Извадок на дел од дневните настани 11.03.2023


На 10.03.2023 во 16,15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Д.В.(23) од Р.Косово затоа што при извршени проверки во службената евиденција било констатирано дека за истиот евидира мерка „Апси“ по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделение за потраги при Бирото за јавна безбедност. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На 10.03.2023 во 16.40 часот на паркинг на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.03.2023 во 14.20 часот во Полициска станица Аеродром М.Ц.(24) од Скопје пријавил дека на ул.Владимир Комаров бил каснат од куче скитник.

На 10.03.2023 во 11.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.03.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.М.(55) од Скопје пријавила дека на ул. Лука Геров во близина на автобуска станица била касната од куче скитник.

На 10.03.2023 во 17.20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров М.М.(57) од с.Ново Село, скопско пријавил дека на ул. Лука Геров бил каснат од куче скитник.

На 11.03.2023 во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.03.2023 во 02.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.П.(26) и И.С.(38) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.03.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.03.2023 во 02.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.К.(22) и К.М.(22) двајцата од Битола, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.03.2023 во 03.40 часот пред угостителски објект во Градски парк Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.И.(21) и В.Н.(20) двајцата од Охрид, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 10.03.2023 околу 20,10 часот на автопатот Куманово-Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(42) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата В.С. бил пренесен во Ургентен центар-Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

На 10.03.2023 во 11.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Ш.(36) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.03.2023 во 09.55 часот во с. Желино, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Б.Д.(43) од с. Ново село, тетовско во врска со сообраќајна несреќа која се случила на 07.03.2023 во 18.55 часот на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Стенковец. Б.Д. е изведен пред судија на претходна постапка во Кривичен суд и одредена му е мерка 30 дневен притвор, по што истиот е спроведен во Казнено поправна установа Скопје.

 

 

Во текот на изминатата вечер (10/11.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При тоа констатирани се две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик за точење алкохол на малолетни лица во Неготино, а затекнати се и две малолетни лица по 00.00 часот. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.

 

На 10.03.2023 во 21.30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од Делчево, затоа што, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Делчево и извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги, дробилка со остатоци од марихуана, ризли и др. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.03.2023 во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода И.Ј.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик, а постапувајќи по пријава на на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од месец август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 11.03.2023 во 00.20 часот во ЦИК Велес малолетник од Кавадарци пријавил дека во дворот на болницата во Кавадарци бил физички нападнат од страна на лице вработено во ЈЗУ,,Општа Болница“- Кавадарци. На лице место упатени се полициски службеници од ОВР Кавадарци и во дворот на болницата затекнати се И.А. (32), вработен како болничар, И.А. (33) вработен како обезбедување во болницата и малолетникот кој го пријавил случајот, а утврдено е и дека за време на нарушувањето на јавниот ред и мир биле присутни и други малолетници. ОВР Кавадарци презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

На 10.03.2023 во 19,30 часот на автопат А1 клучка Миравци, делница Миравци - Демир Капија товарно моторно возило „волво“ со грчки национални ознаки, управувано од А.К.(38) од Р.Грција удрило во заштитната ограда и се превртело. Во несреќата со повреди се здобил возачот А.К. кои му биле констатирани од лекар во Јавна здравствена установа во Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Гевгелија.

 

На 10.03.2023 околу 15,15 часот во Полициска станица Аеродром П.С.(41) од Скопје пријавил дека околу 12,45 часот неговиот малолетен син додека бил во училница во училиште на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 околу 21.00 часот во СВР Скопје Ф.П.(32) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот додека тој заедно со М.А.(46) од с.Долно Свиларе, скопско извршувале градежни работи во куќа во с. Бардовци, скопско се срушиле скали и двајцата паднале од височина и се здобиле со повреди. М.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 10.03.2023 во Свети Николе од полициски служебници од СВР Штип е лишен од слобода 17 годишен малолетник, по претходна пријава од 37-годишна жена од Свети Николе дека малолетникот извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. На пријавениот малолетник од судија во Основен суд Штип му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

