На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г.. Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство. На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 од слобода е лишен Ј.З. (27) од Слупчане, општина Липково поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти (3 од Индија, 5 од Пакистан и 3 од Авганистан). На 12.03.2023 околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело. Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.03.2023 околу 14.05 часот на автобуска постојка на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода Ф.С.(53) од Скопје кој бил фатен за време на извршување на кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик. Ф.С. одзел мобилен телефон од Г.К. (63) од Скопје, но веднаш бил фатен од полициски службеници, а телефонот и е вратен на оштетената. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2023 во 02.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции ги лишиле од слобода Љ.К.(32) и И.П.(34) двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.03.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н.(38) од с. Волково, скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.03.2023 во 01.10 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле Л.Д.(19) од Пробиштип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај с.Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот. По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
На 12.03.2023 околу 02,15 часот во Скопје на ул.„Горно Лисиче“, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25), излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ѓ. и сопатничките В.К.(44) и М.С.(20), сите од Скопје, кои им биле констатирани од лекар во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 11.03.2023 во 13.20 часот во Полициска станица Карпош З.Ј.(67) од Скопје пријавила дека на ул. Ташкентска била касната од куче, чиј сопственик е Љ.С..
На 11.03.2023 во 21.30 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Д.Ш.(37) од Скопје пријавил дека на ул.Индира Ганди бил каснат од куче скитник.
На 11.03.2023 во 20.00 часот на регионалниот пат с.Куклиш-с.Банско-с.Мокрино, на делницата помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш, патничко моторно возило „ланчија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ц.Ц.(61) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.Ц. кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Г.Г.(34) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.03.2023 на Граничен премин „Деве Баир“, пријавениот на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило кое го управувал.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 08.02.2023, пријавениот преку социјалната мрежа „инстаграм“ упатил закани кон неговата поранешна сопруга.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 27.01.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле муниција.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(22) и Д.М.(28), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.03.2023 на улица „Брака Миладинови“ во Тетово, полициски службеници извршилe преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им била одредена мерка притвор.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на ноември 2022 во село Неготино, пријавениот започнал изградба на објект без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.
На 11.03.2023 околу 13,30 часот во Полициска станица Гевгелија, од итна медицинска помош било пријавено дека во камп приколка во с.Николиќ, бил пронајден починат С.К.(70) од Скопје, а од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Од страна на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
На 11.03.2023 во 19.00 часот, Х.Б.(23) од охридската населба Рача, во СВР Охрид пријавила дека, на улицата „Наум Охридски“ била касната од куче скитник.
На 11.03.2023 во 20.20 часот, Ш.И.(20) од Кичево, во полициска станица пријавила дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, била касната од куче скитник.
На 11.03.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Кисела Вода М.А.(34) од Скопје пријавил дека околу 12.20 часот пред спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 00.15 часот во Полициска станица Аеродром А.П.(41) од Скопје пријавила дека на 10.03.2023 околу 22.00 часот во трговски центар на подрачје на Аеродром нејзината малолетна ќерка по претходно недоразбирање била физички нападната од неколку малолетни женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.Г.(50) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 11.03.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
На 10/11 март од 23 до 5 ч. на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, во која вкупно се откриени и санкционирани 11 возачи (ТЕ-6 и ГВ-5). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во контролата со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).
На 11.03.2023 во 20,40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачје на Карпош едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти. О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2023 полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Ч. и Р.Г., постапувајќи по претходна пријава од М.С. (46) од Скопје, кој во 03,40 часот во ПС Гази Баба пријавил дека околу 02,15 часот на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, а по претходен телефонски повик, се сретнал со С.Ч., кој по кратко време физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило „ауди“ и да се упатат кон продажен објект на подрачје на Гази Баба, во кој биле Р.Г., В.Г. и Х.С.. Притоа, според пријавеното, С.Ч. постојано го прашувал М.С. во какви релации е со неговата сестра и му упатувал закани. Кога стигнале во објектот С.Ч. со пиштолот го удрил М.С.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.03.2023 во 14.00 часот во с. Дреново од полициски службеници од ОВР Кавадарци е приведен Н.Р.(36) од Р.Косово затоа што по извршена проверка било констатирано дека истиот нема пријавен престој во државата. На лицето му е издадено решение за протерување на странец и му е изречена забрана за влез во државата.
