Извадок на дел од дневните настани 04.03.2023

На 03.03.2023 во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 во с.Петровец, скопско. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од с.Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во с.Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 01.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.Ѓ.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.03.2023 во 21.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.03.2023 во 14.20 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.03.2023 во 02.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле А.Г.(19), Г.Н.(21) и М.М.Д.(20), сите од Штип, затоа што при преглед кај нив, кај А.Г. била проанјдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.03.2023 во 13.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Т.(35) од Штип затоа што при преглед во возилото „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик поради возење без лиценца и 42 сообраќајни прекршоци. Упатени на вонреден технички преглед се три возила.

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со континуираните контроли на брзината со која се движат возилата во поширокиот Полошки регион. Вчера (03.03.2023) во периодот од 08.00 до 20.00 часот беше реализирана уште една од серијата контроли, во која беа откриени и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-11 и ГВ-6) надвор од населено место. Едно од пречекорувањата (ТЕ) било за повеќе од 70 километри на час. Во акциската контрола санкционирани се и 8 (ТЕ) надминувања на пропишаната брзина во населено место за 50 километри на час. Во рамките на контролата констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 73 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-34).

На 03.03.2023 во периодот од 09.00 до 13.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 17 технички неисправни возила (ТЕ-8 и ГВ-9). Сите имале неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани се 6 возачи без возачки дозволи, 1(ТЕ) со важечка забрана за управување и 1(ТЕ) кој не извршил технички преглед на возилото што го управувал. Покрај ова, санкционирани се и 42 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-4).

Во СВР Скопје било пријавено дека на 02.03.2023 околу 17.45 часот на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во М.И.Ф.(62), по што го напуштило местото. Во несреќата М.И.Ф. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во приватна болница во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Аеродром, О.Т.(42) од с.Љубанци, скопско, пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 30.08.2022 во с.Орман, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и возилото кое го управувал, а во кое биле затекнати уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 03.03.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Г.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(19) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Д.М.(35) од с. Лабунипшта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозоможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.12.2022 на ул. „4 Јули“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат пунто“, кое го управувал Д.М., при што во возилото и кај сопатникот Н.М. била пронајдена и одземена марихуана.

На 03.03.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Прилеп, Г.М.(60) од Прилеп пријавила дека на ул„Л.Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник.

Денеска (04.03.2023), врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на лицата С.А., М.А., М.А. и А.А. во с.Љубодраг, кумановско. При претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање на метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа. Исто така, при претресот, од страна на Инспекторатот за животна средина бил изготвен записник за констатирана состојба за управување со отпад. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.03.2023 во 00.40 часот на ул.„Ангел Димовски“ Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Х.М.(34) од с.Врановци, гостиварско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и поради сомнение дека во јуни 2021 година на подрачје на Центар се самозадоволувал пред женско лице од Скопје. Во полициска станица, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.05.2022, полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.А.(51) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. На 26.02.2023 на Граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил меѓународен зелен картон за осигурување за кој по извршена проверка било утврдено дека е фалсификуван.

На 04.03.2023 околу 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.И.(24) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Закон за оружје.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Ј.(38) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Штип, во текот на август 2022 година набавил хероин и го препакувал во помали пакувања заради продажба. На 18.08.2022 бил забележан од затворските чувари како во корпа за отпадоци остава хероин, кој подоцна бил пронајден.

На 03.03.2023 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.П.(37) од Неготино затоа што околу 18.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга и ѝ се заканил со остар предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.03.2023 во 08.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентен центар во Гостивар со повреда бил донесен Б.М.(25) од Гостивар. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека работел на куќа во населба ,,6 Зона“ во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип со повреда бил донесен М.З.(18) од Кратово. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Пробиштип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2023 во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Б.В.(36) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го привеле Д.Ј.(21) од Кичево затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.03.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, А.С.О.(27) од РепубликаТурција пријавил дека на 02.03.2022 околу 03.00 часот во угостителски објект на ул.„50-та Дивизија“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во 21.30 часот во дворот од сопствената куќа во село Арачиново, скопско, Е.Р.(19) бил физички нападнат од Б.А., Б.А. и Б.С.. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(41) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.04.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка од руско производство калибар 16мм .

На 03.03.2023 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Ф.У.(40) од Скопје пријавила дека околу 10.25 часот на работното место во фирма во трговски центар на ул.„Кеј 13 Ноември“ била физички нападната од Б.П.. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 17.15 часот во СВР Скопје, М.А.(37) од Скопје пријавил дека околу 14.50 часот на ул.„23 Октомври“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Февруарски Поход“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Д.(42) од с.Стајковци, скопско и Д.Д.(50) од Скопје, при што З.Д. употребил и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митре Влаот“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ј.(46) и И.А.(67), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, И.П.(58) од с.Орман, скопско, пријавила дека околу 10.30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека во 09.52 часот во село Сопиште, скопско, во фабрика за производство на муниција, вработениот Д.А.(69) од Скопје се здобил со повреди додека ракувал со воздушна пушка. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.03.2023 во 03.25 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека настанал пожар на товарно возило „фолксваген кеди” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и паркирано во кругот на фирмата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 03.03.2023 во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода А.Б.(22) од Берово затоа што се обидел да изврши обљуба врз малолетничка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2023 во 04.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект во трговски центар на подрачје на Аеродром, две лица со закана кон вработените одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица, кои имале пиштол и остар предмет, влегле преку незаклучена врата во домот на Ј.А.(69) и му побарале пари, по што физички ја нападнале неговата сопруга Ј.Ќ.(63), а откако не нашле пари го напуштиле домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.03.2023, Ј.Т.(45) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, З.А.(46) од Кичево пријавил дека во близина на РЕК Осломеј бил каснат од куче скитник.

На 03.03.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Делчево, К.В.(53) од с.Разловци, делчевско, пријавил дека во Делчево бил каснат од куче скитник.