Извадок на дел од дневните настани 09.03.2023

Денеска (09.03.2023) во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово. Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (09.03.2023) околу 01.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.М.(32), В.С.(37) и Д.М.(37), тројцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.03.2023) околу 03.45 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Д.А. од Челопек, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Денеска (09.03.2023) во 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода И.Г.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (09.03.2023) во 01.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода А.К.(37) од Република Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 08.03.2023 околу 20.00 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот О.Ј. од ова село, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе се следи соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила...

На 08.03.2023 во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив 13 на територија на СВР Куманово, 10 на територија на СВР Битола...

На 08.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 14 во населено место и 6 надвор од населено место. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за возач почетник, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.

На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје - Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

На 08.03.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.М.(58) од Скопје пријавила дека ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.

На 08.03.2023 во 14.00 во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Ќ.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.К.(31) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, без согласност, на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа, а дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица.

 

На 08.03.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ш.(30) од с.Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12.10 часот пред соблекувална на фудбалскиот стадион во с.Сингелиќ, пред одигрување на натпревар од втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК Локомотива од Скопје и ФК Беласица од Струмица, тој и неговиот колега од ФК Беласица, Б.Г(32) од Струмица, биле физички нападнати од едно лице. Околу 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(49) од Скопје, член на домашниот клуб, пријавил дека околу 12.15 часот еден од гостинските играчи агресивно се однесувал кон него и го навредувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.03.2023 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 307“, управувано од Н.Д.(42) од Скопје и мотоцикл, управуван од Х.Б.(50) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Сопатничката од мотоциклот, А.Г.(36) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за кои во службен разговор со полициски службеници изјавила дека ги здобила од физички напад, откако се обидела да ги раздвои возачите кои физички се пресметувале. Исто така, Т.С., кој бил на местото, но не бил учесник во незгодата, пријавил дека бил физички нападнат од Х.Б.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (09.03.2023) во 13.05 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(48) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.

 

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи – ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје расчистија две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во февруари 2023. Имено, на 08.03.2023 од слобода бил лишен Љ.А.(20) од с.Батинци, скопско. Тој се сомничи дека на 13.02.2023 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје со употреба на сила од Н.Б.(50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари. Исто така, тој се сомничи дека на 20.02.2023 на бул.„Кочо Рацин“, заедно со В.А.(19) од с.Батинци, со употреба на сила од С.Д.(61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари. Со Љ.А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата. Денеска, во Полициската станица Бит Пазар бил повикан и В.А., со кого, исто така, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.03.2023 во 03.00 часот во СВР Скопје, М.Ц.(39) од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од И.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т.(27) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 12.02.2022 во Неготино, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, од која претходно им овозможил на две лица да ја користат.

 

На 08.03.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје, Љ.Н.Љ.(36) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од Б.А.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.С.(63) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.02.2023, полициски службеници извршиле контрола на возило, управувано од пријавениот и било утврдено дека тој врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

На 08.03.2023 во 22.04 часот во СВР Скопје пријавено било дека на ул.„Студеничанска“ настанал пожар во патничко возило „волво“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Д. од Скопје, кое целосно изгорело. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.03.2023 во 15.50 часот во СВР Скопје, А.С.(67) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на место викано „Крива ливада“ во атар на с.Трубарево, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Р.О. од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 08.03.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(39) и А.И.(46), од една страна и К.Л.(24), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Денеска (09.03.2023) во 00.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.Л.К.(52) од Кралството Холандија, со живеалиште во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.