Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.03.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од Гевгелија. При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа. Двајцата биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“ извршени во периодот од јануари до март годинава од куќи, товарно возило и магацин на територијата на општина Штип. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Џ.И.(33), С.Р.(22), П.Н.(43), Д.Џ.(32) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 13.03.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.03.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во 13.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(21) и В.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
На 13.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 5 во населено место. Истиот ден, во периодот од 07.00 до 12.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 5 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.
На 13.03.2023, во периодот од 07.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за престигнување, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 25 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-11). Дваесет и три од возачите-прекршители престигнувале на забранети места (ТЕ-14 и ГВ-9) и поради тоа им се изготвени соодветни поднесоци, а санкционирани биле и 10(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
На 13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“ без регистарски таблички, управувано од Т.Т.(29) од с.Беранци, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, Д.Т.(32) и С.Т.(21) од с.Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 13.03.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(60) од Куманово пријавил дека на ул.„Љуботенски пат“ бил каснат од куче скитник.
На 13.03.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.
На 13.03.2023 во 22.40 часот во Полициската станица Центар, А.И.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.
Денеска (14.03.2023) во 15.10 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 13.03.2023 во 10.49 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во село Тлминци, кривопаланелко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка и трудов инспектор.
Денеска (14.03.2023) во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.И.(20) од село Лојане, липковско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.03.2023 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.С.(35) од Штип. Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Денеска (14.03.2023), во периодот од 06.00 до 10.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик, за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила.
Денеска (14.03.2023), во периодот од 10.00 до 14.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачите за тоа колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. Во контролата откриени и санкционирани биле 34 возачи (ТЕ-28 и ГВ-6) кои не им дале предност, односно не ги прoпуштиле пешаците, најмногу (ТЕ-28) на обележани пешачки премини. Покрај тоа, санкционирани се и 30 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-7). На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, а паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност. Зависно од прекршокот, предвидено е и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
На 13.03.2023 во периодот од 07.00 до 12.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници санкционирале 56 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на небезбедни и непрегледни места, каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03).
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(48) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола на патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.С.(53) во с.Ларце, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, на местото викано „Клуково“ на пат кон с.Фалише, во својство на инвеститор ангажирала градежни работници за изведување на градежни работи на деловен објект, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган.
На 13.03.2023 во ОВР Кавадарци, 30-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.000 денари. Според пријавеното, на 12.03.2023 лицето му се јавило и се договориле да изврши чистење на објект во с.Чашка, велешко. Како што е пријавено, лицето побарало од него пред да дојде во Чашка, да ги даде парите на друго лице во Росоман, кое треба да ги однесе на лице во Неготино за наводен долг. Исто така, според пријавеното, тој ги дал парите, а откако стигнал во Велес лицето не му се јавувало на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.З.(55) од Битола, поради постоење основи на за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 17.02.2022, пријавениот извршил фалсификување на налози за уплата до Основен суд Битола, со што за 14.900 денари го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.
На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.03.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ќ.(37) и Р.К.(29), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.С.(22) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од 05.12.2022 до 27.01.2023, пријавениот уценувал женско лице дека преку социјалните мрежи ќе објави компромитирачки фотографии од неа. Потоа, пријавениот на лажен профил објавил две компромитирачки фотографии.
На 13.03.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје, Ј.А. пријавил дека околу 19.30 часот во с.Текија, скопско, бил физички нападнат од З.А.(51). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во СВР Битола, Џ.К. од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(21) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.02.2020 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.З.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16.02.2023 во Тетово, пријавениот физички го нападнал А.Р. од Тетово и му нанел тешка телесна повреда.