На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 09.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 3.Б.(29) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.03.2023 околу 21.45 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село. Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
На 10.03.2023 во 00.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 10.03.2023 во 00.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 10.03.2023 во 01.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Н.Ј.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 09.03.2023 во 17.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ц.(25) и В.Ј.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 09.03.2023 околу 21.45 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовски Раковец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 09.03.2023 во 21.45 часот пред казино на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Т.(30) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.03.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во село Лопате, кумановско, била пронајдена граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 158 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување...
СВР Тетово продолжи со сообраќајните контролни активности на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (09.03.2023) од 08.00 до 16.00 часот биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-4 и ГВ-2). Две од возилата (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 3 возила неисправни други уреди и системи (ТЕ-2 и ГВ-1) и 1 возило (ТЕ) други технички недостатоци. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци. При контролата, исто така, откриени се и 3 возачи (ТЕ) кои управувале без возачки дозволи, 2 (ГВ) нерегистрирани возила и 1 возач (ТЕ) кој управувал со важечка забрана за управување. Санкционирани биле и 45 непрописно паркирани возила (ТЕ-38 и ГВ-7), како и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-4). Исто така вчера, од 08.00 до 22.00 часот, спроведена е и акциска контрола за брзина, во која биле санкционирани 25 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-15 и ГВ-10), од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час, како и 18 пречекорувања (ТЕ) на пропишаната брзина во населено место, од кои 1 за повеќе од 50 километри на час. Во контролата биле констатирани и санкционирани и 55 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-54 и ГВ-1).
На 09.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 14 во населено место и 4 надвор од населено место. Санкционирани биле и 62 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 46 за непрописно паркирање.
На 09.03.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, М.Н.(51) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.
На 09.03.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, П.А.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел.
Во текот на овој месец во ОВР Виница, од приватна фирма од Кочани било пријавено дека на земјоделско земјиште во с.Блатец, виничко, кај место викано „Севровица“, кое го користела под долгорочен закуп, бил направен ископ без нивно знаење. Полициски службеници од ОВР Виница заедно со вработени од Археолошки музеј „Теракота“ – Виница извршиле увид на местото и било констатирано дека периодот од ноември 2022 до 16.02.2023 бил вршен ископ со градежна механизација, при што биле забележани оштетувања на предмети за кои, имајќи ја предвид близината на археолошкиот локалитет „Мојмија“, се претпоставува дека се дел од локалитетот и имаат историско и археолошко значење. За настанот биле известени Јавен обвинител и Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) во периодот од 08.00 до 16.00 часот од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 47 возачи. Од нив, седум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило)... Во однос на возилата кај 33 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои осум за неисправни сопирачки, пет поради измината важност на сообраќајната дозвола... За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на прекршоци.
На 09.03.2023 од 08.00 до 16.00 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид евидентирале 31 патничко возило кои биле непрописно паркирани на коловоз, како и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола. Во Дебар, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози.
На 09.03.2023 во 12.03 часот во СВР Штип било пријавено дека во менувачница во Кочани, М.К.(56) од с.Чешиново, општина Чешиново Облешево, за проверка донел повеќе банкноти од 100 австралиски долари, при што вработениот се посомневал дека пет од банкнотите се лажни. Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле банкнотите, а со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2023 во 15.30 часот во СВР Скопје, З.А.(49) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.М.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(38), С.М.(39), И.П.(48), Д.П.(34), Ц.М.(33), Д.Т.(41), сите од Прилеп и Т.Д.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 27.04.2022, пријавените со багер, кој претходно бил пријавен за украден, отишле на археолошкото наоѓалиште во атар на село Горно Село, на место викано „Големи камења“, каде што дел од нив вршеле ископ, а дел од групата чувале стража.
На 09.03.2023 во 14:10 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од Скопје пријавил дека на работното место во основно училиште на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Ф.(40) од Струга, вработен како обезбедување во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.03.2023 во 14.46 часот во СВР Скопје, Ј.М.С.(37) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.(42) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 27.08.2021 пред угостителски објект во село Чегране, гостиварско, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, пријавениот со возило удрил маса поставена пред објектот, сопственост на Ш.Ш., по што се обидел со возилото да го удри и Ш.Ш..
На 09.03.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.С.(43) од Скопје пријавил дека на 06.03.2023 околу 18.00 часот на подрачјето на Бит Пазар неговата малолетна ќерка била физички нападната од четири малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.П.(45) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во шумска полиција, по спроведена акциска контрола на место викано „Беловодица“, во која било одземено патничко возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, наместо да ги повика вработените во подрачното Шумско стопанство „Црн бор“ – Прилеп да го подигнат возилото и дрвата, тој растоварил поголем дел од дрвата, а оставил помал дел. По ова пријавениот го прикачил одземеното возило за службеното возило и го доставил до „Црн бор“ Прилеп, каде го предал со записник, а потоа го извадил акумулаторот од одземеното возило и го земал со себе.
На 08.03.2023 во 09.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Карпош, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Ќ.(25) од село Прдејци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 04.04.2022 околу 22.00 часот на локалниот пат од село Раборци кон село Попчево, струмичко, пријавениот со патничко возило „фолксваген туарег“ превезувал шест мигранти, од кои три малолетни лица, при што бил фатен од полициски службеници.
На 09.03.2023 во 13.40 часот, С.Х.(22) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „11 Септември“ во Кичево нејзината малолетна внука била касната од куче скитник.
На 09.03.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Велес, Ј.Т.(63) од Лозово пријавила дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче скитник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против О.П.(47) од Прилеп, И.Н.(45) и А.Г.(35), двајцата од село Крушеани, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.01.2023 во казино во Битола, пријавените физички нападнале вработен во казиното.