 

 

На 10.03.2023 во 19,20 часот во СВР Битола, А.С.(42) од Битола пријавил дека околу 14,00 часот во угостителски објкет во с.Долно Оризари, битолско, додека бил заедно со неговите познаници Д.Р. од Битола и В.К. од с.Карамани, бил физички нападнат од З.С и Д.С., кои со себе носеле пиштол и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

На 10.03.2023 во СВР Штип е пријавено дека во 13,39 часот во стан во кој заедно живееле на ул. „Борис Кидрич“ во Штип,  Д.З. ја пронашол почината С.З.(61) од Штип. Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за обдукција.

 

На 10.03.2023 во 07.25 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа сопственост на С.А.(87) од кичевското село Другово, настанал пожар. При извршениот увид, доктор од Медицинскиот центар Кичево, во присуство на Јавен обвинител и полициски службеници, утврдил смрт кај С.А., по што, телото е пренесено во Медицинскиот центар во Кичево.

 

На 10/11.03.2023 од 23.00 до 05.00 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале пет возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-1, Струга- 2, Кичево-2). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

 

На 11.03.2023 околу 01,26 година во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа Болница „8-ми Септември“ била донесена А.И.(35) од Скопје без знаци за живот, по што од лекар констатирана е смрт без траги на насилство. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатото лице е предадено на обдукција.

 

На 10.03.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечила нивната штитеничка И.П.(17) од Скопје, која и претходно се оддалечувала и била враќана во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 10.03.2023 во 14.25 часот во Полициско одделение Петровец е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е донесен повреден Р.Т.(48) од Скопје кој појаснил дека во 13.00 часот додека извршувала работни задачи во фирма во с.Марино, скопско, паднал од височина, по што од лекар му биле констатирани тешки  телесни повреди. Полициски служебници излегле на местото на настанот и запознаен е трудов инспектор.

 

На 10.03.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров О.Г.(47) од с.Волково, скопско пријавил дека на 09.03.2023 околу 20.30 часот во с.Волково по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ж.Л. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.03.2023 во 16.15 часот во Полициска станица Битола А.П.(40) од Битола пријавил дека на околу 15.30 часот во обложувалница во Битола бил физички нападнат од А.Р.(33) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.03.2023 во 19,50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачје на Карпош, едно лице со закана одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 во 03.20 часот во ОВР-Прилеп Б.Џ.(40) од Прилеп пријавил дека на 09.03.2023 околу 23.50 часот во Прилеп бил физички нападнат од Е.А.(43) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.03.2023 во 02.00 часот во Полициска станица Битола К.К.(27) од Битола пријавила дека околу 00.10 часот во градскиот парк пред угостителски објект во Битола била физички нападната од Р.А., со кого претходно била во врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.03.2023 во 18.06 часот во СВР Штип Е.Д.(37) од Штип пријавил дека пред бензинска пумпа во Штип бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 во 11,00 часот во ОВР Прилеп, 21 годишна прилепчанка пријавила дека на 09.03.2023 околу 17,00 часот во Прилеп од страна на нејзиниот вонбрачен сопруг М.А. била насилно внесена во патничко моторно возило „голф“, по што тој и Д.А. физички ја нападнале, а употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 10.03.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Струмица З.Ј.(56) од с.Петарлинци пријавил дека околу 10.00 часот пред продавница во с.Петарлинци бил физички нападнат од П.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 во 13.30 часот во Полициска станица Велес Т.Ј.(39) од Велес пријавил дека околу 13.00 часот во Велес по претходно недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од Т.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 околу 15.40 часот во Полициска станица Велес било пријавено дека во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Б.К.(26) од Велес од една страна и М.Ѓ. и О.Ѓ. од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2023 година во 15,20 часот, на улицата ,,Партизанска“ во Охрид, приведен е Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебрца. При преглед во автомобил „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.03.2023 во 12,40 часот, полициски службеници од ОВР Струга, во струшкото село Делогожда, го привеле Ф.А.(26) од истото село врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор.