Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 05.03.2023

На 04.03.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 16.35 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16.00 часот одзел повеќе предмети од продажен објект на бул.„Борис Трајковски“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 15.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.А.(39) од Кичево. Тој се сомничи дека од фирма од Кичево, каде што работел, одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 19.45 часот на паркинг на регионалниот пат с.Маврово-с.Ниќифорово, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Т.(40) и М.Т.(40), двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое биле и кај нив, кај А.Т. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и шише исполнето со течност. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.03.2023 во 23.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.03.2023 во 01.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода С.Д.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.03.2023 во 02.05 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.03.2023 во 03.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода И.В.(20) и М.И.(19), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај М.И. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.03.2023 во 12.00 часот на подрачје на Полициското одделение Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(36) од с.Сопиште, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземена бела грутчеста и бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.03.2023 во 00.25 часот на ул.„4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Ш.(22) и И.М.(21), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај И.М. биле пронајдени и одземени таблети. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Во текот на изминатата вечер (04\05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата било констатирано дека 20 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани. Од нив 14 на територија на Битола, четири во Прилеп и двајца во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 22 останати прекршоци.

Во акциска контрола спроведена ноќеска (05.03.2023), околу 00.10 часот во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот тетовец В.Н. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. Во друг угостителски објект на излезот од Тетово, во 01.30 часот биле приведени И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација, а во угостителски објект на улица „ЈНА" во Тетово, околу 00.20 часот, бил приведен 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир. Во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Република Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина.

На 04.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ж.К.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Трповски“ била касната од куче скитник.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.К.(34) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 24.02.2023 на „Братство Единство“ во дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

На 04.03.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле О.О.(32) од Република Турција затоа што непријавено престојувал на подрачјето. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, К.С.(51) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Б.(59) и Б.Е.(52), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.05.2022 на локалниот пат Тетово – с.Сараќино во полициски службеници ги забележале пријавените, кои биле со патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, како на Д.О. од с.Радуша му даваат ќеса со кокаин, која била одземена.

На 04.03.2023 во 14.35 часот во Полициската станица Карпош, Т.В.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ бил каснат од куче скитник.

Ноќеска (05.03.2023) во Тетово и околината полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за гранични работи и миграции, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет , Единицата за службени кучиња и СВР Тетово во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти и казина. При контролата, во угостителски објект во с.Жеровјане, општина Боговиње, биле затекнати 13 вработени странски државјанки без соодветни документи, еден гостин странски државјанин со нерегулиран престој и две лица како обезбедување без лиценца за обезбедување. Во угостителски објект на излезот од Тетово биле приведени И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација. Во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара" во Тетово бил приведен 37-годишниот тетовец В.Н., кој се однесувал агресивно кон полициски службеници додека преземале службени дејствија. Додека, во угостителски објект на улица „ЈНА" во Тетово бил приведен 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир. Во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Република Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина. Против сите лица, кои направиле прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави. При контролата, исто така, од УЈП, ДПИ и ДИТ во повеќе објекти биле констатирани повеќе неправилности за што од нивна страна биле изречени соодветни санкции.

Денеска (05.03.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони. По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.К.(27) од Чашка, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На ул.„Вардарска“ во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 407“, кое го управувал пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Р.(42) од с.Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“. Тој, во октовмри 2022 во атар на с.Галате, општина Врапчиште, на место викано „Градиште“, во негова парцела изградил бетонски ѕид без да поседува соодветна дозвола од надлежен орган, што било констатирано при инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Врапчиште.

Во текот на изминатата вечер (04/05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 60 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово... За време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на прекршоци.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Е.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.08.2021 на паркингот пред угостителски објект, пријавениот овозможил на друго лице во неговото патничко возило да користи кокаин, кој бил пронајден при преглед на возилото.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Р.(48) од с.Шишево, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавениот, во март 2021 година набавил фалсификуван ПЦР тест за Квид 19 со негативен резултат на негово име и на 20.03.2021 го употребил како вистински на Граничен премин Табановце при излез од државата.

На 05.03.2023 во 03.00 часот во казино во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Б.М.(32) од с.Сопот, кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.03.2023 во 02.15 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.А.(33) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.03.2023 во 05.20 часот во СВР Скопје, Ј.П.(21) од Кавадарци пријавил дека околу 00.40 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација од Тафталиџе кон Кисела Вода, бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.03.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Неготино, Б.Ј.(39) од с.Тремник, неготинско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 23.00 часот бил физички нападнат од Д.С., Р.П., Д.П. и Л.Б., сите од с.Тремник. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

На 04.03.2023 во 11.35 часот во СВР Битола, М.Ј.(47) од с.Дедебалци, општина Могила, пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник.
На 05.03.2023 во 02.10 часот во СВР Струмица, Г.М.(37) од Струмица пријавил дека околу 00.10 часот пред угостителски објект на ул.„Благој Мучето“ во Струмица, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.Т. од с.Пиперево, струмичко. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.03.2023 во СВР Тетово било пријавено дека во 11.19 часот на наплатна станица Желино, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди. А.К. и А.К. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2023 околу 22.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на ул.„Св.Ѓорѓи Кратовски“ настанал пожар во патничко возило „шкода ромстер“ во движење, управувано од Д.А.(39) од Кочани. Пожарот го изгаснал возачот Д.А., а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 04.03.2022 во 14.15 часот во СВР Битола – Полициско одделение Велушина, С.М.(56) од с.Лажец, битолско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 04.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од нас.Илинден. Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди. Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско. Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 04.03.2023 во 09.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата. Според пријавеното, околу 00.30 часот, пред неговиот двор паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 04.03.2023 во 01.47 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 01.20 часот, М.С., кого го познавала од претходно, ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.03.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје, М.П.(74) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(67) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 04.03.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Прилеп, Н.Ј.(39) од Прилеп пријавила дека на ул„Мечкин Камен“ била касната од куче скитник.