На 05.03.2023 во 20.35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 04.03.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско. Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени повеќе производи без документација, а кои ги донел од Косово. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.03.2023 во 14.30 часот на граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(33) од Република Турција затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото што го управувал. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник...
Во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Драчево во Скопје. При контролата санкционирани се 120 возачи, од кои 80 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол...
На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 49 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-26, Кичево-22, Дебар-01). Против нив се поднесени соодветни платни налози.
На 05.03.2023 во 14.35 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.
На 05.03.2023 во 13.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Д.(58) од Скопје пријавил во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.
о текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 158 возачи, од кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило. Санкциониран е едeн возaч поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место, а исто така и едно лице, поради возење под дејство на алкохол, односно при алкотестирање му биле измерени 2.18 промили.
Во периодот од 27.02.2023 до 05.03.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 49 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 05.03.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.М.(23) од с.Драслајца, струшко, пријавил дека на полувреме од кошаркарски натпревар во салата во Градски парк во Скопје, неговиот пријател А.К. бил физички нападнат од неговиот тренер Ф.К., по што Ф.К., Н.Т. и М.Т. физички го нападнале него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од 55.000 денари, но не ја испорачал нарачката.
На 06.03.2023 во 03.30 часот во СВР Скопје, З.В.(58) од Скопје пријавил дека на 05.03.2023 околу 22.00 часот, во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од Д.С., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.01.2023 во 02.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти (18 лица од Конго, 1 лице од Камерун и 1 лице од Авганистан). Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2023 во 14.30 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода И.Ј.(25) од с.Брест, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.