. И.Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

На 14.03.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, В.Р.(41) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 14.03.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Трета македонска бригaда“, М.Г.(71) од Скопје паднала во автобус на ЈСП, управуван од Д.В.(56) од Скопје, во кој како патничка се превезувала. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 14.03.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ф.С.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Усје бил каснат од куче скитник.

На 14.03.2023 година во 20.40 часот од полициски службеници од ОВР Кичево приведен е Ш.Д.(35) од кичевското село Гарани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (14.03.2023) во рамки на акциската контрола за возила, спроведена од 06.00 до 10.00 часот, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, коешто без потребните документи за вршење јавен превоз, го управувал 58-годишниот тетовец Ф.Б.. По документирање на случајот на Ф.Б. ќе му биде изготвен поднесок.

На 14.03.2023 во 16.00 часот К.И.(69) од Прилеп пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен во близина на спортскиот центар во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 13.03.2023 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Добри Дол, скопско по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(37) и Д.Х.(52), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола извршена на 27.02.2023 во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 14.03.2023 во 18.10 часот М.И.(60) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот во с.Долно Лисиче, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица од кое едното употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (60) од с.Гнеотино, битолско, поради постоење основано сомнение за сторено кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, во својство на претседател на синдикална организација при фирма од Битола, во три наврати извршил плаќања од службената сметка на синдикатот за лични потреби, односно за судски спор кој тој лично го водел со фирма од Скопје.

На 14.03.2023 во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје, бил одземен дел од споменикот на Орце Николов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(28) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот, во периодот од 12.11.2021 до 22.11.2021 во Градскиот парк „Соколана“ во Куманово, набавил марихуана и ја внел во Општинскиот затвор во Крива Паланка, каде издржувал казна затвор, која му била откриена при извршен претрес од полициски службеници.

На 14.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Р.Н.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.К.(40) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.12.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед кај Н.Т.(28), при што пронашле хероин кој претходно го набавил од пријавениот Б.К..

На 14.03.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.К.(48) од Скопје пријавила дека во населбата Даме Груев била касната од куче скитник.

Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.Г.(57) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’. На 11.03.2023 на Граничен премин Табановце, при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат’’, управувано од пријавениот, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз.

На 14.03.2023 во 12.40 часот А.С.(47) од с.Студеничани пријавил дека на покрив од магацин на фирма во селото, од залутано зрно бил оштетен соларен панел. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Ј.(28) од с.Чифлик, Чешиново – Облешево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 31.01.2022 во домот на пријавениот во с.Чифлик, од полициски службеници при извршен претрес биле пронајдени и одземени кокаин и амфетамин.

На 14.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, од јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од домот се оддалечил нивниот штитеник К.П.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ј. (58) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, во текот на 2022 и 2023 година, при изградба на куќа, направила отстапки во однос на заверениот Основен проект, изведувајќи објект со поголеми димензии, на штета на Општина Битола.

На 14.03.2023 во 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека од аптека во трговски центар на подрачјето на Аеродром едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(48) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.09.2022 во 10.00 часот полициски службеници при извршен претрес во дом и на земјоделски пластеници на место викано ,,Мерата“, атар на с.Банско, кои ги користи пријавениот, пронашле растение канабис.