На 11.03.2023 во Полициска станица Аеродром е пријавено дека на 08.03.2023 во 22.00 часот во обложувалница на подрачје на Аеродром поради претходно нерасчистени проблеми бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(18) и М.Ч.(20) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 12.30 часот во Полициска станица Драчево е пријавено дека пред продавница на подрачје на Драчево поради нерасчистени доверителски односи Д.А.(33) од Скопје физички го нападнал Д.Н.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 20,00 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека од Јавна Установа за згрижување деца се оддалечила нивната штитеничка Б.Ј.(16), која и претходно се оддалечувала од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 11.03.2023 во 15.20 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Ќ.Р.(44) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија во врска со претходно пријава од Р.И.(47) од с.Слупчане дека околу 15.00 часот во угостителски објект во Куманово пријавениот Ќ.Р. агресивно се однесувал кон присутните и физички го нападнал Р.И. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.03.2023 во 12.45 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во итната медицинска помош Крива Паланка во 12.10 часот од П.Д. било донесено со повреди нејзиното малолетно дете, кои, според пријавеното, по претходна расправија му биле нанесени со остар предмет (ножици) во нивниот дом во Крива Паланка од неговиот малолетен брат. Полициски службеници излегле на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Битола В.Л.(20) од Битола пријавила дека на 08.03.2023 околу 22.00 часот во близина на плоштад во Битола била физички нападната од Ш.У. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 12.00 часот во Полициска станица Македонски Брод Г.Ц.(51) од Македонски Брод пријавил дека околу 01,00 часот во Македонски Брод неговото патничко моторно возило „пежо“ со регистарски ознаки од Македонски Брод било оштетено со тврд предмет од Д.Д. од с.Суводол, Македонски Брод, а потоа истиот со спреј го испрскал Г.Ц. и физички го нападнал со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 01.45 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишен од слобода Н.К.(39) од с.Вирово, Демир Хисар затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2023 околу 00.30 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека настанал пожар на оџак од куќа на ул. „Ѓоре Ѓорески“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(74) од Прилеп, при што бил опожарен дел од покривот на куќата и дел од ламперија. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 11.03.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Свети Николе е пријавено дека во дворно место од заедничката куќа во Свети Николе З.П.(32) од Свети Николе агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата мајка С.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 14.02 часот во СВР Струмица е пријавено дека околу 13.30 часот во с.Долни Липовиќ по претходно недоразбирање С.С. и Т.С. физички го нападнале со тврд предмет и остар предмет С.Н., додека пак, според пријавеното, С.Н. го турнал С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 02,10 часот во Полициска станица Прилеп, С.Р.(69) од Прилеп пријавил дека во неговиот двор во Прилеп едно лице фрлило шише со запалива течност по што настанал пожар од кој биле опожарени бекатон плочки во дворот. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 03.30 часот во Полициска станица Струмица Ј.М.(44) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот во Струмица бил физички нападнат од В.Н. и В.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 14.30 часот во Полициска станица Велес С.С.(71) од с.Иванковци, велешко пријавил дека во 13.00 часот во с.Иванковци бил физички нападнат од женско лице В.Р. од с.Иванковци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2023 во 06,30 часот во Полициска станица Неготино е пријавено дека пред казино во Неготино по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(43) и А.Ј.(36) двајцата од с.Криволак од една страна и С.А.(32) од Неготино од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2023 во 19,50 часот во Гостивар од полициски служебници од Полициска станица Гостивар од слобода е лишен Б.С.(30) од село Здуње, гостиварско затоа што според пријавеното околу 19.10 часот поради претходно недоразбирање му упатувал закани на Џ.Е.(38) од с.Нистрово, Маврово и Ростуше. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.03.2023 во 23,20 часот во казино во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен Б.Б.(37) од Р.Албанија затоа што по извршена проверка било констатирано дека истиот нема пријавен престој во државата. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на изминатата вечер (11/12.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 21 возачи.Од нив 9 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 3 во Демир Хисар и по еден во Ресен, Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.