На 07.03.2023 во 16.55 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (08.03.2023) околу 03.30 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот тетовец М.П.. Тој се сомничи дека од кругот на тетовска фабрика одзел повеќе производи, кои биле пронајдени, одземени и вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2023 околу 11.50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства. Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.
На 06.03.2023 во 01.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Е.Ќ.(40) од Велес. Тој се сомничи дека во периодот од 20.01.2023 до 07.03.2023 со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.03.2023 околу 14.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час над дозволената брзина. Притоа, 79 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.
Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 198 пешаци од кои, 171 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 113 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за непрописно престројување на возила, пет санкции за нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол...
На 07.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 7 надвор од населено место и 6 во населено место. Истиот ден, во времето од 10.00 до 15.00 часот, на територијата на град Штип била спроведена акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Притоа биле санкционирани 29 прекршоци. Санкционирани биле и 29 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 2 нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 17 за непрописно паркирање.
На 07.03.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 33 пешаци кои небезбедно и надвор од обележан печаки премин преминале коловоз (Охрид-07, Струга-21, Кичево-05.) Во Охрид, полициските службеници евидентирале 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на двиќење (пет во населено место и пет надвор од населено место). Против нив се поднесени соодветни платни налози.
На 07.03.2023 во 10.50 часот во СВР Тетово, З.А.(52) од тетовско Орашје пријавил дека во Блок 70 во Тетово бил каснат од куче скитник.
На 07.03.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото. На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 07.03.2023 во 13.20 часот во Полициската станица Центар, Т.Х.(38) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ била касната од куче скитник.
На 07.03.2023 во 12.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Штипска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) од с.Шипковица, тетовско, удрило во пешакот С.Р.(82) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 07.03.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ била касната од куче скитник.
На 07.03.2023 во 17.53 часот во СВР Штип било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Штип била пронајдена марихуана. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја подигнале марихуаната за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.М.(50) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 23.02.2023, полициските службеници го затекнале пријавениот при нелегален такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган.
Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с.Долнени, прилепско, вработени во шумската полиција, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило. Притоа, еден од вработените во шумска полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(35) од кичевското село Зајас, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи“. При претрес во неговиот дом и во патничко возило „мерцедес“, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле куршуми од различен калибар што нелегално ги поседувал.
На 07.03.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено во Медицински центар Кичево со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(46) од Кичево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за градежна фирма на автопатот Кичево –Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево, а за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 07.03.2023 во 20.50 часот на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода З.С.(58) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.03.2023 во 10.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во Итната медицинска помош Македонска Каменица со тешка телесна повреда бил донесен Д.Т. од Македонска Каменица. Според пријавеното, тој со повредата се здобил при извршување на работни задачи во рудник во Македонска Каменица. Увид на местото извршиле екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево и трудов инспектор, а за настанот бил запознаен јавен обвинител.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од село Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.02.2023 во село Доброште пријавените физички нападнале малолетник, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
На 07.03.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во населба Оризари настанал пожар во куќата на С.Л.(53), во која живеела неговата мајка С.Л.(79). Од здобиените повреди при пожарот, С.Л. починала, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.
На 07.03.2023 во 14.25 часот во СВР Скопје, А.Л.(30) од Скопје пријавил дека околу 13.50 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.03.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје, Ф.А.(33) од Скопје пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на Гази Баба, Н.П. со пиштол упатил закани кон него и кон неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.03.2023) околу 04.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Цане Илиоски“ настанал пожар во патнички возила „сеат кордоба“, сопственост на Љ.З.(68) од Прилеп и „БМВ“, сопственост на К.З.(45) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 14-годишник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.01.2023 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал кон еден малолетник, а со остар предмет нападнал друг малолетник од Тетово и му нанел повреда.
На 07.03.2023 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Борис Трајковски“ со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.03.2023 во 14.00 часот пред напуштен објект на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале Б.Д.(83), В.Т.(67), Б.С.(61), В.П.(67), Ц.С.(60.), С.С. (38), А.Д.(55), Б.Б.(66.), В.Ж.(59), Џ.Ј.(51), П.В. (69.), А.У.(56) и М.М. (68) како играат комар на јавно место. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.