На 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 21.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот на подрачје на Аеродром се обидел да одземе чанти на Е.Д.(37) од Скопје и од нејзината ќерка, но не успеал. Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.03.2023 околу 13.45 часот на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.М. поради сомнение дека извршил кражба. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против К.М. ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода М.Ч.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.03.2023 околу 22.40 часот на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, ги лишиле од слобода Е.Т.(18) од тетовска Шипковица, Б.Б.(26), Е.Е.(24), Б.Е.(26) и Ф.Ф.(25), четворицата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 12.03.2023 во 18.10 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 49-годишниот Х.Ш. од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2023 околу 19.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Б.Ш. од тетовски Лешок затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот Б.Ш. ќе се соочи со законски предвидениот поднесок.
На 11.03.2023 во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.Р.(26) и Д.Р.(27), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
Во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач. Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол...
На 12.03.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 88 возила (ТЕ-43 и ГВ-45) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час, 21 возило (ТЕ-12 и ГВ-9) до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани биле и 72 возачи (ТЕ-46 и ГВ-26) кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќај и прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-7).
На 12.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 77 прекршоци, од кои 54 надвор од населено место и 23 во населено место. Санкционирани биле и 33 други видови на прекршоци, од кои 13 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за непрописно престигнување, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци сторени од пешаци и 1 за непрописно паркирање.
На 12.03.2023 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Л.(22) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.З.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.З. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле возачот М.Л. и уште еден сопатник од возилото „сеат ибица“, Л.Г.(22) од Скопје констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.03.2023 во 02.20 во СВР Тетово, Д.П.(52) од Гостив пријавил дека на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 12.03.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, П.Н.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа, на подрачјето на СВР Куманово биле санкционирани вкупно 333 возачи, од кои 285 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 31 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и три за нерегистрирано возило. Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.22 промили.
На 13.03.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во централно градско подрачје во Куманово, осум лица, од кои четири малолетници, биле каснати од куче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 12.03.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид биле преземени засилени мерки во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале возачи кои во и надвор од населени места управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-22, Струга-25, Кичево-29, Дебар-05).
На 12.03.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 57 пречекорување на брзината, од кои 22 на подрачје на Струмица, 21 на подрачје на Радовиш, 8 на подрачје на Валандово и 6 на подрачје на Гевгелија. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 12.03.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во дворот од затвореното одделение, настанал физичка пресметка помеѓу две групи затвореници. Притоа, со повреда од остар предмет се здобил осуденикот Н.М.(44) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Р.К.(33) од с.Челопек, тетовско, кој се здобил со повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 21.45 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(41) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Горно Лисиче, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(31) од Скопје и И.П.(24) од Валандово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.03.2023 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(39) и Г.И.(32), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.03.2023 во 12.20 часот во СВР Скопје, Д.Н.(68) од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од Т.М.(58) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје настанал пожар во угостителски објект, при што биле опожарени внатрешноста на објектот и кровната конструкција. Повредени лица нема.
На 12.03.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје, С.Г.(28) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Сингелиќ од залутано зрно му било оштетено задното стакло од неговото патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 22.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Исаја Мажовски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Х.С.(57) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.С.(35) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.03.2023 во 17.40 часот во СВР Тетово, Ш.Ф.(48) од Тетово пријавил дека на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово бил каснат од куче скитник.
На 12.03.2023 во 12.00 часот во СВР Тетово, С.Б.(64) од гостиварско Дебреше пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(65) и С.Р.(55), двајцата од с.Лојане, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’. На 25.02.2023 кај с.Злокуќане, липковско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило марка „опел корса’’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а сопатник бил второпријавениот, при што во возилото без соодветна документација пронашле 190 кутии со по 500 таблети.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(23), Д.А.(24) и Н.М.(23), сите од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.02.2023 во населба Карпош во Куманово, пријавените физички ги нападнале Л.Ј.(19) и В.Ј.(47), двајцата од Куманово, при што Д.А. со дрвен и метален предмет го нападнал В.Ј.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(23), М.Н.(21), М.С.(21) и Д.С.(23), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.02.2023 пред угостителски објект во Куманово, пријавените физички го нападнале Ф.С.(37) од Куманово.
СВР Куманово поднесе кривична пријава Е.А.(42) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 15.02.2023 во Куманово, пријавениот физички нападнал контролор на паркинг зони на јавното претпријатие „Куманово паркинг“.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.З.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 17.12.2022 во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’’. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин .
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Д.(25) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’’. На 06.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Исто така, на 10.04.2022 на наплатна станица кај Велес, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило сопственост на пријавениот. При што пронашле и одзеле хероин, марихуана, таблети, дигитална вага и пари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(62) од Дебар поради постоење односи на сомнениа за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 27.02.2023 година пријавениот вршел јавен превоз со сопствено патничко возило без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.